Working Mom На Неделата: Катерина Кулеванова

За да биде се биде успешна како мајка, професионалец, пријател, треба сериозно да работиме на себе, да ги имаме најголемите очекувања од себеси и секако – да преземеме целосна одговорност кога работите нема да одат како што сме замислиле. 👀

Катерина Кулеванова е вистински поборник за тоа дека по хаотичниот ден, убавината и мирот можете да ги најдете во едноставна прошетка со фамилијата или боење со боички со децата.

„Секој ден е различен по својата динамика, но во суштината лежи едноставноста на работите. Затоа, не трупаме многу “активности” за после училиште или работа, туку во секој ден имаме план и организација за да се биде на едно место, а сепак да се извлече целосниот потенцијал. Во фокусот на моето планирање и организација основен приоритет е нашата благосостојба и чувство на исполнетост. Најголема “борба” одзема градскиот метеж и логистичкото изведување на работите, но земајќи ја предвид информираноста, секогаш резервирам минути плус за да не се соочам со притисок на времето што би влијаел на планираните активности. Воспоставувањето баланс во секојдневието не значи дека подеднакво на вага секојдневно сме присутни и во домашните и во работните обврски, бидејќи неретко знае да се случи извесни настани да се во фокусот и да бараат поголемо внимание и посветеност. Но и за тие денови сме претходно подготвени и она што морам да го потенцирам е дека не е важно времето од аспект на неговото времетраење колку неговиот квалитет. Така што ќе се сложите дека како што е важна продуктивноста во работното време еднакво важно е и квалитетното поминато време со нашите деца, но истото мерено од аспект на мирот, едноставноста и љубовта пружена во тоа време. Сведочиме на луѓе вркохолици кои минуваат и по 13-14 часа на работа, но обемот што го завршуваат е еднаков на она што го сработува и посветен и фокусиран работник и во 8-часовно работно време”. 

Најголемите предизвици за родителите во една компанија Катерина ги гледа во оние денови кога дечињата кога често се разболуваат па треба да се издржат непроспиените и уморни ноќи, а притоа треба да се завршат и важни работни задачи. 

„Ме радува фактот што компаниите денес имаат се поголемо разбирање и грижа за младите родители. Би сакала тој тренд да продолжи бидејќи децата се составен дел од животот, мирот и благосостојбата и тие влијаат и на нашиот фокус, концентрација и посветеноста кон работните задачи. Промената што би сметала дека треба да се направи е од големо суштинско значење и бара големи системски промени на ниво на држава. Сметам дека отварање на боледување заради грижа и нега на детенце, не треба воопшто да биде третирано со одбиток од платата затоа што во тие моменти родителите и онака се изложени на неочекуван трошок за лекување, па намалениот приход уште повеќе ја усложнува и онака тешката ситуација. Сметам дека истото треба и може да се уреди преку своевиден фонд за осигурување кој треба да го покрива боледувањето, а сепак да не е на трошок на работодавецот”. 💡

Најголем предизвик што Катерина го искусила како Working Mom било работење од дома со 3 годишно љубопитно дете во периодот на Ковид-19 пандемијата. 👩‍💻

„Некако многу брзо го заборавивме и го оставивме позади себе и ретко правиме рефлексија колку сме се промениле после тој сериозен период кој сите нè засегна. Тоа беше една непозната ситуација која нè затекна сите неспремни и која одредено време остана неизвесна. Истото е доказ како ние луѓето сме екстремно адаптибилни на промени кои нè туркаат надвор од комфорната зона. Предизвикувачки беше да се работи од дома со 3-годишно детенце кое непрестајно беше љубопитно за надворешниот свет кој го осознаваше, истовремено прилагодувајќи се на новата работна атмосфера каде сите требаше да научиме да бидеме стабилни и брзо да одговориме на промените и да постапиме, борејќи се да го задржиме позитивниот ум и состојба и покрај лавината неубави вести што секојдневно ни се пласираа во медиумите, сето тоа ограничено во нашите домови.” 

Динамичното време во кое што живееме би било невозможно да се издржи без поддршка од семејството. 🫴

„Морам да истакнам дека без потпора од семејството веројатно ни половина од ова што го имам постигнато не би го постигнала и истото го сметам за благослов и сум многу благодарна. Времето на работа е исклучиво за работа со целосен фокус и посветеност што ја намалува потребата од overtime. Времето дома е време за семејството и за себе. Има периоди што бараат некогаш да сум повеќе потребна во едниот сегмент или во другиот, но истото со претходен план и организација лесно се надоместува. Природно е да има денови кога некои работни активности го бараат нашeто внимание и по работното време како што е природно некој пат и личните семејни работи да го одземаат нашето внимание и време, па е потребно да користиме слободен ден или одмор. Не сметам дека треба да бираме или компензираме меѓу работата и личното време и времето со семејството. Времето на работа, работниот ангажман и активностите е она време кое го поминуваме најголем дел од денот. Затоа истото треба да се искористи во целост за завршување на сите предвидени активности, да работиме со голем фокус и концентрација за да си заминеме спокојно дома каде ќе се посветиме на себеси и семејството. Исто така, добро завршени работни задачи и остварени резултати носат посебно чувство на исполнетост и енергија кои прават да го имаме чувството на придонес како една од основните животни потреби. Професијата е дел од нас самите, од тоа што сме, бидејќи сме учеле, сме вложувале во нашето знаење и надградба”. 

Освен поддршката од семејството како императив, навистина е важно да сметаме на себе и секојдневно да се трудиме да бидеме што подобра верзија од она што сме биле вчера. 

„За да биде успешен на некое па и секое поле, треба да сметате на себеси, на саканите и на добриот тим. Затоа би кажала дека успехот подразбира сериозна работа на себе, треба да имате најголеми очекувања само од себеси и да преземете целосна одговорност. Дополнително успехот вбројува и добри и не толку добри денови кои ни се случуваат но преку кои растеме и го градиме нашиот карактер. Исто и семејство кое е тука за да не поддржи во сè што ќе го одлучиме и кое ќе има разбирање за ангажманите и секако – колеги со кои работиме на иста фрекфенција, со иста енергија и со иста цел, односно да бидеме најдобри и да се натпреваруваме самите со себеси за да бидеме подобри личности секој ден”. 

Токму грижата за себе е неизбежен начин за да станеме најдобрите родители за своите деца. ✨

„Грижа за себе на начин на сочувување или обновување, враќање на убавата енергија. Сметам дека сè е енергија, па покрај суштинските животни потреби за добра храна и квалитетен сон, научив а верувам и дека ја учам уште подобро секој ден е – правење на работи што ми ја исполнуваат душата и ми ја враќаат убавата енергија, истовремено селектирајќи и ограничувајќи го сè она што ме дренира. Убава енергија се создава и се обновува преку прошетка, убава седенка и разговор со блиски луѓе, квалитетна музика, некој убав филм, па дури и време сама за себе. Треба да се нормализира времето на секој човек кој го поминува сам со себе па дури и времето во правењето “ништо”. Само тогаш можеме да си ја смириме бучавата од ројот мисли, да дишеме длабоко, да бидеме креативни, да бидеме свои. Едноставно да успориме”. 

Само ако вложуваме во себеси, работно и духовно, може да бидеме добар пример за децата, смета Катерина. 

„Кога син ми беше помал, имав чувство на грижа на совест, но од денешна перспектива се смеам на истото. Смеењето не е затоа што чувството не е релевантно, туку затоа што јас сум го надминала истото и за тоа сум многу горда на себеси. Поставувањето здрави граници не се однесува само за прелевањето на работниот ангажман од работа дома, туку и обратно. Работниот ангажман не го доживувам како терет, стрес или нешто што ме уморува, туку простор во кој јас создавам, учам и се надоградувам секој ден и на крајот од денот истото носи чувство на вредност и исполнетост”. 

Таа смета дека рутината е здрава состојка во секое секојдневие и токму тоа и го пренесува на своето дете. 🙌

„Единствен ефикасен начин кој сметам дека постои за успешно комплетирање на сите предвидени работни и домашни обврски, а притоа да не се чувствувам изморено или да бидам под постојан притисок на времето е однапред добро дефиниран план и организација. Јас сум голем поборник на рутината и истата ја сметам за здрава состојка во моето секојдневие. Морам да потенцирам дека истото го научив растејќи го мојот син каде со неговото растење природно се зголемија и секојдневните обврски, но сфатив дека не мора да сме секаде и во секое време. Децата обожуваат рутина и претходна спремност за она што треба да следи и каде сè треба да бидат наредниот ден или во текот на неделата. Приоретизирам по итност, важност и по времетраење што повторно се сведува на планирање. Не сите активности се обврски, па затоа штом завршат сите неодложни обврски што нè измориле, задолжително одвојувам време за активности кои нè исполнуваат. Некогаш тие активности подразбираат цртање, читање, одење на сладолед или гледање филм. Често мислиме дека после напорен и интензивен работен ден ни е потребен физички одмор и тишина, но јас убавината и мирот ја најдов во едноставноста како на пример боењето или прошетката. Тоа е нешто што повторно ми ги полни батериите”. 

Како ресурси корисни за секој родител Катерина го препорачува водичот за медиумска писменост на родители „Дигиталниот свет на генерација Алфa” од Младински Образовен Форум. 

„Денес имаме бројни достапни канали и најпрво треба да бидеме селективни што читаме и какви информации примаме. Денешното време е уникатно по својата динамичност и советите од повозрасните не се секогаш применливи. Слободно можам да кажам дека секој еден родител секојдневно учи и сè додека го правиме тоа бираме што е најдобро за нашите деца. И преку платформата Working Mom може да се поддржиме како мајки за мајки и да се мотивираме и инспирираме за надминување на сите предизвици, бидејќи преку нив растеме. Секако и да споделиме совети и искуства за да станеме подобра верзија од себеси”. 🚀

Ова е совет што би го дала до сите родители: