Секоја фаза од растењето на детето носи свои предизвици, но најтешко ми е во периодите кога треба да се грижам за сите околу мене, а притоа никој не забележува дека и јас сум уморна и дека и мене ми треба поддршка.
Мајчинството ме научило колку јас сум посилна отколку што сум мислела.
Би си дозволила повеќе да уживам во првите месеци по раѓањето на моето дете. Наместо постојано да бидам под стрес дали сè правам правилно, би била поприсутна во моментите кои денес ми се магливи и недоволно запаметени.
Направам кратка пауза од сè и да си земам 2-3 часа одмор сама за себе….. I am just a girl too… 🥹
Искрената радост најчесто доаѓа од наједноставните моменти.
Дали правам доволно добро за моето дете, дали расте здраво, сигурно и во средина што ѝ носи љубов и правилен развој. Исто така, често се прашувам како ќе ја прифати општеството и дали ќе има среќно, исполнето и убаво детство.
Никој никогаш не е целосно подготвен за мајчинството и дека најмногу се учи низ самото искуство. Постојано се преиспитувам дали правам сè доволно добро, но со време сфатив дека грижата, посветеноста и желбата сè да биде како што треба, веќе значат многу.
Не можам да му го дадам најдоброто од себе на своето дете, затоа што сум исцрпена.
Никој не го познава моето дете подобро од мене, па затоа да си верувам повеќе на инстинктот, а помалку на туѓите мислења.
Искрени разговори со луѓе што ме разбираат, време за себе (кога можам) и потсетување дека не мора сè да носам сама на свој грб.
Автор: Сара Мицеска Зафироски
© 2023 Created with love