Кога некој е на одговорна раководна позиција уште пред да стане родител, со доаѓањето на децата – предизвикот е уште поголем.
Но, Маја Котеска Дончовска како мајка на близнаци, тоа успешно го менаџира и притоа секојдневно учи како да биде подобра мајка, но и како да продолжи да напредува во својата професија како Раководител за набавки во реномирана македонска компанија.
За неа, ова се две професии за коишто за да има прогрес, потребно е да се вложи многу љубов и енергија, но и многу трпение. 🧘♀️
„Најголемиот предизвик со кој сум се соочила како Working Mom е тоа што работната средина нема доволно разбирање колку грижата за децата е најпотребна во раната возраст. Тогаш е тој период кога сум им најпотребна на моите деца. Затоа, кога децата се болни, се обидувам да балансирам со веќе претходно изработени часови за да го покријам моето отсуство од работа”.
Секојдневието на Маја се состои од жонглирање на сите приватни и професионални обврски, а притоа да се постигне сè што е списокот.
„Да бидам искрена, во моментов ми е предизвик да го менаџирам своето време, да ги планирам и комплетирам сите обврски. За сè друго, сум одличен професионалец, од одредување на категорија дали некоја обврска е итна и/или битна, до почеток и крај на одредена активност. Во тие моменти се присетувам себеси како тоа сум успевала да го менаџирам времето пред да имам деца. Така и се мотивирам дека е потребно да издвојам време и за себеси барем еднаш неделно. Но, имам едно јасно одредено правило: во моментов децата ми се приоритет!” 🎯
Најголемата поддршка на Маја е нејзиниот сопруг. Тој ѝ помага за таа да има време и енергија да поминат квалитетно време со своето семејство. ❤️
„Тактика што ја применувам за да поминувам квалитетно време и да изградам цврст однос со моите деца е – внимателно следење на нивниот раст и развој по месеци, уште од нивната најрана возраст. Постојано сум тука за нив кога им е потребно моето присуство. А кога можат самостојно да извршуваат некои активности ги следам од страна. Никогаш не ги преоптоварувам или притискам со активности што не се за нивната возраст”.
Кога би можела да го врати времето назад, една работа што Маја би сакала да ја промени во своето досегашно искуство како Working Mom е да не го игнорира својот мајчински инстинкт.
„Би сакала повеќе да верував во себеси. Мајчинскиот инстинкт е огромна моќ со која се стекнуваш кога ќе добиеш дете – не е шала”. 😄
Деновите кога заглавува на работа ѝ се показател дека треба да си го преиспита начинот на планирање на работните обврски.
„Заглавувањето на работа значи дека некои обврски биле итни и битни во тој момент, во спротивно – if you can, wait for tomorrow. Ова ми е показател дека треба да се преиспита почетокот на процесот, уште во фазата на планирање”.
Ресурси што Маја ги препорачува за сите Working Moms се следниве:
✅ Книгата „Бебе – упатство за употреба” – една од најдобрите книги со практична примена за тоа како, кога и на кој начин треба да се справите со предизвиците поврзани со бебињата.
✅ Книгата „Како да воспитате одлични момчиња” од Иан Грант – како мајка на машки близнаци, ова ми беше многу корисно.
✅ Веб-сајт: pedijatar.mk
✅ Апликација: Bebbo – корисни податоци за раниот детски развој.
„Сите ние мајките треба да ја користиме платформата Working Mom, пред сè како поддршка дека не сме сами во предизвиците што ги носи мајчинството, но и како одличен начин како меѓу себе да си помогнеме. Оваа платформа е само потврда дека заедно можеме да постигнеме многу повеќе и да одиме понатаму во грижата за нашите најмили. Затоа, ајде да најдеме начин како да си ги зголемиме контактите”.
Најдобриот совет што Маја би го дала на сите идни мајки е овој: ⬇️
© 2023 Created with love