Ивана од IvyEssentials: Кога станав мајка, морав да се променам и да правам посвесни избори

Да бидам најискрена… до мојата 27ма година користев само Бекутан крема за лице. Меѓутоа, кога за првпат станав мајка на тие години, од мене се барaше да се променам, едноставно – да се освестам. 👩‍🍼

Ситуацијата во која се наоѓав бараше од мене длабока промена. Бев принудена да учам како поздраво и подобро да живеам, што да користам во домот, што да јадам, што да ставам на мене, итн.

Најпрво започнав со промена во исхраната што искрено ми беше претешко. Постојано се прашував што лошо сум направила за да немам друг избор освен да исфрлам од исхраната глутен, јајца, млеко, одредени јатки поради тоа што доев.

Но, 9 години подоцна (денес), секој ден си велам едно големо „Благодарам!” што ми се случи оваа промена. Не дека не јадам ништо од горенаведените намирници, меѓутоа, многу внимавам што внесувам и од каде им е потеклото.

Следно што беше на листата на нешта што требаше да се променат се средствата со коишто чистев по дома. Не бев ниту свесна што сè може да предизвикаат на долг рок – алергии, астма, егзема, паднат имунитет. 🧼

Се сеќавам дека со часови читав и пребарував низ интернет со што е најдобро да чистам. Да, знам, ова прилично бара вложување енергија и време, ама верувајте – вреди.

На крај, стигнав и до козметиката со што ги мијам косата и телото и какви креми користам за нега на лице и кожа. За оваа тема, ден денес поминуваам часови и часови читајќи за да научам нешто ново или да видам нечија трансформација или искуство.

По бременоста, лицето почна да ми станува сè посуво. Повеќе крема како Бекутан не ми беше добар избор според составот. Непроспаните ноќи си го земаа својот данок во форма на “фини” линии на лицето. Морав итно да најдам нешто што можеше да ми помогне мене.

Па така, кога запишав школа за Ароматерапија, дознав рецепти како сама да си направам серум за лице и путер за тело што ќе бидат исклучиво на природна база. 

Додека ги гледав видеата од обуката, неможам да опишам кое задоволство и среќа се будеше во мене. Уште во тој момент, знаев дека тоа е она што сакам да го правам и дека ќе биде иделано за мојата кожа. 🪄

Па така се роди идејата за да го започнам брендот @ivyessentials.skincare со палета што нуди не само природни производи за жените, туку и продукти на 100% природна база и за нашите деца. Денес, можам да се пофалам со многу задоволни клиенти со одлични резултати кај нив.

Цврсто верувам дека природната убавина започнува со свесна нега! Затоа, ајде да бираме свесно и природно за нашето здравје, за наше добро и доброто на нашите најмили! 💪

Автор: Ивана Спасевска

⭐ Повеќе за брендот на Ивана и нејзините производи ќе дознаеш нa Инстаграм профилот: https://www.instagram.com/ivyessentials.skincare

⭐ Ѕирни ја и нејзината онлајн продавница: https://ivyessentials.sellfy.store/