Искрено, најтешкиот момент во мајчинството ми беше тоа што требаше да преземам целосна одговорност за својот сопствен живот, да започнам да менувам некои свои обрасци, да вложувам и да работам на себе, но и да нурнувам сѐ подлабоко во мојата внатрешност, бидејќи сѐ што чувствуваме ние внатре автоматски се рефлектира и на нашите деца.
Порано, улогата на мајка ја доживував како жртва, дека треба се да жртвуваме за своите деца, да ги ставиме на страна нашите потреби, рутини, желби и соништа.
Таа улога ми беше една од најтешките. Но, подоцна сфатив дека децата постојано гледаат од нас и дека тие ќе се водат секогаш по нашиот пример.
Па, кога погледнав накај себе, видов дека јас веќе длабоко сум навлезена во таа улога на жртва и дека сум лош пример за моите деца.
Па така, полека започнав да се менувам, да вложувам сѐ повеќе и повеќе во себе, да редам еден куп успеси и да бидам пример за тоа дека може да се постигне сѐ.
Сфатив дека тоа „немаме доволно време” е само изговор и една чиста илузија. Можеме да ги задоволиме нашите потреби, но и потребите на нашите деца во исто време.
Можеме да бидеме и најдобри мајки и сепак да ги живееме нашите соништа и да ги исполниме сите наши желби. Можеме да имаме своја секојдневна рутина само ако знаеме како добро да се организираме по дома.
Хмм.. Да можам да го вратам времето можеби не би се плашела од своите соништа, не би ги гледала децата како пречка, туку како една голема мотивација и поттик.
Најчесто кога сум уморна и преоптоварена, гледам колку што можам повеќе да спијам, бидејќи така си ја враќам својата енергија во целост.
Понекогаш знам да пуштам некој добар филм што ќе ме релакасира. А во оние сезони на хаос, секогаш се прашувам што е тоа што постојано ја исцрпува мојата енергија до крај, а не е нешто што ми е некаков приоритет во животот и така правам селекција на одредени работи и ги отстранувам.
Некогаш си правам и топло кафенце и седам со самата себе во комплетен мир и тишина, на некој начин така и се враќам на себе.
За мене преоптовареноста е знак дека не сум во склад со самата себе т.е дека не сум си посветила доволно време тој ден или во текот на тој месец.
Треба да живееме во тој сегашен момент, дека треба да сме упорни и да наметнуваме свои сопствени правила, да бидеме автентични, да бидеме свои и не толку лесно да се препуштаме и да се вклопиме во толпата.
Затоа што децата прават сѐ правилно. Кога ќе размислиме подобро, секое дете си има свој единствен отпечаток од прст и нема ниту еден таков на овој свет, а тоа понекогаш кажува сѐ!
Искрено мојот најголем страв како мајка е да не ги пренесам сите мои образци и уверувања кои направиле голема штета кај мене и коишто биле пренесувани од генерации на генерации и автоматски така и биле пренесени на мене.
Затоа, постојано работам на тоа и се менувам, со цел да можам да изградам поинаков идентитет, а со тоа и да им помогнам на моите деца да изградат едни поинакви темели внатре во себе.
Оваа улога, па и не е баш толку тешка. Всушност сѐ што носиме во себе, можеме да промениме. Дури и нашите генетски кодови можеме да ги промениме и од нас само зависи какво емоционално наследство ќе имаат нашите деца.
Секое дете во себе носи свои потенцијали и само треба да знае како да ги активира. Не постојат деца коишто немаат некакви потенцијали внатре во себе, туку потребни се само добри околности и стимулирачка околина.
Кога ќе се развикам на моето дете. Но, како поминуваат години, сѐ повеќе и повеќе се намалува тоа и се работи на еден поинаков начин.
Од другата страна, сум свесна и дека ние сме растеле во едно поинакво време, во време кое ние и нашите родители не сме имале толку пристап до сѐ.
Затоа, сметам дека денешните деца се многу понапредни и поинтелигентни и дека пристапот што го имале нашите родители кон нас, денес повеќе не функционира, туку треба нешто поинаку.
Се трудам да не се обвинувам себеси во голема мера, туку да работам повеќе на сите тие несвесно наметнати ентитети.
Се сеќавам дека постојано имав грижа на совест за тоа кога ќе треба да одам на работа. Баш во тој период кога станав мајка, во исто време градев бизнис и одев на мојата full-time работа.
Постојано се трудев сѐ повеќе да бидам присутна дома, но таа моја амбиција ме притискаше сѐ повеќе и повеќе од страна, бидејќи по природа всушност сум невиден workaholic и упорна личност која секогаш сака да ги оствари своите зацртани цели.
Знаев дека нема уште многу да го издржам тој притисок, па затоа побарав поддршка.
Тогаш всушност и го слушнав најдобриот совет кој целосно ме ослободи од тој притисок кој една година го носев со себе, а тоа е дека со децата не треба да сме 24/7 и тоа не е знак дека сме најдобри мајки, туку доволно е секој ден по 30 минути да бидеме целосно присутни додека се играме со нив без никакви дистракции и други работи од страна.
Понекогаш од страна на нашето општество можеме да слушнеме „мајчинството е најубаво време” во стил дека треба сѐ да оставиме на страна и да се посветиме само на тоа.
Оваа реченица во нас може да го изгенерира тоа чувство дека никој не нѐ разбира и дека сме сами во сето тоа. Ние треба да освестиме дека ние сме тие коишто одлучуваме што мајчинство ќе претставува за нас и која ќе биде нашата вистинска дефиниција, нормално нели ако се мисли за емотивна осаменост во мајчинството.
Во тој период кога јас се чувствував некако осамена во мајчинството, не се вклопував баш во уверувањата на општество и не дозволував сето тоа да го нормализирам во мојот живот. Еноставно, гледав да бидам опкружена со жени кои успеале да бидат успешни во секоја своја улога, но и живеат исполнет живот.
Автор: Сандрина Арсовска Јовановски
© 2023 Created with love