Зар не би било идеално бременоста да ја поминеш во пижами, испружена на твојот кревет и со компјутерот пред тебе, а мачето под твоите нозе? 🐱
Зар не би било одлично да можеш да си дремнуваш кога и да ти се присака? Да си каснеш нешто секогаш кога и да ти се отвори апетитот? За 2 секунди да стигнеш во тоалетот при мачнини?
Вака некако изгледаше работењето од дома во мојата бременост. Меѓутоа, не беше се така розово.
Работењето од дома има мнооогу добри страни, но и голем број на недостатоци што директно се одразија на моето ментално здравје.
Еве ги заклучоците до кои дојдов: ⬇️
✅ Можеш да си дремнеш кога и да сакаш (имаш нереално огромна потреба за спиење).
✅ Логистички полесно справување со мачнините и честото мокрење.
✅ Пристап до здрава исхрана и домашно зготвени јадења.
✅ Можеш цел ден да си седиш дома во удобна (широка) облека.
✅ Можеш цел ден да работиш од твојот кревет.
✅ Заштеда на пари за превоз, дотерување, храна, пијачки после работа.
⚠️ Недостаток на социјализација кога не си опкружен со луѓе (туку само со својата мачка). Ги одбројуваш часовите додека партнерот да се врати дома или деновите до следната дружба со другарките бидејќи ти е навистина досадно.
⚠️ Изолираноста од надворешниот свет се одразува на расположението што веќе и онака е под импакт од твоите хормони, а постојаната грижа дали сè ќе биде во ред со бременоста само ја прави изолацијата уште потешка.
⚠️ Едноставно, досадно ти е, колку и да имаш работа.
✅ Опкружена си со луѓе, ќе научиш нешто ново, ќе добиеш некој совет за бременоста, мајчинството.
✅ Споделување на убава, колективна енергија што ќе те натера да заборавиш на предизвиците што ги носи бременоста.
✅ Ќе уживаш во грижата на твоите колеги кон тебе.
⚠️ Не си во можност да си дремнеш кога ќе ти се приспие.
⚠️ Справувањето со мачнини и зачестено мокрење во заеднички тоалет за цела компанија знае да биде навистина непријатно.
⚠️ Заморно е да патуваш секој ден, особено кога си при крајот на бременоста.
⚠️ Не си во можност да си ги испружиш нозете што неминовно страдаат поради тежината на плодот.
⚠️ Не можеш да уживаш како порано во компаниските журки бидејќи внимаваш да не се мешаш во гужви и секако, забраната за алкохол и одреден број на прехранбени намирници.
⚠️ Ризик од изложеност на цигари за време на паузи што негативно се одразува врз плодот.
Да речеме дека сум повторно бремена и треба одново да бирам дали да седам дома или да работам од канцеларија. Во тој случај, би избрала некој хибриден модел.
Ако веќе морам да изберам само еден од горенаведените модели, тоа дефинитивно би било работењето од дома.
Причината е едноставна – придобивките за здравјето на мајката и бебето кога си заштитен од надворешните фактори се неспоредливи.👶
© 2023 Created with love