„Ништо не е за џабе или, сè се брои! Секоја дополнително прочитана реченица, нов сертификат или диплома, повисоко ниво на едукација, час дополнителна работа или различно работно искуство, еден ден ќе ти се исплати и ќе биде само скалило плус кон остварување на крајната цел”. 🎯
Ова е мотото што ѝ помогнало на Наташа Недановска да биде она што е денес – успешен HR Manager, но и посветена мајка којашто води според пример.
„Мојата “тајна” за балансирање на мајчинството и кариерата најчесто е многу видива на моето лице и воопшто не е тајна а, тоа е – минимално спиење. 😄 Сепак, на крајот од денот, тоа е избор што го носам самата. Тоа е и резултат на огромната пасија што ја чувствувам кон мојата работа и стремежот да бидам присутна секаде и секој да добие дел од мене. Би рекла дека сè се сведува на поставување приоритети, а мојот примарен приоритет е токму семејството”.
Благодарение на флексибилните работни часови, таа вели дека многу ретко “заглавува на работа”.
„Сепак, постојат денови кога работам подолго од предвиденото. Во тие моменти го имам сопругот за да “ме покрие”. Моите деца посетуваат градинка. Кога ќе си дојдат дома, па сè додека не заспијат, целосно сум им посветена ним. Секако, не дозволувам да заспијат без да бидам покрај нив, затоа што сè уште се многу мали. Борјана има 2 ипол години, а Ведран има 1 година и 4 месеци. Викендите се без исклучоци резервирани за семејството, а децата се вклучени во сите активности. Практикувам да бидеме надвор од дома и да правиме интересни работи заедно. Се трудам да им дадам доволно простор да бидат свои, да истражуваат и да учат за себе, а јас и мојот сопруг да ги надгледуваме”.
Нејзината најголема поддршка е нејзината мајка, за којашто вели дека е човекот којшто секогаш верува во неа, дури и кога тоа за неа изгледа невозможно.
Најголемиот предизвик со кој Наташа се соочила како working mom е недостигот на трпение. 😅
„Трпението беше и сè уште е мојот најголем предизвик. Благодарение на моите деца учам како да бидам личност којашто ќе брои до 10 (ха, ха, ха, ха)”.
Ресурси што ги препорачува за сите working moms се предавањата и книгите на доктор Ранко Рајович.
„Практикувам да читам онлајн артикли, но не сакам да навлегувам во ниедна тема премногу длабоко. Верувам дека секоја мајка има индивидуални визии, цели и преференции. Токму поради тоа, се обидувам да го земам професионалното мислење во предвид но, секогаш појдовна точка е моето искуство и интуицијата. Сепак, постои еден професионалец којшто би сакала да го споменам. За доктор Ранко Рајович случајно слушнав на телевизија и бев воодушевена од едноставните, но професионални совети што ги споделуваше за правилен развој на нашите деца. Тој има напишано неколку книги и често зборува на теми за деца и нивниот правилен развој. Топло го препорачувам”.
Наташа е личност којашто секогаш дозволува животот да ја изнесе на правиот пат, верувајќи дека сè е онака како што треба да биде.
„Убедена сум дека новите мајки (мајките на денешницата) се свесни за повеќето предизвици што мајчинството ги носи со себе. Денешните мајки се супер-жени коишто се одлични во многу работи, вклучувајќи ги и оние нешта за коишто нашите мајки и баби порано не беа свесни”. 🦸♀️
Ова е најдобриот совет што Наташа би го дала на сите идни мајки:
© 2023 Created with love