Working Mom на Неделата: Сандра Бинов

Како да успееш да ги вметнеш сите обврски во твојата агенда? Како да бидеш прво мајка, сопруга, ќерка, сестра, пријател и вработена, истовремено да постигнеш сѐ, а притоа имаш само 24 часа во денот? 👀

Ова е легитимен предизвик со којшто секоја мајка денес се соочува. Сандра Бинов решението го гледа во паметно организирање на денот и станување најдоцна во 6 часот наутро.

„Би сакала денот да ми започне малку порано, додека Јаков сѐ уште спие. Мислам дека доколку успеам денот да го започнам до 06:00 најдоцна, во тој случај ќе успеам да завршам многу задачи пред да почнам со утринските состаноци или состаноците за тој работен ден. Секако, ова не секогаш зависи само од мене. 😀 Искуството ми покажало дека и во моменти на совршена организираност, ќе се случи некоја непредвидена ситуација која што ќе го измести текот на настаните. Регресија во спиењето кај децата е real thing Доколку забележам повторување во однесувањето од негова страна (една недела), ќе си речам, супер! Можам од утре да вметнат активност плус, или пак, да се посветам на некој поголем проект што бара повеќе време (независно дали е тоа нешто во домот, како сортирање на облека од зимска во летна, или пак работна обврска која што сум ја пролонгирала одредено време, а за која сметам дека треба максимална и повеќе-часовна посветеност). Веќе наредниот ден имате тотално променето однесување (дремките се 20-30 минути макс), или пак изминатата ноќ не сте ја поминале баш најдобро, што автоматски – помалку сон ве става во категорија на помала енергија и продуктивност”.

Грижата на совест дека нема да поминува квалитетно време со своето бебе било единственото нешто што ѝ се моткало низ глава во времето кога продолжила да работи, а била штотуку породена.

„Знаете, во првите месеци со бебе – тоа е толку мало и во најголемиот дел од денот спие – што вие имате време на претек, би рекла. 😂 Поради ова и се одлучив дека ќе се посветам на работата како и до тогаш. Потоа почнав да чувствувам огромно чувство на вина и се плашев дека времето ќе помине, а јас нема доволно да уживам со моето бебе. Не можете да го вратите времето, сите ќе кажат – а јас сакав да бидам на повеќе фронтови. Затоа, одлучив дека во моменти кога Јаков е буден, ќе му посветувам внимание само нему. Не можам со него да работам пред компјутер нормално, но затоа го земам сега веќе секаде со мене каде што можам, додека извршувам домашни работи. Пример, пазаруваме заедно – тој ужива надвор, па ќе го ставам во количка и одиме надвор, каде попатно ќе испазариме и работи за дома. Додека ја средувам кујната од сабајле и си подготвувам кафе, тој е во неговото столче до мене и ме гледа со огромна љубопитност (претходно кога беше помал, во релаксатор). Местиме кревет заедно, средуваме низ дома заедно… Поради тоа сум многу среќна – успевам да го вклучам во сѐ што можам и притоа му правам да му биде забавно, да ужива во моето внимание (и јас во неговото) и да се чувствува сигурно! Неговите дремки се резервирани за мои состаноци и завршување одредени таскови. Така компензирам и не се чувствувам повеќе виновно дека детето расте без мое внимание или целосна присутност”.

Динамичната околина во која работиме и брзорастечките индустрии се најголемите предизвици за мајките и татковците во една компанија, смета таа.

Како дел од заедницата на глобалните layoffs во tech индустријата и активен барател на работа, освен обврските околу детето, имам еден цел дополнителен процес од спремање кратки биографии, интервјуа, технички задачи и многу друго.

Треба да бидеш постојано спремен и будно да ги следиш промените на работното место, а притоа да бидеш присутен родител и родител којшто многу веројатно ќе треба да поминува и одредено време на боледување поради настинато дете, на пример. 

„Јас сум среќна што клиентите со коишто соработувам се крајно supportive и насочени кон изнаоѓање на соодветни практики кои би нѐ поддржале нас како родители. Но, бидејќи имам работено и во компанија без стратегија за поддршка – би го сменила начинот на кој што работодавачите гледаат на нас родителите (особено ние со сѐ уште мали деца). Би го променила mindset-от и начинот на размислување. Мајките и татковците кои тукушто станале родители, во денешно време, верувајте се трудат 3x пати повеќе од претходно, или од оние без такви животни обврски. Уверени сме дека сакаме да го задржиме угледот на примерен и вреден работник како и до тогаш – но во исто време и да се посветиме дома на болното дете кое фатило сезонски грип/вирус од градинка. Доколку користиме боледување поради децата, не значи дека “бегаме“ од работа или пак дека помалку квалитетно ќе си ги извршиме зададените работни задачи. Е за жал тоа е некое генерално уверување што владее во бизнис климата на нашите простори”. 😔

Преку можност за работа од дома и флексибилно работно време, компаниите можат да им помогнат на своите колеги и колешки родители да ја добијат поддршката и флексибилноста што им е потребна.

„Дефинитивно, една од добрите работи со кои резултираше пост-пандемијата е remote working или работа од дома. Некогаш немаме можност детето да го однесеме во градинка, а уште помалку имаме слободен родител (баба/дедо) кој што може да го чува детето во зададен момент. Па, како добар пример би послужил овој на work from home, тимско делегирање на некои топ приоритетни задачи што мора да се извршат веднаш доколку ние како родители не сме во можност да ги завршиме во истиот момент, или пак преземање/ присуствување на дел од состаноците што многу често знаат да бидат исцрпувачки и долги”.

Сандра долг временски период била во потрага по совршена алатка што ќе ја вметне во својот екосистем на работа и ќе ја синхронизира низ сите уреди што ги користи.

„Се сметам за крајно организирана личност. Сите мои обврски и задачи мора да бидат запишани на една to-do листа која подоцна ја распределувам по денови и приоритети. За мене, обврските и задачите кои што се со зададен рок на исполнување (и чие време на исполнување се наближува), доаѓаат на прво место. Понатаму, природата на задачите од аспект на нивна важност – исто така доаѓаат меѓу први на листата. Потоа, од таа листа на задачи поставувам цели за исполнување, односно – многу често се предизвикувам да завршам што е можно повеќе за помалку време”.

Таа е свесна дека колку и да правиме планови и програми за работа, сепак кога си со мало човече коешто целосно зависи од тебе и поготово ако работиш од дома, честопати плановите паѓаат во вода. 💯

„Во недела правам план и програма за работа (за следната недела) каде што вклучувам секојдневни активности поврзани со извршување на домашните обврски и работните задачи. Секако, не секогаш успевам да се придржувам во целост до планот. Зошто? Со дете е многу тешко да кажеме денеска ќе завршам се од предвиденото! Баш тој ден, Јаков ќе сака да поминува повеќе време во раце кај мене, да шетаме надвор бидејќи тоа го смирува, или пак ќе го бара моето внимание повеќе од претходно. Тоа се фази што поминуваат и не се пракса (барем кај нас) но, нема да лажам дека ги нема! Доколку ми е делегирана задача која што мора итно да се заврши – знам да побарам помош од сопругот да го чува Јаков, за да ја завршам што е можно побрзо. Е тогаш се исклучувам од сѐ и се фокусирам максимално”.

Викендот е време за семејството и најблиските! Ова е императив според кој Сандра се води за да се осигура дека ќе поминува квалитетно време со своите најмили.

„Со дете, не може баш да поминувате само два дена во неделата со него, нормално! Посебно не кога имате мало човече кое е зависно од вас секоја минутка во денот (и ноќта 😂) Па си зададов цел, моето работно време е во моментите кога Јаков спие, или пак се шета надвор со бабите и дедовците. За среќа, сега е така бидејќи клиентот со кого што работам ја знае мојата ситуација и е многу supportive. За кратко, кога ќе се вратам со целосно работно време, тоа ќе се промени. Тогаш верувам дека поголемиот дел од денот ќе го поминува во градинка.

Сопругот Коста е нејзината најголема поддршка којшто ѝ помага да биде успешна на секое поле. ❤️

„Ако треба да издвојам само една личност – тогаш тоа е Коста, мојот сопруг, несомнено. Бидејќи двајцата сме вработени во компании со хибриден модел на работа и со поголем дел – работа од дома. Тој е првиот човек кај кого се обраќам за помош или совет. Не можам, а да не ги споменам и родителите од двете страни, моите и неговите, кои секојдневно се поддршка на најразличен начин за да јас (сега веќе како нова мајка) би стигнала до поставените цели и успешност!”

За да биде среќна и исполнета мајка, Сандра не прави компромис кога станува збор за времето за себе, како единствено нешто што е само нејзино и во коешто ужива максимално.

„Тоа е одредено време во неделата (или денот) кога јас се фокусирам само на себе. Учам, се надградувам, читам, истражувам на теми што ме интересираат мене само, гледам YouTube видеа за работи кои мене ми се огромна пасија и ред други работи. На овој начин полнам батерии, се мотивирам повеќе на бизнис план и се чувствувам многу исполнето”. 

Таа ги охрабрува родителите исклучиво да се потпираат на својот интуитивен пристап кон децата, да се фокусираат единствено на уникатноста на сопственото дете, пред да почнат неговото однесување да го бараат/пребаруваат (или споредуваат) во книгите или на социјалните медиуми. 

А ова се луѓе и ресурси што ја инспирираат:

Sleeping-schedule-от од @drgoodnight.mk. 

Животниот стил на @dragana_fitlife и @elenabubalo – особено нивниот пристап кон децата, во насока на нивна инклузивност во секојдневието и обврски на родителите.

✅Подкастите на Indra Nooyi (CEO на PepsiCo) која е сѐ во едно – сопруга-мајка-бизнис жена. Обожавам да го слушам и читам нејзиниот животен пат како жена која поради општествената стигма, мора (и сака) да биде активна на секое поле. 

✅Советите од @danijelaostojic.psiholog која умешно знае да ми го задржи вниманието при објаснување на одредени фази во животот на децата во функционални и нефункционални бракови, како да се справиме со одредени ситуации, бидејќи секогаш најголемиот акцент паѓа на нашите деца. Тие доаѓаат на прво место. 

✅ Серијата Maid на Netflix како приказ за жена што детерминирано успеала да ги надмине сите препреки за да си ги исполни своите цели за подобар живот за себе и нејзиното дете.