Љубовта кон својата работа не ја намалува љубовта кон своето дете

Само исполнетата и задоволна мајка може да обезбеди здрава средина за своето дете, поставувајќи пример на добро заокружена индивидуа која придонесува за општеството, не само преку мајчинството, туку и преку нејзините професионални достигнувања. 💪

Клучот за постигнување рамномерна распределба на домашните обврски лежи во предизвикувањето и преобликувањето на традиционалните родови улоги. 

Станува збор за признавање дека домашните обврски не се услуга направена од мажите за жените, туку заедничка одговорност. Односно, за разбирање дека навистина рамноправното партнерство не е само за споделување радости и успеси, туку и за споделување задолженија и одговорности. 

Урамнотежувањето меѓу мајчинството и кариерата е лично патување, а не општествен стандард. 💡

Деликатната рамнотежа помеѓу мајчинството и кариерата е тема за која нашироко се дискутира, но сепак останува лично патување за секоја жена. Клучот за навигација на оваа сложена тема лежи во разбирањето дека не постои 1 решение што ќе одговара на сите. 

Околностите, преференциите и потребите на секоја жена се уникатни. Клучно по мене е да ја прифатиме нерамнотежата помеѓу работата и животот за успех во кариерата и семејството. 

Општествената перцепција на работата и животот како две спротивставени сили што треба да се балансираат е концепт што се пропагира со децении. Сепак, овој поим не само што е нереален, туку и штетен, особено за мајките кои работат. 👀

Идејата дека овие 2 аспекта од животот се во конкуренција еден со друг, создава непотребен товар за жените што се стремат да успеат во своите кариери, а истовремено да бидат и посветени мајки. 

Во современиот свет, природно е животот да биде неурамнотежен. Има периоди кога работата може да има блага предност. Сепак, тоа не значи дека се занемарува семејниот живот. Наместо тоа, тоа е привремена промена на фокусот што на крајот ќе се врати назад кон семејниот живот. ⚖️

Вработените мајки можат позитивно да влијаат на иднината на нивните деца. Традиционалното верување дека децата поминуваат подобро кога нивните мајки остануваат дома е оспорено од бројни студии, што сугерира дека децата на мајките кои работат не само што се снаоѓаат добро, туку имаат и други придобивки. 

Во таквите моменти, сите се трудиме на некој начин да се оправдаме со играчки или сликовници. Истата работа ја правев и јас самата кога имав грижа на совест што сум на работа а моето дете е дома. 

Сите учиме како да бидеме родители од животното искуство, нема академија за родителство. Секогаш ме води изреката: Секое семејство е среќно на свој начин! 💯

Во животната трка и во моето секојдневие, огромна и многу значајна улога има мојот сопруг, со оглед на фактот дека решив да направам кариерна промена што бараше навистина голем ангажман во поглед на доедукација, обуки, полагање испити и многу непроспиени ноќи. Голема вклученост во логистика и помош имаме и од страна на родителите на мојот сопруг.

Како мајка на 2 фраери и жена којашто ужива семеен живот опкружена со тројца машки, со текот на годините, осознавам дека да си жена во мојот машки свет е прекрасно. А кога ќе согледаш дека со сопругот сте создале две прекрасни деца, сфаќаш дека трудот што го имаш вложено во минатите години вродил со плод.

Сите трчаме во животните предизвици и се трудиме да жонглираме и балансираме во сите улоги – до 17 часот да си успешен и посветен на работата, а од 17:05 се “претвораш” во мајка. 

Но, не можеш да си совршен во овој несовршен свет, но можеш да си посебен и автентичен. Јас сум мајка која е многу љубопитна, љубител е на природата, добра книга, добра храна и воопшто работите што се наклонети кон уживање. Истото се трудам да го пренесам и на своите деца. 

Доста од животните навики децата ги копираат и од мојот сопруг, што реално ми годи, бидејќи следат прекрасен пример за Супер татко. 🦸

Преку неделата сме во трки со обврски, но викендите ни се резервирани за уживање во  семејните дружби, здрави оброци што ги подготвуваме заедно и прошетки. 

Недела е ден резервиран за подготовка на палачинки. На овој начин, ги полниме батериите со енергија потребна за активностите што следат наредната недела.

На крајот на денот, најважно да појдеме на спиење изгушкани, среќни, задоволни и со полни стомачиња.😊

 

Автор: Лилјана Бојковска