Невидлива храброст пред секојдневните предизвици на самохрана мајка

Мајчинство, 10 букви, а еден тон тежина. 

Можеби еден од најтешките предизвици со кои што сум се соочила во својот живот е токму мајчинството. 🤱

Како самохрана мајка, имав период кога ме проголта општествениот апетит на луѓето кои што секојдневно се хранеа со прашања од типот:

💔 „И како сега ќе продолжиш понатаму?”

💔 „Лесно е да си заминеш, ај сега да те видам дали ти е лесно да си и мајка и татко на тоа дете?!” 

 

Еве веќе 6 години го градам својот пат со љубов, стравови и сила што не се гледаат на прв поглед.

Тоа што ова општество воопшто не им помага на самохраните родители е исто така маратон на 100км со пречки што го трчаме секој ден. 

 

Секој ден е нов предизвик:

✔️Времето ти е луксуз

✔️Финансиски стрес

✔️Емоционална истрошеност

✔️Осуда

✔️Чувство дека никогаш нема да е доволно

 

И да, тешко е. Но секој ден кога ќе станеш и ќе продолжиш – тоа е победа.

Не мораме да бидеме совршени. Не мораме секогаш да бидеме силни.

Доволно е што сме тука. Што сакаме. Што се обидуваме.

И кога ќе ти стане премногу – сети се: Не си сама!

Ние сме многу. 

И чекор по чекор, ден по ден – се носиме. 

За себе. За нив. 

И тоа е повеќе од доволно! ❤️

 

Автор: Симона Ѓорѓиевска