Како да започнеш онлајн бизнис како full-time мајка

Секогаш велат дека мајчинството целосно ти го менува животот. И тоа е вистина. 

Но, понекогаш, покрај безусловната љубов и новите предизвици, мајчинството може да ти подари и нешто многу повеќе – инспирација за нов почеток.

Јас сум Марија, имам 24 години и сум мајка на едно прекрасно девојче. 👧

Токму нејзиното раѓање беше она што ме натера да почнам нешто ново – работа од дома што ќе ми овозможи да бидам до неа, а во исто време да создавам вредност и за други жени.

 

Од првите чекори до првата клиентка

По породувањето знаев едно: 

Сакав времето што го имам (додека да се вратам на факултет) да го вложам во нешто што ќе ми носи приходи, но и задоволство. 

На почеток, се обидов со дизајн на честитки и картички, но набрзо сфатив дека тоа не е мојот пат. Почнав да истражувам, да учам и така се роди мојот Instagram профил @virtually_marija.

Ноќите кога Калија спиеше беа мое време за учење – учев да креирам лендинг страни, завршив курс за UX/UI дизајн, курс WordPress, Google Ads, програма за креирање содржина… сè што можеше да ми помогне да ја изградaм мојата нова професија, додека да сфатам што е тоа што најмногу го сакам.

Иако бев првата кај нас што се појави со титула „виртуелен асистент“ и луѓето дури ни не разбираа што е тоа, веќе првиот месец добив клиентка. 👩‍💻

Тој момент ми даде сила да продолжам. Мислите како ‘нема потреба од виртуелен асистент кај нас’ се претворија во ‘што ако ова има смисла?’

 

Инвестиција во себе

Откако скоро година ипол учев сама, дојде и време да одлучам – дали да се вратам на факултет (кој ми беше во мирување) или да го следам новиот пат? 

Избрав да се вложам во себе и се запишав на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Без сомнеж, тоа беше една од најдобрите одлуки во мојот живот.

Секој слободен момент го користев за учење. Работев и бесплатно, само за да стекнам искуство и да можам да понудам повеќе. Со тек на време, приходите ми се дуплираа, а најважно ми е што јас навистина уживам во мојата работа.

Она што сакам да го споделам за сите мајки е дека јаснотијата навистина доаѓа со акција. 💯

И јас на почетокот не знаев дали емаил маркетинг е за мене, ама со тек на времето сфатив дека тоа е една од сферите што ги владеам најдобро. Исто така, креирањето контент ми стана едно од моите омилени активности. 

Што и да е твојата цел, јас те охрабрувам да почнеш!

Не знаеш каде ќе те однесе твојот пат. Јас започнав како виртуелен асистент со три понуди (лендинг страна, newsletter и в.а.), а денес имам три формирани пакети од понуди, над 50 задоволни клиентки зад мене и време за мене и моето семејство.

 

Денес

Денес сум виртуелен асистент и social media manager со повеќе од 50 успешни соработки зад мене. 

Работам со жени претприемачки, им помагам да ги организираат административните задачи, да креираат содржина, да одржуваат newsletter и да водат профили на социјални медиуми. 

Во последниот период се фокусирав на креирање контент и маркетинг стратегии бесплатно – за да научам повеќе. Па, мислам знаеш која ми е следна услуга. 😉

Но, најмногу од сè, сум тука како поддршка. Знам колку е тешко да се носиш со сите обврски и да водиш бизнис. 

Затоа, мојата мисија е едноставна: да им го олеснам секојдневието на жените и да им помогнам да ја искористат моќта на дигиталниот свет за да растат и да блеснат.

 

Моја порака до сите мајки

Ако си мајка и чувствуваш дека сакаш нешто повеќе за себе не се плаши од почетоците. Не мораш да имаш сè испланирано, важно е да започнеш. 

Верувај ми дека твоето мајчинство не е пречка, туку најголемата инспирација што може да те води кон твојот нов пат. 

За крај, сакам да се заблагодарам на мојот сопруг, кој работеше без пауза додека јас бев на моите почетоци и кој всушност цело време ме поддржуваше и охрабруваше дека ова е можно. Дури и кога мислев дека не е можно, тој ме потсетуваше колку многу имам постигнато до сега.❤️

Сакам да кажам огромно фала и на мојата Катерина Љамова Богоевска. Кате ми помогна толку многу што исто така сметам дека да не беше и таа – пак немало да сум тука. 

Таа ме научи на многу работи на почетокот и јас од срце ги препорачувам нејзините програми на сите кои имаат/планираат онлајн бизнис. 

Секој нов ден е шанса да создадеш нешто твое. Ако јас можев, можеш и ти.

И за крај, доколку имаш потреба од помош и поддршка од виртуелен асистент и social media manager – те охрабрувам да ми пишеш. Те уверувам дека и твојот бизнис може да процвета. 🪄

 

Автор: Марија Ѓорѓиевска