Еден студен ден во декември…
Први недели од бременоста.
Си дадов за задача да соберам Х сума на пари пред да го родам бебето (да имам заштеда во случај на подолго отсуство од работа).
Објавив оглас на LinkedIn дека сум отворена за соработка за компании и индивидуи на кои им е потребен квалитетен контент на англиски и македонски јазик.
Почнаа да ме контактираат луѓето со понуди. Но, ме контактираше и мојот тогашен работодавач.
-Данче, зошто објави оглас дека си отворена за соработка? Зарем не си задоволна овде? Зарем не ти чини платата што ти ја даваме? Што е проблемот? – ме праша тој.
Се гледав долгорочно во таа компанија, па решив да бидам искрена со човекот и да си признаам.
-Само што дознав дека сум бремена. Ќе ми требаат повеќе финансии за бебето.
Човекот пребледе. Почна да мрмори. Не очекуваше ваков одговор.
И јас не очекував, но разговорот продолжи во насока дека можеби е подобро да си се фокусирам на соработките со другите компании и да се откажам од конкретната позиција.
Очигледно, неколку недели подоцна ги раскрстивме нашите патишта.
🤔 Дали ако не кажев дека сум бремена, сè уште ќе работев за таа компанија?
🤔 Зошто на бременоста се гледа како состојба кога жената е кревка и слаба?
🤔 Зошто кога ќе речеш на работодавец дека си бремена, веднаш им се менува перцепцијата за тебе? Како наеднаш веќе да не си толку способен како до сега да си ја вршиш својата работа? А напротив, најчесто си помотивиран за разлика од претходно.
Секако, постојат и исклучоци што најискрено ќе се израдуваат за твојата бременост и ќе ти го дадат потребното време за да се посветиш на бебето.
Сигурно ќе бидеш нервозна пред да ја споделиш новоста, но не заборавај – ти не правиш ништо лошо! Носиш бебе на овој свет, не бегаш на 3 месечен одмор и ги оставаш колегите на цедило. 🤦♀️
Да преминеме на главното прашање.
Зависи.
Без разлика кога и да решиш да ја споделиш новоста, имај на ум дека оние компании што бременоста ја гледаат како закана за нивниот работен тек, не вредат да си го трошиш времето, енергијата и нервите со нив.
Во оние компании што од срце ќе ти честитаат и можеби ќе ти купат и некој подарок по овој повод, вреди да ја вложуваш својата експертиза.
Simple as that.
© 2023 Created with love