Од Working Mom до Wonder Woman: Како се прилагодив на животот во Македонија и зошто хибридното работно време е клучот за успехот на современите мајки

Потекнувам од семејство каде што жените секогаш работеле. Па затоа, темата Working Moms ми е одлично позната и истата ја имам доживеано не само како вработена мајка, туку и како дете, внука, и правнука на жени, коишто секогаш работеле од сабајле до вечер. 

Како и моите баби, дедовци и родители, и јас пораснав во градинка, а во тек на летниот распуст најчесто седев дома сама со помалиот брат. Сега, и јас самата како мајка, можам да разберам низ што точно поминувале. 🫴

Ана-Панис

Бесмислено е да се набројуваат предизвиците со кои се соочува една вработена мајка. Тешко е да бидеш вработена и во исто време да му пружиш соодветна грижа и да му бидеш посветена на своето дете, особено во ова време и општество.

Со пандемијата многу работи се сменија во нашиот вообичаен живот. И јас не сум исклучок. 

Со пандемијата, мојот статус на Working Mom се смени во single/divorced Working Mom. 

Мора да потенцирам, ова не е тажна приказна. Сите се среќни и исполнети, иако мојата нова семејна состојба ми донесе дополнителни предизвици во секојдневието, но со тоа и многу убавини.

Во 2016 се омажив и се преселив во татковината на мојот бивш сопруг – Македонија. 

Не би можела да кажам дека тешко се адаптирав. Сепак на 26 години, зборував веќе 5 јазици, па 6-тиот не ми беше толку тешко да го научам. 🙌

Прозборев на македонски јазик без специјални курсеви и обуки уште во првите 2 месеци, а првото работно место како инструктор за деловен англиски јазик го најдов после само еден месец во Македонија.  

По 5 години брак, се разделивме со сопругот, но сакајќи ќерка ми да расте покрај двајцата родители, иако не сме заедно, решив да останам и да си ја градам иднината заедно со Лореданна во Македонија. 

Дали ми беше тешко да направам ваква одлука? Не. 

Најтешко ми беше да прифатам дека мојот живот нема да тече така како што си го замислив, кога се преселив тука во Македонија. 

Пред скоро 8 години не ни можев да помислам, дека ќе изберам да останам тука со моето дете, комплетно сама, без родители и роднини, странец без никаква социјална помош и без свој кров над глава.

Разбрав една работа – промените нè плашат само додека чувствуваме дека тие доаѓаат, но кога тие се веќе тука, тогаш не се страшни. Напротив, тие се сè поголем  импулс за да се движиш напред, да носиш нови одлуки и нови промени.  🚀

Јас, не само што ја прифатив промената, туку сама ја направив, поради тоа што верувам, дека ние самите си ја градиме судбината и среќата доаѓа одвнатре. А кога си смирен и исполнет, тогаш било кој хаос однадвор не може да има трајно влијание на твојот живот. 

Најважно е да се слушаш себеси, да бидеш во мир и разбирање со себе. Тогаш секој предизвик или промена станува шанса за подобрување и надградување. 

Во последно време сè повеќе се зборува на тема предизвици со кои се соочуваат вработените мајки. Денеска би сакала да посветам внимание на друга таканаречена социјална група – single Working Moms. 🤱

Еднаш ми падна во очи статија, каде нас самохраните мајки нè сметаат за жртвите на општеството. Никогаш не сум се почуствувала како жртва. 

Нашето општество уште тешко прифаќа дека жена МОЖЕ да се грижи сама за себеси и своето дете без сопруг, и во реалноста добив многу силна поддршка од моите другарки, од исто вработени мајки, среќни во своето семејство и брак. 

Една работа за што сум и благодарна на оваа земја е за пријателствата на кои наидов тука. 

Запознав прекрасни, храбри, силни и најдобри жени, другарки, коишто се спремни да ми пружат помош и да ме поддржат во секое време. Гледајки ги нив, разбираш дека не постои на светот ништо невозможно за една жена. ❤️

Ако за време на пандемијата имав потреба од социјализација и ми стана досадно да работам од дома, сега, откако мојата ќерка стана прваче и е потребно да ѝ се посвети повеќе внимание и време, сфатив колку е ефикасен моделот на хибридно работно време.

Затоа сметам дека оваа тема е исклучително важна за секој работодавец, особено, кога станува збор за single Working Moms. 

Најчесто, овие мајки навистина немат никаква поддршка и помош, или како мене, тука немаат друго семејство освен самото дете, па наједноставната обврска како земање дете од градинка/ училиште станува голем стрес и огромен предизвик. 

За жал, сè уште во многу компании, хибридното работно време не е опција.

Почнувајки од моето семејство и гледајќи се себеси и други вработени мајки, морам да кажам дека нашето секојдневие е исполнето со предизвици кои додаваат стрес и анксиозност во нашиот живот. 

За жал, понекогаш е многу тешко да уживаш во мајчинството кога ти горат роковите на работа, дома ти е катастрофа од сите страни, а општеството ти додава притисок со осудување дека не посветуваш доволно време и внимание на детето, дека мора да вежбаш и да готвиш здраво, и сè да биде чисто и средено. 👀

Со жонглирањето со работата, домот и децата, а и потребата да се посвети време на сопствениот развој и добросостојба, жената е изложена на високо ниво на стрес. Мое мислење е дека хибридното и флексибилно работно време е тоа што ни недостига на голем дел од нас – вработените мајки.

Вработените мајки имаат одлично развиени организациски и комуникациски вештини, тие се мултитаскинг, трпеливи, толерантни и се најдобрите тимски соработници. 

Поради тоа верувам дека најдобрите работници и вистинскиот мотор (perpetuum mobile) на една компанија се Working Moms. 

Жената која се справува со нејзините обврски како мајка, и во исто време си ги исполнува своите обврски на работното место и дома, таа е вистинската хероина – Wonder Woman на денешницата. 🦸‍♀️

Затоа хибридно/флексибилно работно време за вработените мајки е одлично решение за било која организација, доколку работните обврски можат слободно да се вршат од дома. 

Со овој модел, ниту една компанија нема да изгуби, туку напротив, ќе добие уште полојални и поефикасни вработени, особено во лицето на вработените мајки.

Тешко е да бидеш вработена мајка. Уште потешко е кога си самохрана вработена мајка. 

Воопшто, најтешката работа на светот е да бидеш мајка, поради тоа што ние мајките сме тие кои ја држат иднината во своите раце – децата. 

И да не заборавиме, успешни луѓе се родени од успешни мајки. 

Најважно е да не заборавиш каде се движиш, што сакаш и зошто ти е потребно тоа. 

Оди чекор по чекор, и не се разочарувај, иако понекогаш ќе изгледа дека се движиш назад. 👣

Aвтор: Анна Ѓорѓиевски