Working Mom на Неделата: Магдалена Крстаноска

Градењето на професионална кариера во ИТ индустријата бара 100% посветеност, но и повремени одрекувања од многу работи. 

Сепак, моќта лежи во амбицијата, упорноста и самодовербата да му го покажеш на светот својот потенцијал, без да го занемариш своето семејство. Тоа најдобро ни го покажува Магдалена Крстаноска којашто работи како Регрутер.

magdalena-krstanoska

„Да бидам искрена, пред да имам деца, не сум ни размислувала многу за теми како кариера, успех или материјална стабилност со тој интензитет како што размислувам сега. Денес, посветено се борам, се надоградувам и постојано размислувам во насока како да ја подобрам иднината на мојата фамилија”. 👨‍👩‍👧

Да седиш во канцеларија и да треба да работиш, додека детето дома ти “гори” од температура, е еден од најтешките моменти за секој родител. 

„Најголемиот предизвик со којшто се соочив како нова мајка ми се случи кога ми заврши породилното отсуство и се вратив на работа на тогашното работно место. Тој ден, син ми имаше многу висока температура. Но, јас морав да седам на работа, што навистина ми паѓаше тешко, бидејќи бев предупредена дека ако планирам да земам 2 недели боледување, ќе си бараат друг вработен на мое место”. 

Ако треба да промени една работа во своето досегашно искуство како Working Mom, таа посакува да не била претерано загрижена околу детето во текот на првата година. 

Сепак, по една година полна со предизвици, подеми и падови како нова мајка ја научила својата лекција на потешкиот начин.  

Денес, таа смета дека штом детето наполни 2 години, нештата стануваат полесни. 😅

„Мислам дека додека детето да наполни 2 години, не може баш и да се одржува некој баланс помеѓу работата и семејството (зборувам за мене). Но, по 2та година, работите се други. Детето е поголемо и повеќе се разбираме. Сè уште играме заедно, но и тој може и самиот да се заигра. Сега сака да се дружи и со други деца и да поминува време и со други членови од фамилијата, освен со мене”.

Сопругот и фамилијата се нејзината најголема поддршка, а нејзин приоритет е квалитетното време поминато со нив.

„Немам грижа на совест ако заглавам на работа, бидејќи тоа не се случува секој ден. Затоа ми е многу важно навреме да си ја сработам работата што ми е дадена. Откако ќе се вратам дома, се трудам да поминам квалитетно време со син ми. А потоа и да посветам одреден временски период да прочитам нешто и на професионално поле. Дополнително, гледам да си легнам порано навечер, за утрото да бидам свежа и целосно фокусирана за успешно да ги завршам сите професионални обврски”.

Совет што би го дала на сите идни мајки е следниов: ⬇️

magdalena-krstanoska