Working Mom на Неделата: Лаура Бајрактари

Лаура Бајрактари ни покажува дека да се биде мајка е една од најемотивните и најстрашните работи на светот. Но, без никаков сомнеж – тоа е и најдобрата работа на светот. 🚀

laura-bajraktari

Како Директор за Човечки Ресурси и Регрутирање, таа научила да ја пренесе својата љубов кон професијата и да покаже како изгледа една реализирана жена и во рамките на својот дом.

Немој да се штедиш себеси! (Don’t spare yourself) е најдобриот кариерен совет што го добив пред да имам деца. Овој совет го добив од многу вредни и успешни луѓе низ светот со коишто соработував, кои пред да станат родители, работеле со многу труд кон остварување на својата цел. Тоа им се исплатело подоцна, исто како и мене сега. Пред да станам мајка, работев на 2 различни позиции, постојано ангажирана и со други лични проекти преку викендите. По 5 години постојано работење, научив доволно за да бидам подготвена за сегашната работа. Денес, можам слободно да кажам дека уживам во мојата работа, истовремено и во моментите поминати со фамилијата.

Љубовта кон работата и својата фамилија ѝ е дополнителен поттик паметно да си го менаџира своето време и енергија, за да може да посвети квалитетно време на својот 3-годишен син. 👦🏻

Мојот сопруг е мојата најголема поддршка. ❤️ Заедно се координираме со цел секој да си ги заврши одговорностите, а во меѓувреме да имаме време за нашиот син. Секојдневните задачи ги координираме со календар и списоци за да не се заборави ништо. Сепак, мојата “тајна” за балансирање на мајчинството и кариерата е љубовта кон мојата фамилија и работата. За мене не би било исто, ако не работев нешто што не ме исполнува.

Вклучувањето на својот син во домашните обврски е еден од начините на коишто Лаура се труди да компензира за долгите часови работа.

На пример, го оставам син ми да ми помогне со празнење на машината за садови, јадеме заедно или ако тој седне на мојата работна маса додека јас работам на лаптопот, му давам задачи да црта, да бои и слично. Имаме и утрински и ноќен ритуал кадешто миеме заби и лице заедно, си ги облекуваме пижамите, наутро правиме заедно доручек, итн. Дополнително, викендите ми се време само за фамилијата и планови со нив и за нив. 

Најголемиот предизвик со кој Лаура се соочила како working mom е стравот од кариерен неуспех. 

Мене лично најголемиот предизвик ми била помислата дека сум неуспешна во мојата работа. Се плашев многу од тоа и ми требаше време да се соочам и да го надминам овој страв од неуспех поради искуството што го имам зад себе. Затоа сметам дека начинот на размислување треба да се менува со постојано читање, учење и свесно да избереме да веруваме во своите вештини и животни цели. 

Лаура е од оние личности што секојдневно преку своите дела ја крева свеста за теми поврзани со мајчинството. 🤱

Мајките како примарни старатели, играат клучна улога во годините кога се формира детето. Емоционалната приврзаност формирана во раните години, може да има трајно влијание врз благосостојбата на детето. Довербата и емпатијата од страна на мајката, создаваат безбедна и сигурна средина за раст и развој на детето.

Најдобриот совет што Лаура би го дала на сите идни мајки е следниов. ⬇️

laura-bajraktari