Ана од Клубот за Родители: Како да ги подготвиш децата за реалниот свет?

Кога првпат станав мајка, мислев дека најтешко ќе ми биде да научам како да сменам пелена во темница или како да успијам бебе кое не знае што е ноќ, а што е ден (мојата прва љубов Огнен). 😅

Но, вистинските предизвици почнаа подоцна, кога децата (Огнен и Елена) потпораснаа и светот пред нив стана поголем, побрз и посложен.

Сфатив дека мојата најважна улога не е само да ги сакам и да ги чувам – туку да ги подготвам за светот во кој ќе треба да живеат и да дадат придонес. За реалниот свет.

Но, кога погледнав што сè треба да ги научам – комуникација, градење самодоверба, управување со емоции, носење одлуки, критичко размислување и решавање на проблеми, прелагодливост и флексибилност, работа во тим, управување со време, поставување приоритети, свесност и лична одговорност за резултатите, преговарање, упорност, резилиентност, справување со стрес… – знам дека овие вештини не се учат ни во градинка, ни во училиште. 

 

Како се роди идејата за Клубот за Родители?

Јас како некој кој веќе работи во областа на човечките ресурси и развој на меките вештини погоре споменати од 2005 – но за возрасни – логичен чекор беше да го почнам тоа и со моите деца. 

Од тука се роди идејата за Кампањата #ЛиченИЗБОР под чија капа е и #КЛУБзаРОДИТЕЛИ а првото дело во неа интератктивната книга #Благодарам, ѕирни што сè има на www.AnaSaltirova.mk. ⬅️

Да ги научиме децата на овие вештини од мали нозе за да можат да уживаат во плодовите од истите кога ќе се најдат во светот на големите, а не да одучуваат работи кои ги научиле искуствено/неструктурирано од моделирање на окружувањето кое за некои деца е благослов, но за жал тоа не е случај кај сите деца. 

Сакам моите деца и кога ќе пораснат да продолжат да си играат и да се забавуваат во светот на големите, исто како што го прават денес. Знам дека оваа желба ја делам со многу родители – не само за нашите деца, туку и за нас самите. 

Во мојата коучинг пракса имав можност да работам со луѓе кои се извонредни во својата работа, но веќе не се забавуваат, па прашањето е дали вреди?! Колку може да бидат подобри ако се забавуваат?🤔

И јас како и децата не сакам да си играм ако не е забавно, но сега од сосема друга причина. Ако не е забавно не сум потполно вклучена и не додавам „боја“ ни во мојот ни во животот на луѓето околу мене, а ни на „големото платно“.

Работата стана очигледна јас сум таа што треба да ги „засукам ракавите“ и да им ги пренесам тие вештини на моите деца. Но… како? Зошто токму ние, новите родители, се соочуваме со вакви предизвици, кога нашите родители не размислуваа за овие нешта? Денес имаме повеќе информации од кога било, но и повеќе предизвици.

 

Зошто ова не се учи во училиште? 

Пресвртната точка за мене беше кога видов дека многу од возрасните со кои работам како тренер за меки вештини, долгогодишен HR професионалец, NLP тренер и coach, всушност учат работи што би можеле да ги научат како деца. За почеток ова беше и моја вистина, и јас како голема ги учев овие работи и постојано се прашував зошто ова не се учи во училиште, зошто за ова не знаев порано… 🤷‍♀️

Верувале или не, не бев сама во тоа и многу други учесници на обуките го имаа тоа прашање – Зошто ова не се учи во училиште? Затоа што јас немам влијание на тоа што ќе се учи во училиште, а што не, од една страна и од друга страна како човек кој што е долго во светот на човечки ресурси и развој на вработени, гледам кои се потребите, кои се вештините кои треба да ги имаат за да може да перформираат во светот на големите и да уживаат во тој процес. 

Дополнително знам како се споделува знаење и уживам во тој процес, па истото го почнав со моите деца и се роди идејата да го споделам и со други родители кои ги бараат овие одговори и кои сакаат да ги спремат/опремат децата со алатки кои ќе им помогнат да се забавуваат во светот на големите. 

Ние како родители можеме да ги подготвиме нашите деца за живот, да не бидат и тие еден ден возрасни кои со години се борат да научат како да се снајдат во светот.

Така #КЛУБзаРОДИТЕЛИ доби форма и име, од идеја која што првично се роди пред само 10 години. 

Ова е место за сите нас што сакаме да им го олесниме патот на нашите деца, но не преку тоа да им го решаваме секој проблем со кој ќе се сретнат туку преку тоа што ќе им помогнеме да растат решавајќи го проблемот самите, а ние да бидеме нивна поддршка и утеха на тој пат и од друга страна, да се чувствуваме посигурно и подобро подготвени како родители како би можеле да бидеме тука за нив. 💪

 

Како да го подготвиме детето за живот, а не само за училиште?

Клубот е многу повеќе од заедница – тој е место каде родителите учат како да го водат со јасна визија, да комуницираат со своите деца на нов начин, да го градат нивниот емоционален и ментален имунитет. 

Со практични алатки од коучинг и НЛП, клубот е училница за личен развој во родителство што ќе ни помогне како родители да го подготвиме детето за живот, не само за училиште, а притоа и ние да растеме со него.

Тука не сме сами. Секој месец се споделуваат нови вештини, инспирација и конкретни чекори што можеш веднаш да ги примениш дома. 

Еве што значи родителување во #КЛУБзаРОДИТЕЛИ:

⭐ Кованица која ја користам кога сакам да кажам дека имаме одговорност сами кон себе за квалитетот на живот кој што го водиме.

⭐ Потсетување за личната одговорност – кога бевме деца паметните избори ни помагаа или не потсетуваа да ги правиме родителите, сега кога сме доволно големи, а можеби и самите веќе сме родители одговорноста е наша. Да си родителуваме себе си за важните работи.

⭐ Поддршка на децата преку личен пример.

 

Како функционира клубот?

Членството е отворено за сите родители кои сакаат да растат заедно со своите деца. Зачленувањето е лесно – само со неколку клика на линкот тука можеш да станеш дел од Клубот. 

Секој месец добиваш пристап до предавања, интерактивни сесии, алатки и нашата ексклузивна заедница за поддршка.

Ако и ти ја носиш истата мисла – „сакам моето дете да биде подготвено за светот“ – тогаш те чекаме со отворени раце заедно да работиме на родителувањето. 

Вклучи се во правата година од формирањето на клубот и влези во членови основачи кои ќе имаат посебни бенефиции. 🚀

 

Автор: Ана Салтирова Давидовски

Сакам да дознаам повеќе за Клубот за родители: https://subscribepage.io/LlDgai