Мама Муабет на Екс со Марија Петрушевска

💔 Најтешкиот момент во моето мајчинство беше кога…

Се соочував со постпородилна депресија, а во исто време почнав и на ново работно место.

 

✨ Пресвртна точка во тоа како ја доживувам улогата на мајка беше кога сфатив дека…

Јас сум мајка и сум совршена за моето дете таква каквa што сум, во неговите очи сум единствена!

 

🕰️ Да можам да го вратам времето, би…

Порано би побарала помош за мојата состојба.

 

☕ Кога сум уморна и преоптоварена, најефикасно ми е да…

Да се сетам дека можам да уживам во секој момент со син ми и дека во 9 часот ќе си легнеме и ќе се одморам, а сѐ друго може да почека.:)

 

💡 Најважната лекција што ја научив од моите деца е…

Една прегратка може да излечи сѐ, а трпението е најважната лекција што МОРА да ја совладаме.

 

😨 Мојот најголем страв како мајка е…

Се прашувам дали донесов правилно неколку одлуки и дали тоа беше најдоброто за моето дете…

📚 Нешто што би сакала да го знаев пред да станам мајка е…

Само мајката секогаш знае што е најдобро за своето дете.

 

😥 Најчесто се чувствувам виновна како мајка кога…

Ќе го изгубам трпението и ќе се развикам.

 

💡Најдобриот совет што го добив за мајчинството беше…

Да си посветам и секогаш да наоѓам време за себе, макар било тоа и 20 минути да се време за мене.

 

🫂 Осаменоста во мајчинството ја надминувам со…

Молитва, дружба со други мајки и чоколадо шшш 🙂 🍫

 

Автор: Марија Петрушевска