Мама Муабет на Екс со Јелена Биќанин

💔 Најтешкиот момент во моето мајчинство беше кога…

Најтешкиот момент за мене беше кога моето дете беше болно, a jас се чувствував апсолутно немоќно да му помогнам. Тоа ме научи колку е силна мајчинската љубов.

 

✨ Пресвртна точка во тоа како ја доживувам улогата на мајка беше кога сфатив дека…

Не мора да бидам совршена, туку присутна мама! Не можам да го заштитам од сѐ, туку да го научам како да се избори.

 

🕰️ Да можам да го вратам времето, би…

Би била поблага кон себеси, би уживала повеќе во малите нешта, отколку да се грижам буквално за сѐ.

 

☕ Кога сум уморна и преоптоварена, најефикасно ми е да…

Да застанам, да си сварам убаво кафе и да сфатам колку е важно и јас да си дадам време и љубов за себе.

 

💡 Најважната лекција што ја научив од моите деца е…

Силата не значи секогаш да издржиш, туку да покажеш и емоција. Научив да бидам присутна во моментите со нив и да користиме што повеќе заедничко време.

😨 Мојот најголем страв како мајка е…

Дали ќе успеам да ги подготвам за животот и да не го изгубат детето во себе како возрасни.

 

📚 Нешто што би сакала да го знаев пред да станам мајка е…

Во ред е да бидам и уморна, да ми е тешко или да сум збунета. Тоа не ме прави помалку добра мама.

 

😥 Најчесто се чувствувам виновна како мајка кога…

Нема да му посветам доволно внимание на детето. Според мене, квалитетно поминато време заедно со детето е нешто бесценето за секој родител.

 

💡Најдобриот совет што го добив за мајчинството беше…

Да уживам во секој миг со своите деца, дури и во тешките и исцрпувачки денови.

 

🫂 Осаменоста во мајчинството ја надминувам со…

Со мали моменти за себе: со многу читање и грижа за цвеќињата.

 

Автор: Јелена Биќанин