Раѓањето дете има моќ да го извади најдоброто од тебе. Тоа те мотивира да водиш според пример, да бидеш трудољубива, упорна и да се стремиш кон здрав начин на живот. 🚀
Моника Костовска Томашевска којашто работи како Регрутер е пример за посветена мајка и врвен професионалец, за кој својата ќерка е дополнителна мотивација да стане својата најдобра верзија.
Најдобриот кариерен совет што сум го добила пред да имам деца, е да го вклопам детето во мојот начин на живот. Ова важи исто приватно, колку и професионално. Детето може да биде дел од секој состанок, интервју и настан. Kолку порано ќе се вклучи во тоа, толку ќе ја почувствува цврстината на врската со мене како мајка, но и важноста на себе-актуализацијата. До сега, кај нас, оваа стратегија функционира совршено. 🙌
Како мајка, навистина ѝ е важно да има слобода во работењето, флексибилно работно место и простор за квалитетно време поминато со саканите.
Една работа што би ја променила во моето досегашно искуство како Working Mom е форсирањето да имам повеќе слободно време. Слободното време не значи време на одмор. Некогаш и завршените обврски значат ментален одмор. Поминав 10 години од кариерата дефинирајќи работно место што ќе ми даде целосна слобода, каква што ќе уживам во моментот. Тоа ми даде ефикасност и успешност како во бременоста, така и сега, но и слобода на умот во уживање на тие процеси. Сè уште се немам соочено со грижа на совест ако заглавам на работа, бидејќи претходните години ги поминав учејќи да ги балансирам баш таквите заглавувања.
Моника смета дека активностите треба да бидат уживање, а не обврска, и затоа внимателно ги дефинира своите приоритети со цел ефикасно користење на времето.
Фактот дека бебето не е толку зависно колку што мислиме дека е (може да помине време лежејќи на кревет и гледајќи во слики, или во релаксатор), ни дава слобода за вршење на активностите што бараат слободни раце. Исто, многу ми помага кога препознавам дека се форсирам за некоја активност. Како секогаш во животот, така и сега, времето за читање, вежбање, медитирање и слично, си доаѓа спонтано, само од себе. Активностите треба да бидат уживање, а не обврска. 💡
Најголемиот предизвик со кој Моника се соочила како Working Mom, е усогласување на доенечкиот процес, кој на почеток ѝ одземал многу време и ѝ создавал фрустрација во обидот да ги заврши сите обврски. За среќа, тоа брзо се регулирало, а фрустрациите се надминале. 🤰
Бременоста и мајчинството се осамени процеси, полни со несигурност. Секое споделување и создавање на врсничка мрежа и поддршка е од голем значење за сите сегашни и идни родители. Ресурси што ги препорачувам за сите Working Moms се работа на себе со професионалци соодветни за предизвикот со кој се соочувате како психотерапевти, медицински лица, консултанти, кариерни советници, итн.
Нејзиниот сопруг е нејзината најголема поддршка и десна рака за да ѝ помогне добро да го избалансира времето и да се ослободи од чувството на вина и имагинарната идеа за идеална мајка. 🦸
Ова е најдобриот совет што би го дала на сите идни мајки:
© 2023 Created with love