8 работи (поврзани со кариерата) што посакував да ги знаев пред да останам бремена

1️⃣ Да не одбивам after-work покани од колегите за дружба, бидејќи кога си родител не можеш секогаш да си го дозволиш тој луксуз на екстра време поминато во социјализација.

2️⃣ Да одам на што е можно поголем број на обуки за надополнување или стекнување нови вештини.

kariera-bremenost

3️⃣ Да прифаќам што поголем број на проекти за кои сум соодветен фит со цел да соберам што повеќе финансии за периодот кога нема да можам толку многу да ѝ се посветам на кариерата. 

4️⃣ Ако имам избор да работам од дома или да одам во канцеларија, да бирам почесто одење во канцеларија. Иако работата од дома делува како работа од соништата, сепак изолацијата и намалената социјализација негативно се одразува врз менталното и физичкото здравје.

5️⃣ Да посетувам поголем број на настани и да се вмрежувам со различни профили на луѓе.

6️⃣ Да се распрашам кои се компаниските практики кога ќе им соопштам на работодавците дека сум бремена.

7️⃣ Наместо да претпоставувам како ќе биде, да се поврзам со други бремени жени за да го слушнам нивното искуство од прва рака за тоа како функционираат на работното место кога се бремени или кога имаат бебе.

8️⃣ Да го разработам својот бизнис до таа точка што ќе може да функционира без мене, или со мала асистенција од мене.