Мама Муабет на Екс со Зорица Николовска

💔 Најтешкиот момент во моето мајчинство беше кога…

Прв пат сфатив дека не знам што правам — и дека тоа е сосема ОК.

 

✨ Пресвртна точка во тоа како ја доживувам улогата на мајка беше кога сфатив дека…

Не мора секогаш да давам сè од себе — понекогаш е доволно само да бидам тука за нив. 

Не мора секој ден да биде спектакл или reel како за на Инстаграм, туку дека љубовта живее и во обичните моменти, како играње со коцки или храна на сите страни, можеби и загорен ручек.

 

🕰️ Да можам да го вратам времето, би…

Го забавила. Без проблем би почнала сè од почеток уште со Мартин. Би го држела подолго во раце, наместо да брзам да заспие. 

Би направила повеќе фотографии од обичните моменти. И би уживала во секоја негова фаза — не со страв дека поминува, туку со благодарност за она што ми се случува.

 

☕ Кога сум уморна и преоптоварена, најефикасно ми е да…

Седнам во тишина, дури и ако тоа значи само 5 минути со кафе (и без мобилен).

💡 Најважната лекција што ја научив од моите деца е…

Љубовта е повеќе од само чувство — таа е дејство, трпение и присуство.

 

😨 Мојот најголем страв како мајка е…

Дека не секогаш ќе успеам да ги заштитам од сè.

 

📚 Нешто што би сакала да го знаев пред да станам мајка е…

Стравот ќе биде секогаш присутен, но љубовта ќе биде посилна. И дека понекогаш најдобрата работа што можеш да ја направиш за твоето дете е да бидеш човек, со сите слабости и несовршенства.

 

😥 Најчесто се чувствувам виновна како мајка кога…

Кога не можам да бидам на 2 места истовремено. Пред да се роди Јана, секој момент, секоја насмевка, секоја игра — сè беше насочено само кон Мартин. Одеднаш вниманието мора да се подели, да се распредели помеѓу два света подеднакво, а не секогаш е тоа возможно.

 

💡Најдобриот совет што го добив за мајчинството беше…

Ти си точно таква мајка каква што на твоето дете му треба!

 

🫂 Осаменоста во мајчинството ја надминувам со…

Си давам дозвола да бидам само јас, иако со децата сум постојано. Кај нас дома е таква гужва, што ретко кога човек има време да е осамен. 

Постојано нешто се случува, некому му требаш и некој сака да те гушка или ти треба да го гушнеш за да го утешиш.

 

Автор: Зорица Николовска