Working Mom на Неделата: Оливера Трајковска

Креативна, полна со позитивна енергија и секогаш подготвена за акција. Жена со нежен, а сепак моќен глас што прави промени во општеството. 💪

Оливера Трајковска од Куманово која работи како Офицер за односи со јавност е одличен пример за тоа како една мајка може да го има најдоброто од двата света – свесно мајчинство и кариерна експанзија.

olivera- trajkovska

„Она што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре!” Ова е најдобриот кариерен совет што го добила пред да има деца.

„Треба да се постави граница помеѓу професионалниот и приватниот живот. Во спротивно, или мајчинството ќе биде неквалитетно, или кариерата ќе трпи”. 

Стратегиите што Оливера ги користи за да го менаџира своето време се подготовка на месечен план на работа, поставување на приоритети и неделен распоред на семејни обврски.

„Не е важно колку време ќе поминете со вашите деца, важно е да биде квалитетно. Она што треба постојано да им го давате се безусловната љубов и поддршка. Скапите подароци не можат да ја заменат љубовта. Читањето сказни, вашата прегратка и насмевка ќе ги паметат цел живот, играчката може да се скрши или да се купи нова. Децата чувствуваат. Не сте свесни, но чувствуваат кога сте тажни и ве гледаат со очињата барајќи од вас одговор. Колку и да ви е тешко, немојте пред нив да покажете, ќе ги загрижите. Смејте се, играјте со нив, кога се тинејџери излезете на кафе или на концерт со нив. Разберете го нивниот бес, тага и среќа и бидете со нив кога им е најпотребно. Бидете им поддршка и суптилно учажете им на грешките и опасностите”.

Она што Оливера би го променила во своето досегашно искуство како working mom се следниве нешта:

➡️ Да си дадам повеќе време за одмор, квалитетен одмор. 

➡️ Да не ја оставам омилената книга затоа што работата мора да биде сработена во истиот момент.

➡️ Да поминам барем половина час сама со себе, да си ги средам мислите и за кратко време да имам чувство на целосна слобода.

„Кога ќе заглавам со работни обврски не чувствувам вина. И јас и децата знаеме дека некогаш мора да биде така. Што се однесува до грижата, мајката во ниту еден момент не престанува да се грижи за децата. Додека работи на извештајот или е замината на патување, постојано ќе се прашува: дали јаделе, дали заборавиле нешто за на училиште, дали безбедно стигнале дома, дали ги завршиле обврските, дали навреме отишле на спиење, дали денот им бил добар или лош….”

Дел од кариерната експанзија е и носењето на тешки одлуки.

„Пред пет години добив понуда за тригодишен работен ангажман во Лозана, Швајцарија. Истата година имав двонеделна посета на Швајцарија и буквално се заљубив. Бев импресионирана од убавините, начинот на кој функционира државата, мирот и безбедноста кој ти ги нуди самата држава. Но, мојот работен ангажман значеше дека јас ќе одам во Швајцарија, а моето семејство ќе остане во Македонија и повремено ќе ме посетува. Тоа и беше животната можност да се остварам себеси и да заминам од Македонија, но не можев да ја замислам разделбата со моите деца. На крајот, одлуката беше јасна. Останувам овде и продолжувам, затоа што моите деца не би биле целосни без мене, како и јас самата”.

Нејзина најголема поддршка е мајка ѝ, а книгите се местото од каде што црпи знаење, сила и мотивација. 📚

„Иако сум присутна на социјалните мрежи и интернет воопшто, гледам филмови кога времето ми дозволува, сепак јас советите ги црпам од книгите. Искрено, без да ми замерат, не ги сакам инстант мотивациските книги и портали со илјада и еден совет. Сакам книги и платформи кои се занимаваат со суштината на постоењето. Книги кои би ги препорачала се „Човекот и неговиот идентитет“ и „За љубовта“ од Владета Јеротиќ. Во втората книга највпечатливо ми е кога вели: „Зошто на луѓето им е тешко да сакаат?“. Од платформите, дефинитивно ќе ја препорачам твојата платформа „Working mоm“ која допрва стартува и ќе биде една од најчитаните, бидејќи знам дека длабински и професионално им пристапуваш на работите”.

Нејзината дефиниција за успех е семејната среќа надополнета со работен ангажман кој го сакаш. 

„Не можам да знам што ќе донесе животот, тој едноставно е непредвидлив. Конкретен пример ми е дека од пред осум месеци сум дел од граѓанско движење со политички индиции, а никогаш не сум размислувала за таков ангажман. Верувам дека за десет години ќе се видам себеси на местото на кое сакам да бидам, ќе направам промена во општеството и ќе ги видам своите деца среќни. Секако, се надевам дека ќе ги издадам третата и четвртата книга кои се во ракопис”.🚀

Оливера е личност која што преку личен пример ја крева свеста за мајчинството, зашто смета дека мајчинството само по себе е предизвик. 

„Една мајка во еден ист ден може да се соочи со стотина предизвици. Една мајка може да има постпородилна депресија, да стане асоцијална, да стане воркохолик и да го занемари мајчинството… Свеста за мајчинството ќе направи промена во општеството од типот, не е недозволено или срамно да го однесеш доенчето со себе на одбрана на дипломски труд или на работна средба ако нема кој да го причува. Некогаш мајките се соочуваат токму со вакви предизвици и време е тоа да се менува”. 🙌

Ова е најдобриот совет што Оливера би им го дала на сите идни мајки:

working-mom-olivera