Минатата зима мојата ќерка беше хоспитализирана. Тој период ми покажа колку големи се моите капацитети и ме научи дека зад секој успех на социјалните мрежи, стои вистинска личност со вистински предизвици.
Многу тешко го доживеав останувањето таму, ама од денешен аспект гледам колкава лекција било тоа за мене.
Не морам да бидам совршена за да бидам добра мајка и дека грижата за себе и мојата кариера може да влијае добро врз моето дете и целото семејство, затоа што среќна мајка значи и среќно дете.
Претходно чекав совршен момент за мене, за работа, па откако го сфатив ова, ја користам секоја прилика.
Престанала да се трудам да имам сѐ под контрола. Би била поотворена за својата реалност.
Денес знам дека луѓето и клиентите се поврзуваат со личноста каква што е вистински, а не со совршенството. Мислам дека и порано ќе почнев да се појавувам гордо зад мојот бизнис.
Да ја изнесам ќерка ми на воздух, да тренирам или да пијам кафе во тишина.
Најкомплицираните проблеми најчесто имаат наједноставни решенија.
Како мајка се плашам за многу работи, ама сум свесна дека тоа се само моите мисли. Сепак, ако треба да издвојам еден, тоа е стравот дали сум доволно присутна мајка, дали во брзото време во кое живееме ќерка ми ја добива мојата најдобра верзија или само она што останало од мене на крајот на денот.
Но, токму тој страв ме потсетува секојдневно да го оставам телефонот и работата и навистина да ја слушнам кога ми зборува.
Мојот внатрешен глас е посилен од сите книги и прирачници.
Се фокусирам на работата или одвојувам време за себе, наместо да си играм со ќерка ми.
Среќна мајка = среќно дете. И дека треба максимално да уживам во секој период од мајчинството.
Искрено споделување на моето искуство со други мајки кои го поминуваат истото или со фокус на работи што сакам да ги правам.
Автор: Марија Ѓорѓиевска
© 2023 Created with love