Working Mom на Неделата: Лидиа Бошковски

Колку од мајките што ги познавате го имаат префрлено своето породилно отсуство на таткото? 👀

Поради сплет на околности, Лидиа Бошковски прави преседан што е навистина за восхит. 

По само 2 месеци од раѓањето на своето бебе, таа се враќа на работното место, наидувајќи на навистина поддржувачка околина за оваа несекојдневна одлука.

„Јас сум многу среќна што мојот тим на работа ја поддржа мојата одлука да го префрлам моето породилно отсуство на сопругот и да се вратам на работа по само 2 месеци откако го добивме нашето бебе. Тие сфатија дека овој период е многу значаен за мене и мојот сопруг, па ми ја дадоа поддршката што ја побарав од нив. Сметам дека ова е добар пример дека со поддршка и разбирање секогаш може да се постигнат зацртаните цели”.

Денес, како мајка на 4-месечно бебе која што работи со полно работно, но флексибилно време, неопходно е да биде максимално организирана, но и флексибилна во случај работите да не тргнат како што замислила. 

А тоа за Лидиа значи фокус на неколку главни дневни цели:

✅ Бебето да е надоено, наспано и задоволно. 

✅ Ручекот да е однапред испланиран (без разлика дали ќе се готви или ќе се нарачува). 

✅ Моите работни дневни обврски да бидат комплетирани.

„Со оглед на тоа што сум мајка за прв пат, а пред да се остварам како мајка бев доста фокусирана на кариерата и професионалниот напредок, можам да кажам дека имам поставено доста здрава граница помеѓу семејството и работа односно негувам т.н. work-life balance. Работам remotely од дома, со мало човече на кое што сум му многу потребна. Секако, моето бебенце е на прво место, а потоа доаѓаат моите работни обврски. Но, за сето ова да функционира тука е мојот сопруг кој е 24/7 со нас и мојот тим што ми овозможува флексибилност додека трае овој период. Јас и мојот сопруг сме си заемно најголемата поддршка меѓусебно веќе 10 години како сме заедно. Заедно поставуваме заеднички цели и наоѓааме решенија за сите предизвици што ни ги носи животот”.

Иако најголемиот предизвик со кој што Лидиа се соочила токму е враќањето на работа 2 месеци по пораѓај, сепак таа вели дека тоа го направила со цел целото семејство да е заедно на одреден период. 👨‍👩‍👧

„Оваа чувство е многу тешко, особено кога детето е бебе. Сепак тоа што работам од дома ми ја олеснува ситуацијата, а секако и сопругот постојано е тука со нас”.

И покрај сите предизвици, таа секогаш сила и енергија да си одвои квалитетно време за себе, да вежба јога 2 пати неделно, да се релаксира со онлајн шопинг и кафе-муабет со сестра ѝ.

„Ја обожавам вашата платформа и сите споделени индивидуални приказни се вистинска инспирација во кои секој може да се пронајде. Обожавам да следам примери на жени што ме инспирираат. За мене, тоа се жени што успеваат да постигнат успех во различни животни полиња, а не само да се фокусираат на кариерата или семејството. Сакам да се дружам со тие жени и да бидам еден ден како нив”. 

А ова е нејзиниот совет до сите родители: ⬇️