Кога ќе се реализираш како мајка, сите околу тебе почнуваат да те гледаат низ таа призма. Твоето име се заменува со „мама“, твојот календар се полни со обврски поврзани со детето, а твојот личен простор – физички, емоционален и ментален – се намалува.
Но, дали тоа значи дека жената што си била пред да станеш мајка, веќе не постои?🤔
⭐Не! Јас не сум само мајка.
⭐Јас сум и жена.
⭐Јас сум сопруга, ќерка, пријателка, професионалец, сонувач.
И сето тоа е дел од мене.
Мајчинството ми е најбитната улога во животот, но јас имав живот и пред да станам мајка.
Природно е кога се остваруваме како родители, во одреден период како да имаме чувство дека си го губиме идентитетот.
Затоа е битно да останеме свесни дека и другите аспекти на личноста ни се подеднакво важни.
Жена што се грижи за себе, што продолжува да се развива, што не се плаши да сонува и покрај грижата за своето чедо – е жена што дава пример на своето дете како изгледа здрава, исполнета и реализирана личност.
Како дипломирана социјална работничка која во континуитет се надградува и како жена која се труди да остане активна на повеќе полиња, често се соочувам со прашања од типот:
„Како успеваш сè да постигнеш?“ или „Не ти е тешко?“
Одговорот е: „Да, многу е тешко, но вреди!”
Моето образование не е бегство од мајчинството – тоа е начин да останам поврзана со себе, да придонесам за моето семејство на еден подлабок начин, да покажам на мојата ќерка дека учењето и личниот развој се вредности што траат за цел живот.
Да бидеш мајка е благослов. Но да останеш верна на себе – тоа е подарок што си го даваш и на себе и на твоите деца.
🌿Да си мајка – не значи да се изгубиш себеси.
🌿Не заборавај која си била пред мајчинството.
🌿Дај си дозвола за личен простор.
🌿Учиш = вложуваш во себе и во иднината на детето.
🌿Прифати дека е тешко – и тоа е во ред.
🌿Биди нежна кон себе. Биди горда на секоја улога што ја живееш.
Автор: Ивана Илиев
© 2023 Created with love