Working Mom на Неделата - Викторија Аврамоска

Викторија Аврамоска е личност што досега 2 пати се нашла во ситуација да треба да избира помеѓу работа и децата. Но изборот секогаш бил истиот – децата. 👀

За да не ѝ се повторува повеќе ова сценарио, таа решила да си најде флексибилна работа што ќе ѝ го даде она што долго време го барала –  здрав баланс меѓу професионалиот и приватниот живот.

Како Наставник по Англиски јазик, Content writer и Copywriter, таа научила дека треба да си го цени своето време, за да може да го вложи во своите приоритети.

„Избрав професија т.е. професии што имаат флексибилно работно време, односно не се со 8-часа фиксно работно време. Моментално работам како Наставник по Англиски јазик во јазичен центар во мојот град, каде што работам помалку од 20 часа неделно. Паралелно, работам и како Content Writer со 1-2 клиенти што не ми одзема многу време. И овде немам фиксни работни часови. Претходно, кога работев full-time како Content Writer за повеќе компании, секогаш работев од дома и со флексибилно работно време. Иако некогаш работев и по 10 часа на ден, не го чувствував тоа поради флексибилностa што ми ја носеше работното место”.

Самата за себе вели дека се бори со недостаток на организираност и прокрастинација.

Затоа, најголемиот предизвик со којшто се соочува, е како да ги заврши сите обврски дома и на работа во рок од 24 часа. ⌛

„Не сум најорганизираната личност на светот, морам да признаам. Но, ми помагаат to-do листа закачена за фрижидерот и мултитаскинг. Кога работев работа од 9 до 5 надвор од дома, навистина ми беше тешко. Па, тоа го надоместував со многу гушкање и поминување време со децата. Денес, имам среќа што работам работа што не е со полно работно време. Таа флексибилност ми дава слобода добро да се организирам кога ќе работам, а кога ќе бидам со децата”.

Викторија смета дека не секој работодавец има капацитет да разбере што значи да се биде мајка и кои предизвици ги носи мајчинството со себе. 😔

„За жал, не секој работодавец (па дури и блиски роднини) разбираат што значи да се биде мајка (родител). Заморот, непроспиените ноќи, константните грижи за децата, обврски во домот се секојдневие. Со еден збор – мајките се преоптеретени. Се надевам дека тоа што ние мајките го споделуваме на платформата Working Mom, како и блоговите поврзани со родителството, ќе допрат до работодавачите, но и ќе им помогнат и на сите сегашни и идни мајки да се подготват за она што следува или да научат нешто ново. А работодавците, се надевам, ќе имаат повеќе разбирање за мајките и ќе најдат начин да им помогнат и да ги поддржат кога тоа ќе им биде најмногу потребно”. 🫴

Нејзиниот сопруг и мајка ѝ се нејзината најголема поддршка.

Токму и најдобриот кариерен совет пред да има деца го добила од мајка ѝ: „Тешко е, ама ќе успееш. Сите сме поминале низ истото!” 🚀

Aко може да даде еден совет до сите идни мајки, тоа би бил следниов: