Мојот најголем страв кога станав мајка беше дека толку многу ќе се посветам на бебето, што ќе ги занемарам моите работни обврски.
Дури бев подготвена и да си дадам една подолга пауза од работење во случај да не можам сè да постигнам.
На мое големо изненадување, се случи токму спротивното. Мајчинството ми помогна да го извадам на површина потенцијалот што долго време тлеел во мене. ✨
Ова е само една од придобивките што ги искусив.
На почеток, морам да напоменам дека иако мајчинството може да ни донесе или да ни подобри голем број на вештини, овие квалитети не се ексклузивни за мајките, а луѓето без деца исто така можат да ги поседуваат.
Твојата вредност на работа не се определува само според твојот родителски статус, туку според твоите уникатни вештини, искуства и придонеси.
Еве уште 10 начини како мајчинството ми помогна да бидам подобар вработен:
Да бидеш мајка значи дека треба да ја совладaш вештината за управување со времето. Ако претходно сметав дека одлично си го менаџирам времето, мајчинството ми покажа колку сум била во заблуда.
Сепак, уште од првиот ден кога ќе добиете бебе, сакале или не, вашиот мозок почнува двојно поинтензивно да работи при поставување приоритети на денот, организирање на обврските околу бебето и ефективно трошење на секоја минута од денот.
Никогаш нема да ви биде досадно, верувајте.
Како резултат, имаш зголемена продуктивност и ефикасност што можеш да ги аплицираш на работното место.
Станав експерт во мулти-таскингот, бидејќи сакала или не морав да се занимавам со повеќе задачи истовремено: хранење бебе и враќање на мејлови, заспивање на бебе и состанок на Zoom, ручање и тешење бебе, итн.
Оваа способност за жонглирање со неколку активности одеднаш само ја покажува нашата способност да работиме со повеќе проекти или задачи истовремено.
Се изненадив како мајчинството често ми поставува неочекувани предизвици што бараат брзо мислење и ефикасно решавање на проблеми.
Токму овие вештини ги аплицирам и при работните обврски во наоѓање на креативни решенија за комплексни проблеми.
Ништо не бара толку големо трпение и приспособливост на ситуацијата како растењето деца. Секој ден се соочуваш со најразлични тантруми, препреки, неуспеси и тешки ситуации што никогаш не ти паднале на ум дека може да се случат.
Овие квалитети дефинитивно ми служат за справување со стресни ситуации и тензични атмосфери.
Ако порано јас сум била во фокусот на мојот свет, сега се сврти топката. Преку ноќ станав посветена кон потребите на бебето, развивајќи длабока емпатија за неговите потреби.
Сега сфаќам колку овие квалитети можат да допринесат за подобра тимска работа, ефикасна комуникација и подобри односи со колеги и клиенти.
Идентификувањето на приоритетите на денот и фокус на најважните задачи е моето ново секојдневие. Ова е период кога не ти треба многу време (а и го немаш баш на располагање) да трошиш време на неважни задачи.
Времето е луксуз, а поставувањето на вистинските приоритети е неопходно за благосостојба на нашите деца.
Оваа способност може да се пренесе на работното место, каде што ние како мајки можеме да бидеме подобри во идентификување и фокусирање на најважните задачи, што ќе резултира со поголема продуктивност и постигнување на целите.
Колку и да не си вешта во решавање конфликти, верувај ќе станеш. Мајките сакале или не, неопходно е да ја развијат вештината за решавање конфликти и кризни ситуации.
На овој начин, преку пример ги учиме децата како да комуницираат ефикасно и да најдат заедничко решение.
Овие вештини за решавање конфликти можат да се применат на работното место при смирување на стресни ситуации и изградба на хармонични односи меѓу колегите.
Нега и стимулација на бебето, водење на домаќинството, водење на бизнис и неколку проекти истовремено бараат извонредни организациски вештини, нели?
Ќе станеш експерт во планирање, координирање и одржување на редот што позитивно ќе се одрази во ефикасна координација на повеќе проекти истовремено.
Мајчинството ми ја засили посветеноста и мотивацијата. Ми даде нов фокус и волја да успеам. Ми ја избистри големата слика кон која целам и ги нареди приоритетите и активностите за да стигнам до неа.
Сега сфаќам колку секоја минута мир и тишина во денот е драгоцена. Повеќе го вреднувам моето слободно време бидејќи знам колку е лимитирано.
It takes a village to raise a child.
Делумно се согласувам со тоа. Детето има потреба од поголем број на личности околу него за полека да ја стекне вештината на социјализација.
Како мајки, ние го координираме распоредот кои луѓе, кога и колку ќе се дружат со детето, особено во неговите првите неколку месеци од живот.
При создавањето на тој арсенал од луѓе покрај кои ќе расте бебето, драстично се продлабочуваат меѓучовечките односи бидејќи имате иста цел – благосостојба на детето.
© 2023 Created with love