Working Mom на Неделата: Мери Вуксановиќ

Во родителувањето не постојат грешки. Тоа се само шанси за да научиме важни лекции, иако на прв поглед воопшто не делуваат така. 💡

Мери Вуксановиќ ни е пример дека како родители, секогаш ќе правиме голем број на обиди и грешки трудејќи се да бидеме најдобрите родители на своето дете.

„Еден од клучните предизвици што ги имам искусено на своја кожа е балансирањето помеѓу кариерата и одгледувањето на децата. Недостатокот на време и чувството на расцепеност меѓу работните и семејните обврски може да бидат многу тешки. Ако посветуваш повеќе време на работата, тоа неминовно ќе ти донесе успех, но за сметка на тоа – ќе трпи семејниот живот. Затоа, задржувањето на здрави граници помеѓу различните области на животот е клучно, како и прифаќање на фактот дека не можеме секогаш да бидеме совршени и дека помагањето и поддржувањето од другите е навистина важно”.

Со одговорна професија како адвокат, таа вели дека совршена формула за успешно менаџирање на времето – не постои! 👀

„Мојата професија ми дозволува да имам флексибилно работно време, а тоа некогаш значи и – работа од дома. Но, иако се трудам да не ја носам работата дома и работните обврски да ги завршувам во канцеларија или на терен, секогаш постои исклучок (но тоа е многу ретко). Се трудам да ја поставам таа граница ментално – кога влегувам дома, да се исклучам од работата и целосно да си го посветам времето за семејството. Секако, се случува и во тоа време да се појави ситуација што ќе ме ангажира професионално. Но, гледам да не ми одзема многу време. Затоа, закажувам состаноци исклучиво во работно време, па на тој начин поставувам граници со клиентите за моите работни часови. Сметам дека многу е важен одморот. Се обидувам редовно да си земам време за себе, да се одморам психофизички за да можам да бидам енергична, фокусирана во времето наменето за семејството или работата. Се трудам да се хранам здраво, да имам поголема физичка активност и да се гледам со пријателите.”

Таа смета дека нефлексибилното работното време е токму најголемиот предизвик за мајките и татковците во една компанија.

„Во некои компании работното време започнува и завршува релативно доцна, па времето преостанато за семејството е прекратко во текот на една работна недела. Раководителите/надлежните во компаниите би требало да имаат обѕир особено кон родителите со мали деца, затоа што патот до градење на имунитет на децата е навистина една напорна угорница. Како идеја, би предложила на има дневен престој за деца во компаниите каде што работат родителитe. Се надевам и дека преку платформата Working Mom ќе произлезат многу корисни иницијативи и идеи за тоа како да се подобри менаџирањето на времето на вработените родители. А од друга страна, самите работодавачи ќе научат како да ги подобрат условите за работа за да имаат поуспешни и задоволни вработени”.🚀

Нејзиниот “примарен тим” е на првите борбени редови, спремен да помогне секогаш  кога е потребно. 

„Поставувањето цели и приоритети за денот умее да ми биде предизвик. Но, секогаш се трудам претходниот ден во Google Calendar да направам план за денот со приватни и професионални обврски, состаноци, судења – буквално сè што е предвидено за денот. Потоа, поставувам приоритети од сите задачи/обврски што се најважни за дадениот ден и за кои треба да се посвети најголемо внимание. Се трудам исполнувањето на овие обврски да биде во одредена временска рамка. Но, не секогаш таа временска рамка успевам да ја запазам. За среќа, имам поддршка од сопругот, бабите и дедовците кои ги нарекувам мојот примарен тим во однос на обврските за моите 2 мали деца (едното е 1 година а другото е скоро 3 години). Нема совршена формула за успешно менаџирање на времето, но преку обиди и грешки секогаш се учи и се подобруваат методите за организирање на времето”.

Нејзината најголема поддршка е сопругот Петар. ❤️

„Ние сме поставени како тим од двајца со двајца мали практиканти на кои треба да им се покаже како да научат, да се оспособат за живот и работа. Во однос на домашните обврски, двајцата се трудиме да ги извршуваме уредно, без да трпи глаткото функционирање на нашата животна средина. Но, со оглед на тоа дека имаме две мали деца на кои примарно јас сум им потребна и ја бараат мојата емоционална, care-giving support, поддршката што ја добивам од него е во секаква форма која што неминовно е клучна за напредокот во мојот личен и професионален развој. Морам да ги споменам нашите сакани баби и дедовци кои што секогаш со голема љубов се подготвени да придонесат во грижата и чувањето на нашето семејство, а посебно мајка ми која меѓу другото ја исцрпувам барајќи професионални совети и се разбира сестра ми Ива, која низ целиот живот ми била незаменлива поддршка и извор на невиден хумор во потешките ситуации”.

„Мала книга за хиге: Данскиот начин на добро живеење” од Мајк Викинг е нејзина топла препорака не само за родители, туку и за сите луѓе.

А нејзиниот совет до сите родители е следниов: ⬇️