Бебето ми беше 3 месеци, а морав да правам операција за отстранување на жолчката. Не сакав да ја оставам толку мала. Многу ми беше страв дали сѐ ќе биде во ред со доењето по операцијата и дали ќе пие од замрзнато шише млеко додека јас сум во болница.
И премногу ми беше страв од самата операција и дали ќе се разбудам од анестезијата. За среќа, сѐ помина во најдобар ред и сѐ уште се доиме (11 месеци).
Никој освен моите деца нема да памети дали сум задоцнила од работа и дали сум била тука за нив. Само тие ќе бидат благодарни понатаму и ќе ги паметат сите заеднички моменти што сме ги поминале.
Откако го сфатив ова, тотално ми се смени перцепцијата, многу појасно поставувам граници и правам попаметни избори за сѐ.
Го впивала секој момент и би правела уште повеќе слики, бидејќи навистина пребрзо растат.
Да си земам неколку часа за себе и да направам нешто што ми ги полни батериите за да можам да бидам 100% присутна и да давам од мојата љубов на моите најдраги.
Љубовта кога се дели, се множи. Кога станав мама на 2, сфатив дека капацитетот и срцето на мама се проширува, а љубовта добива сосема нова димензија за која не сум ни знаела дека ја имам во себе.
Уфф многу тешко прашање…дека нешто лошо ќе им се случи на моите деца. 😭
Родителството не е нешто со кое сме родени и не доаѓа природно, туку се учи. Треба да вложуваме во едукација и во себе за да научиме како да бидеме подобри родители за нашите деца.
Кога сум уморна и преоптоварена и без потреба ќе се извикам на децата. Секогаш после тоа ми е многу криво, ама гледам секогаш да им се извинам и да им објаснам зошто така сум изреагирала.
Сметам дека на овој начин ги учам и нив дека е во ред некогаш да згрешиш, ама и човечки е да се извиниш.
Не прави нешто за детето кое што тоа знае само да го направи. Некогаш во брзање сакаме да им помогнеме побрзо да направат нешто, ама на тој начин ги учиме дека не се доволно добри и им ја земаме моќта.
Подобро е да задоцниме, ама да ги оставиме сами. Со секое повторување учат да бидат побрзи и се чувствуваат моќни и способни.
Дружба со други мајки и споделување на хаосот и “маките”.
Автор: Ивана Тасеска
© 2023 Created with love