Амбициозна, решителна и вистински професионалец од областа на правото, Маја Савеска е дефиниција за личност која што умее да живее во моментот, но и да жонглира со повеќе обврски наеднаш.
„Твоите приоритети се менуваат, но верувај – на подобро!” е најдобриот кариерен совет што го има добиено пред да има деца. Токму овој совет ѝ помогнал да ја постави основата за успех на секое поле, преку поставување на приоритети и внимателно менаџирање на своето време. ⌛
„Однапред утврдувам кои се моите приоритети во даден момент, ден, недела, месец, период, зависи дали поминувам низ некој предизвик или не и колку време и енергија ми одзема задачата. Генерално, сè зависи од добра организација, волја и можност детето да се вклучи во сè што треба (или мора) да се заврши. Секогаш запишувам сè што треба да направам. Најчесто користам to-do листа на мојот мобилен телефон”.
Најголеми предизвици со коишто Маја се соочила како working mom е давање оставка од работното место каде што работела повеќе од 10 години.
Денес, нејзиниот најголем предизвик е како да помине квалитетно време со своето дете без да ги занемари работните обврски.
Маја со овој предизвик се справува на следниов начин: ⬇️
„Во дадени моменти одредувам дека работата мора да почека и се посветувам на детето. Откако ќе задоволам физичка или психолошка потреба на детето, тогаш се обидувам да организирам игра за којашто сметам дека ќе му го привлече вниманието на детето подолго време и тогаш се посветувам на работните задачи (ако сме дома во работен ден). Ако пак, работната задача е приоритет и немам можност за да бидам сама, се случува да работам и со детето во раце. Секако, кога е тоа можно, се трудам овие моменти да ги искористам за нешто да ја научам. Тешко ми беше да научам дека сите мајки во одреден момент го прават ова и е ВО РЕД!”
Ѝ требало многу време за да научи како да живее во сегашниот момент и да сфати дека работата едноставно не е сè во животот.
„Ми требаше многу време да научам да се препуштам на моментите, но откако го правам тоа, јас сум посреќна мајка и имам посреќно дете. Некогаш тоа значи да си кажам дека работата не е сè и едноставно, да бидам со моето дете. Некогаш тоа значи дека сакам и ми е потребно да завршам одредена работна задача за да се чувствувам исполнето. За да можам да ја завршам работата за која сум заглавила во тој момент ги игнорирам чувствата на вина и грижа (незнам дали е правилно, но, според мене, само така може побрзо да ја завршите работата). Откако ќе ја завршам работата секогаш си кажувам мантра – Јас сум најдобрата мајка за моето дете! Потоа, трчам до дома и секогаш силно ја гушкам мојата ќерка”. ❤️
Маја смета дека нема тајна за балансирање на мајчинството и кариерата, туку се сè сведува на добра организација и поддршка.
„Она што помага е организација, организација и само организација. Но, за ова да може да се спроведе неопходно е да имаме ПОДДРШКА (во било која форма). Би кажала поддршката од сите блиски околу мене коишто ми ја даваат на свој начин. Некогаш е тоа само еден убав збор, некогаш некој да ни причува дете итн. Дефинитивно би кажала дека најдобра поддршка е признавање на самите себе дека правиме најдобро што мислиме и умееме во даден момент. Секоја поддршка од секого и на било кој начин (иако ние мајките некогаш тоа не можеме да го согледаме така) е значајна. Многу е важно секој еден од нас да дозволува помош и поддршка, доколку не бараме или не прифаќаме на долг рок е неодржливо – тоа е нешто што и јас до ден денес го учам. НЕ СМЕ САМИ! Сите ние во одреден момент сме плачеле (среќа, тага, фрустрација, страв) додека го држиме нашето дете/деца и треба да знаеме дека сигурно во истиот момент има и други мајки коишто го прават истото! Да се поддржуваме една со друга преку споделување на совети, искуства и убав збор. Нека оваа платформа понуди поддршка за секоја мајка на која ѝ недостига”. 🙌
Поминување време сама со себе е најдобриот начин на грижа за себе, смета Маја.
„За среќа, денес има тон информации на интернет, секој треба да се пронајде во она што му одговара да го чита или слуша. За ментално здравје на working mоm можам да ги препорачам поткастите на Елена Џебр – Лична Трансформација. Генерално, препорачувам времето да го поминете ако можете сами, тоа е најголемиот ресурс. Исто така, да одите на фризер, педикир, затоа што потоа ќе се чувствувате поисполнето физички и енергијата ќе ви се рефлектира на позитивна мисла која што понатаму ќе ви влијае на расположението. Барем кај мене е така”. 😊
Најдобриот совет што Маја им би го дала на сите идни мајки е следниов:
© 2023 Created with love