Working Mom на Неделата: Марија Угрова-Ристеска

Колку често даваме изговори како: „Немам време! Многу сум зафатена! Не можам ништо да постигнам!” 🙅‍♀️

Но, притоа не преземаме буквално ништо за да најдеме начин како паметно да си ги менаџираме сите обврски во денот, за да ни остане време за работите што ги сакаме.

Станувањето во 5 часот наутро е “тајната” како Марија Угрова-Ристеска, мајка на 3 деца, добива екстра простор и време за да се организира за денот, да подготви сѐ што е потребно за децата, но и да си посвети тивко време за себе додека сите спијат.

„Мојата стратегија за да поставам здрава граница помеѓу работата и фамилијата е тотален фокус на моментот. Кога си со фамилијата, треба да им бидеш целосно посветена и времето поминато со децата да биде квалитетно. А додека си на работното место, концентрацијата треба да ти биде максимално насочена на работните задачи без да ти одат мислите кон дома. Само на тој начин побрзо и поквалитетно ќе ги завршиш обврските на работа, а потоа ќе можеш да уживаш со своите најмили”. 💡

Таа смета дека иако сите свесно знаеме дека треба да поставиме граница помеѓу работата и семејството, некогаш е голем предизвик да се сконцентрираш на работните обврски, додека паралелно размислуваш што ти прави детето во тој момент.

„За секоја мајка приоритет се децата, а на секој професионалец – работните цели и задачи. На двете полиња треба да си максимално посветен. Eнергијата и љубовта што ги даваат децата е ветер во грб за да успееш на работното место”. 

Со првото дете, грижата на совест што се враќа на работа, таа ја компензирала со купување на повеќе играчки од потребното. 🧸

„Кога го родив моето прво дете и морав да се вратам на работа, чувствував огромна грижа на совест. Го компензирав потсвесно истото со купување на играчки за детето многу повеќе од потребното. Но, по втората и третата бременост и со животното искуство сфаќаш дека ти работиш за нив, за да можеш да им обезбедиш сѐ што им е потребно. Па така, чуството на вина се прелева во чувство на исполнетост”.

Најголем предизвик што Марија го искусила како Working Mom е запишување на постдипломски студии додека нејзиниот син имал само 10 месеци, а таа била вработена со полно работно време.

Сепак, во тие моменти, Марија постојано се потсетувала дека сѐ што прави е за доброто и за овозможување на просперитетна иднина на своето семејство.

„Токму моите 3 деца ми се изворот на сила и енергија за сите животни предизвици. Покрај мене е секогаш и мојот сопруг кој ми е безрезервна поддршка!” ❤️

Ресурси што нејзе навистина ѝ помогнале како родител се:

✅ „Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители“ од Филипа Пери

✅ „Вашето дете и Вие” – група на амерички автори 

Марија се полни со енергија читајќи добра книга и патувајќи.

„Секое спoделено искуство е совет до друг родител, a секоја размена на информација е од голема помош. Ваквите платформи како Working Mom се од непроценливо значење не само на младите мајки, туку и за идните мајки коишто можеби се плашат или се во неизвесност како би се справиле во новата улога”.

А ова е советот што сака сите мајки да го слушнат: