Родителството ни помогна уште подлабоко да ја разбереме важноста на раните години, сигурната приврзаност, емоционалната стабилност и индивидуалниот пристап. Сакавме место каде што нашето дете ќе расте природно, љубопитно и самоуверено.
Па, како и секој амбициозен проект, и овој започна со една искра. ✨
Градинката како дел од Mеѓународно Училиште „Максимилијан”, одамна се размислуваше. Таа беше следниот логичен чекор во градењето на нашиот образовен концепт. Но, моментот кога станавме родители направи сè да стане уште појасно бидејќи токму сега е најлогично.
Како IB градинка и училиште, ние сме целосен образовен концепт, од јасли до крај на средно образование. Создаваме свој производ, своја педагошка култура, свој пристап.
Потребата не произлезе само од нас, туку и од нашите родители и клиенти кои постојано нè прашуваа: „Кога ќе отворите и градинка?“
Тоа беше сигнал дека заедницата верува во нашиот квалитет и сака континуитет.
Можеби е храбро да се влезе во бизнис со брачниот партнер, но кога имате заедничка визија станува природно. Ние не почнавме како „партнери во бизнис“, туку како родители со јасна мисија.
Секој од нас носи различни силни страни, но одлуките ги носиме со едно прашање: „Дали ова е доволно добро за нашето дете и за децата што ни се доверени?“
Токму таа вредност е нашата најцврста основа.
Предноста е што секоја одлука има подлабока смисла, работиме со срце и со свесност дека градиме нешто што ќе трае.
Недостатокот е што понекогаш е тешко да се направи граница помеѓу домот и работата. Но, научивме дека балансот не значи совршенство, туку постојано прилагодување и поддршка еден на друг.
Нежноста, темпото, почитта кон индивидуалноста, сето тоа е инспирирано од нашето родителско искуство. Просторот е топол и внимателно дизајниран, а програмата следи IB принципи и пристап фокусиран на детето, со цел континуитет во учењето од најрана возраст.
Нашиот „таен зачин“ како нашата градинка се издвојува од останатите е концептот и континуитетот. Ние не сме изолирана градинка, ние сме дел од целосен образовен систем.
Родителите знаат дека нивното дете расте во средина со јасна педагошка филозофија, IB вредности и долгорочна визија. Од јасли до матура: ист пристап, исти вредности, иста грижа.
Градинката е наменета за деца од 9 месеци до 6 години, со развојно прилагодени програми за секоја возраст.
Би си верувале уште повеќе. Кога градите нешто ново, секогаш има сомнежи. Но, искуството ни покажа дека кога имате јасна визија и тим кој верува во истите вредности успехот сам си доаѓа.
Родители, верувајте си! Вашата интуиција како родител е најсилниот компас. Ако чувствувате дека вашето дете заслужува повеќе внимание, повеќе структура или појасна визија, тоа чувство е оправдано.
Понекогаш токму родителите се тие што иницираат промени и создаваат подобри решенија.
Родителите можат да нè контактираат директно преку порака на социјалните мрежи Инстаграм (int.kindergarten.maximilian) и Фејсбук (International Kindergarten Maximilian), телефон: 070/344-794, или да закажат средба со нашиот тим.
Со задоволство ќе ги запознаеме и ќе им го претставиме концептот што го градиме од јасли до крај на средно образование 🤍
© 2023 Created with love