Working Mom на Неделата - Нена Димовска Костадинова

Да се биде дел од новата генерација на Working Moms значи да се биде посветен родител, но и личност што смело им пристапува на работните предизвици и умешно ја гради својата кариерна приказна (со детето во рака). 🤱

Нена Димовска Костадинова ни покажува дека една мајка може да успее и на 2та фронта – кога работи да биде 100% фокусирана на работата, а кога е дома – 100% на семејството.

Како Head of People Success, Нена има поставено цврсти темели врз кои ги потпира своите кариерни потфати:

✅ Инвестирај во своето образование, вештини и искуство. 

✅ Гради значајни професионални врски. 

✅ Не се фиксирај на непосредни финансиски придобивки – тие ќе дојдат. Наместо тоа, концентрирај се на растот на кариера и трасирање на патот за идни успеси.

✅ Постави си јасни цели, побарај менторство и преземај предизвикувачки работи. 

✅ Континуирано учење, прилагодување на разни средини и да се биде отворен за учење, додека се развиваат приоритетите.

✅ Future proof your career, да се биде во тек со трендови и технологии во својата област.

Таа вели дека нејзината тајна за балансирање на мајчинството и кариерата лежи пред сè во добрата организација на времето, одржување искрена, транспарентна комуникација со компанијата и градење систем за поддршка што го сочинуваат нејзиното семејство и пријателите. 

„Поставување приоритет на задачи/обврски, делегирање одговорности кога е можно и поставување јасни граници со цел да обезбедам квалитетно време и за семејството и за работата. Кога работам сум 100% фокусирана на работата, а кога сум дома 100% на семејството. Се обидувам да минимизирам мултитаскинг и да бидам комплетно фокусирана на квалитетно време и на двата фронта. Клучни елементи се и можноста за флексибилност што ми ја дава компанијата како и немање страв да побарам помош”.

Токму таа е личност што ни покажува дека е храбар чекор да се побара помош кога ти е тоа потребно, дали од својот тим или сопругот – нејзината најголема поддршка и рамо за плачење. ❤️

„Се потсетувам дека секоја работа носи предизвици и се обидувам да ги прифатам како такви. Пробувам да правам кратки паузи, да си го разбистрам умот и да се префокусирам. Понекогаш наоѓам утеха во мали победи, кои во моментот ме расположуваат. Не се плашам да побарам помош од тимот или од мојот менаџер. Се обидувам да одржувам една здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот”.

Стратегиите со коишто Нена успева да го менаџира својот распоред и обврски се следниве:

„Приоритизирање на задачи, креирање распоред односно одвојување време за одредени активности/состаноци со планер и дигитални алатки, минимизирње на активности што би ми го одвлекле фокусот, односно научив да кажам НЕ. 💪 Големите задачи/проекти ги делам на помали делови. Понекогаш употребувам продолжена “помодоро техника” односно блокирам по 45/50 минути непрекинато фокусирано работење проследени со 5-10 минути пауза. Експериментирам со распоредот и начинот на работа со цел да бидам што поефикасна”.

За да помине квалитетно време и да изградам цврст однос со своето дете без да ги занемари работните обврски, Нена се води од овие 7 тактики:

1.Поставувам јасни граници помеѓу времето што го поминувам на работа и со семејството, за да се осигурам дека вниманието ми е целосно посветено на детето кога сум со него.

2.Во распоредот си издвојувам специфични временски слотови за работни и семејни активности, за полесно да одржувам рамнотежа помеѓу двете полиња.

3.Давам приоритет на клучни, значајни работни задачи и кога можам – делегирам. 

4.Имам флексибилност на работното место, односно работам во хибриден модел.

5.Се фокусирам на квалитетот, а не на должината на времето што го поминувам со моето дете.

6.Кога сум со детето, избегнувам да проверувам мејл, телефон или да имам видео-состаноци. Минимизирам  секакви дистракции за целосно да му се посветам нему.

7.Имам искрена, отворена комуникација со мојот претпоставен околу семејните обврски. Навистина сум среќна што имам разбирање од компанијата за сите непредвидени обрски кои ги носи мајчинството.

Таа смета дека кревањето на свеста за недоволно дискутираните теми поврзани со мајчинството е од клучно значење бидејќи тоа промовира инклузивност, поддршка и empowerment на сите (идни) мајки кои работат. 🚀

„Платформа како Working Mom може да биде безбеден простор за отворен дијалог, споделување на различни искуства и нудење вредни информации, што би помогнало да се скршат стигмите, да се зборува на табу-теми  и на долги патеки, да се изгради поразбирливо и посочувствително општество”.

Најдобриот совет што Нена би го дала на сите идни мајки гласи вака: