Working Mom на Неделата: Катерина Јанева

Катерина Јанева е одличен пример за тоа колку флексибилноста што ти ја нуди фриленсерската кариера може да ти помогне да воспоставиш баланс помеѓу кариерата и мајчинството. ⚖️

Како Social Media Manager на Upwork, таа верува дека не мораш да го промениш твојот начин на живот поради децата, само треба да се адаптираш на нив и да продолжиш со истите цели. Децата ќе бидат покрај тебе без разлика на сè. 

Тоа што работам како фриленсер ми ја дава целата слобода да можам да бидам со своите деца кога најмногу сум им потребна, на пример кога се болни или сакаме да поминеме ден заедно. Откако ќе заспијат, ги доработувам тие саати што сум ги изгубила додека не сум била во канцеларија. Откако имам своја канцеларија веќе 1 година секој ден сум тука од 8 часот до 15 часот. Тоа ми дава јасност и фокус на распоредот и оптимално искористување на времето додека децата ми се на училиште и во градинка за да можам да сработам дел од проектите.  

Да може да го врати времето, посакува да кажела ДА на сета помош што ѝ ја нуделе семејството и пријателите околу децата, наместо да пробува да балансира сè сама заедно со сопругот. 💡

Ако заглавам на работа, знам дека ќе го надоместам тоа на некој начин. Ми прави големо задоволство кога ќе заглавам, а знам дека децата ми се згрижени и се забавуваат и без мене. Така што, немам чувство на вина, бидејќи не е често и веќе е надоместено однапред. 😊 Бидејќи имам сопствена канцеларија надвор од домот, летниот распуст ја земав ќерката со мене на работа. Таа си црта, јас си работам. Поминуваме време заедно и како семејство во природа, со пријатели. Тука сум за нив, присутна сум. 

Најголемиот предизвик со којшто се соочила како working mom е пандемијата. Но, токму тоа бил и нејзиниот најубав период од животот. 

Штотуку го родив Адам, моето второ дете, сè се затвори и се прогласи пандемија. Ќерка ми Софи остана дома, бидејќи не смееше да оди во градинка. Сопругот кој е 3Д артист исто така остана да работи од дома. Јас иако бев официјално на породилно, имав проекти и сакав да си ги сработам. Тоа ми беше најголемиот предизвик досега. Мало дете + новороденче + сопруг што работеше од дома. Исто така, тоа ни беше и најубав период од животот.

Нејзиниот сопруг веќе речиси цела деценија е нејзината најголема поддршка. ❤️

Мојот сопруг секогаш ме охрабрува да го правам тоа што ќе ме исполнува. Знае дека си ја сакам работата, тука е за мене и децата кога имам премногу проекти, или кога децата се болни и проектите се во застој. Безусловна љубов и подршка добивам од него веќе 9 години. 

За 10 години од сега, се гледа себеси како исполнета, среќна и опкружена со луѓе што ги сака и почитува.

Консумирајте сè што ве мотивира, ве охрабрува и ви прави да бидете подобри личности, подобри мајки, сопруги, пријателки, ќерки, снаи. Споредувањето ја одзема радоста. Затоа, кога ќе се споредувате со некој совршен профил на некоја мајка инфлуенсерка, да знаете дека тоа не е нејзината секојдневна реалност. Можеби домот ќе ѝ биде секогаш среден, но ќе има други работи што ќе ѝ бидат товар. Да бидеме тука едни за други, да се поддржуваме, бидејќи секоја една од нас пробува да балансира, да биде исполнета и нејзиното семејство да биде среќно. Секоја мајка се соочува со нешто што ја измачува. И кога мислиме дека сме сами во тоа наше секојдневие и дека на никој не му се случува тоа, добро е да прочитаме нешто што ќе нè охрабри. Мислам дека оваа платформа Working Mom ќе ни помогне во сето ова. 

Најдобриот совет што би го дала на сите идни мајки е следниов: ⬇️