Мања Смиљаноска е одличен пример за тоа дека добра мајка е таа што е среќна и исполнета мајка. 💡
Како мајка на 15-месечно дете, таа ни покажува и колку е важно да останеме свесни и да уживаме во моментите поминати со семејството, дури и кога имаме чувство дека не сме постигнале сè што ни било предвидено за денот.
„Многу е важно да го прифатиме фактот (кога велам ние, мислам на сите мајки) дека ниту еден ден не може да биде ист. Едноставно, има периоди во кои нема да се чувствуваме дека сме постигнале сè. Секогаш ќе има нешто што ќе биде занемарено. Најважно е да останеме свесни и да го прегледаме распоредот што го имаме. Да исфрлиме обврски што не ни се приоритетни во моментот, да се регрупираме и секако – да продолжиме понатаму”.
Како ИТ Инженер, нејзиното 10-годишно кариерно искуство ѝ докажало дека со доволно посветеност, може да се справи со сите предизвици што ќе ѝ се испречат на патот. 🎯
„Мислам дека нема никаква тајна за балансирање на мајчинството и кариерата. Барем тоа го научив во оваа една година како сум мајка. Во разговори со други мајки и воедно кариерно остварени жени, дознав дека сите го делат мислењето дека е навистина е тешко да постигнеш сè на сите животни полиња. Затоа, кога се работи за добивање помош во одговорностите, не се двоумете! Како мајка којашто немала на располагање “село” за чување на детето во секој даден момент, помошта за мене и моето семејство значеше и дополнителен трошок. Но, од оваа перспектива, не зажалив за тоа.”
Најголемиот предизвик со кој Мања се соочила како Working Mom е да се помири со тоа дека не секогаш плановите што си ги прави за денот ќе се реализираат до крај. И тоа е сосема во ред. 👀
„Ми требаше време да се помирам со тоа дека едноставно некогаш работите не одат по план и дека е поважно јас да се чувствувам смирено и добро со самата себеси, за потоа сите околу мене да се океј. Тешко ми е да прифатам дека некогаш не можам да постигнам сè што сум замислила во денот. Но, полека учам дека секоја варијанта е подобра отколку јас да сум преморена и да немам концентрација да бидам со моето дете”.
Нејзината најголема поддршка е нејзиниот сопруг. ❤️
„Се трудам секоја вечер откако ќе го заспијам син ми, да направам план и програма за следниот ден и соодветно да ги поделам обврските со сопругот. Aко некогаш имам повеќе работни обврски, се трудам преостанатото слободно време што го имам на располагање да го поминам во квалитетна игра со мојот син”.
Ресурси што Мања ги препорачувам за сите Working Moms се следниве:
✅ Веб-сајтот Тhe Diary of an honest mom
✅ Ресурсите од Wild + Well-Fed
„Важно е да се даде поддршка на жените коишто ја прават најважната работа на светот – одгледувањето деца. На платформа како што е Working Mom верувам дека ќе придонесеме ниедна жена да не се чувствува осамено во оваа патување наречено мајчинство и да увиди дека и други жени поминуваат низ истите промени”.
Ова е совет што би го дала на сите идни мајки: ⬇️
© 2023 Created with love