Што велат мајки од заедницата за платформата?
Можам да продолжам да пишувам со денови и пак нема доволно да го доловам притисокот и осудите со коишто ние мајките мораме секојдневно да се носиме. Затоа бев пресреќна кога видов дека Данче дошла до ваква генијална идеја да создаде едно 'ќоше' за нас мајките и жени на коишто воопшто не ни е лесно. Сега конечно имаме наше место каде што ќе можеме да зборуваме отворено за предизвиците кои што ги носат мајчинството и работата.
Со споделување на најразлични гледишта и искуства, платформата може да прерасне во заедница, со поддршка и совети за сите, катче каде може да се разменуваат мислења, и каде се разработуваат теми за кои не се зборува јавно, особено за мајки кои работат како фриленсери, па темите како платено породилно отсуство се уште табу тема.
Платформата значително ми влијае на самодовербата, дека не сум само јас и дека сите мајки-кралици се соочуваат со исти или слични предизвици. А тоа верувајте е огромен чекор напред во општество кое се уште делумно живее во стигма и партријархат.
Да се воспостави баланс помеѓу мајчинството и кариерата е огромен предизвик кој го знае секоја мајка. Треба да се зборува многу на оваа тема. Оваа платформа е непроценлива и верувам дека ќе се развие на многу повисоко ниво. Секоја чест! Ја имате мојата поддршка во секој сегмент!















