Моите 4 time management практики за успешно балансирање на кариерата и мајчинството

Пред да станам мајка, се изнаслушнав многу вистини и невистини околу мајчинството. 👀

Најголемата вистина беше дека твојот живот ќе се промени. И навистина сè се промени. Повеќе немав опција да одберам дали ќе сакам да го променам текот на својот живот или не. 

Јас, искрено, бев најголем противник околу тоа да прифатам одредени правила, како на пример дека 24/7 ќе сум фокусирана само кон потребите на моето бебе. Но, откако се роди, немав ниту желба да биде поинаку.

Додека бев на породилно, решив целосно да се насочам кон тоа да поминувам подолго време со моето бебе, затоа што искрено сметам дека во првите месеци од животот навистина сме му најпотребни на нашето малечко. 

Па така, мојата амбициозност и кариера беа ставени на stand-by. 🤱

Благодарение на тоа што работам во ИТ компанија со хибриден режим на работа, многу повеќе време поминував работејќи од дома. 

Во првите месеци откако се вратив на работа, постојано работев од дома. Тоа ми беше од огромно значење, затоа што немаше ненадејни промени за бебето. 

Иако времето поминато заедно ни беше редуцирано, јас постојано бев покрај него. Во моментите кога плачеше – јас бев таму да го утешам. 🫴

Сега веќе сум во фаза кога, по една ипол година од раѓањето на моето дете, успешно го менаџирам слободното време со работните обврски. Слободно можам да кажам дека сега веќе наоѓам време за сè, од прошетки со детето, дружење со пријателите, па сè до учење, итн. 

Периодов, моето слободно време е насочено кон изучување на Scrum методологија и полагање сертификат за Scrum Master, што ќе ми овозможи кариерен развој на работното место.

Секако, помошта што ја добивам од сопругот и од моите родители е клучна и само така успевам да балансирам на повеќе полиња.

Оние коишто ме познаваат, знаат дека сум личност со добра организација и добар план за завршување на обврските. На тој начин, успевам да стигнам секаде и да ги завршам сите обврски. 

Мојот time management се базира на следниве 4 постулати: 

📅 Time tracking

Постојано запишувам забелешки во мојот мобилен телефон. Колку и да звучи комплицирано или како екстра обврска, во мојот календар имам потсетник за сите активности што треба да се завршат секој ден во тековниот месец. 

Без разлика дали станува збор за состанок на работа, па се до договарање кафе со другарка, секогаш практикувам сè да запишувам, затоа што не може сè да се запамти.

🎯 To – do листа со приоритети

Кога ги пополнувам деновите во календар со потсетници за обврските што треба да се завршат, многу често ми се случува поклопување на термините. Попладне, слободното време најчесто ми започнува во 17 часот и согласно обврските со мало дете, ми трае се до 20 часот. 

Во текот на овие 3 часа слободно време, би требало да се организирам да стигнам секаде и да го остварам сето тоа што сум го испланирала за тој ден. Но, најчесто излегуваат непланирани ситуации, па неопходно е да се направи приоретизација на обврските.

🤸‍♀️ Добра организација 

Според мене, ова е најважната активност во целокупното наше живеење. 

Кога си мајка којашто работи 8 часа во денот, попладне сака да оди на шопинг, има закажано термин во козметички салон, или договорено излегување со пријатели – дефинитивно ти треба добра организација за да може да стигнеш секаде.

⚠️ Одложување на обврските не е решение

Многу често слушам родители што велат дека им е полесно да останат дома и да ги одложат сите обврски, наместо да се потрудат да се организираат и да стигнат секаде. 

Секако дека помошта која што ја имам од родителите и од сопругот е незаменлива. Колку и да ти се чини невозможно, има многу ситуации и дневни активности во коишто можеш да го вклучиш детето – а тоа ќе биде пресреќно.

Не е страшно доколку за време на состанок си сама со твоето дете. Не е ниту страшно и да презакажеш состанок затоа што нема кој да ти го чува детето и не можеш да се справиш со ситуацијата. Едноставно, треба да ја менаџираш ситуацијата зависно од моментот.

Мој совет до сите идни мајки, коишто меѓу другото, сакаат да напредуваат во кариерата е следниов: ⬇️

Tреба да ја прифатите промената што ја носи мајчинството, не само во секојдневието, туку и на работното место. Kолку порано се навикнете на новиот начин на живот, толку полесно ќе биде! 

И најважно од сè е дека мајчинството е најубавиот дел од животот. Затоа треба да се прифати во целост и да се ужива. Токму мајчинството ќе ни даде сила да ги оствариме сите поставени цели во иднина. 🚀

 

Aвтор: Ирена Нелковска