Јелена Стојковиќ е уште еден убав пример за успешна и реализирана жена и мајка којашто верува дека вложувањето во себе, постојаното учење, усовршувањето и отвореноста да се пробаат нови работи секогаш се исплаќа. 🚀
Како Маркетинг Менаџер, таа морала на потешкиот начин да научи како добро да го менаџира своето време на работа, но и дома.
Еден од најголемите предизвици со коишто се соочив беше кога едно од моите деца (сега веќе бебе од 14 месеци), имаше 9 месеци кога се вратив на работа и морав да го пратам во градинка. Со сопругот живееме сами и немаме дополнителна помош од страна на баби и дедовци. Одеднаш, се најдовме растргнати помеѓу едно дете кое треба да стигне во училиште до 8 часот наутро и бебе кое треба да се навикне да оди во градинка каде што исто така треба да биде најдоцна до 8 часот наутро. Притоа и ние требаше да стигнеме навреме на работа исто така до 8 часот. Беше доста напорен период, но работите некако почнаа да се стабилизираат.
Ова се стратегиитe што Јелена ги користи за да го менаџира своето време:
✅ Најпрво и најважно, водам to-do листа во која ги запишувам сите задачи и таскови кои треба да ги завршам со датуми. Ги завршувам една по една согласно приоритетноста на секоја од нив.
✅ Не практикувам одлагање на задачите, односно се трудам да ги завршам во истиот момент кога сум ги испланирала дека ќе ги сработам согласно претходно поставената to-do листа.
✅ На работа, секогаш соработувам со мојот тим и заеднички правиме поделба на тасковите, и на тој начин ефективноста се зголемува.
✅ Користам AI алатки како ChatGPT.
✅ Користам време за одмор и релаксација како важни начини за да си го задржам фокусот.
Таа вели дека мајчинството ѝ е поттик да биде организирана и фокусирана на работните задачи со цел навремено да ги заврши во текот на денот и веднаш штом дојде дома, да може без грижа да се посвети на своето семејство.
По завршување на работниот ден, остатокот од денот ми поминува со членовите на семејството. Тоа не ми е оптеретување, туку баш напротив – освежување од работниот ден и преминување во една друга средина во која преовладува игра, плачки, смеа, дружба и многу љубов. Во случај да заглавам на работа, со чувствата на вина или грижа на совест се справувам со многу гушкање и љубов. Надоместувам во првиот момент кога имам можност за тоа и гледам да поминам колку е можно повеќе време со моето семејство. 👨👩👧
Добрата организација на времето е нејзиниот најдобар пријател. Ова се златните правила според кои се води:
💡 Покрај работните обврски, секогаш имам предвидено време во текот на секој ден за да се слушнам телефонски со моето семејство.
💡 Имаме посебни ритуали и специјални моменти што ги правиме откако ќе дојдам дома, и работи што знам дека им се важни и ги прават среќни.
💡 Се фокусирам на квалитетно поминато време заедно. Колку и да е кратко времето со семејството, секогаш се трудам тоа да биде навистина квалитетно.
💡 Ги планираме викендите заеднички и со нетрпение ги очекуваме за да ги реализираме сите претходно поставени заеднички активности.
Нејзината најголема поддршка ја гледа во својот сопруг, а инспирација црпи од платформата Working Mom и низ страниците на добра книга како „Емоционална интелегенција” на Даниел Големан што ја препорачува на сите родители.
Драго ми е што постои ваков тип на платформа како Working Mom во која се дава сосема заслужената важност за мајките коишто се трудат да постават баланс помеѓу мајчинството и кариерата, бидејќи секоја од нас знае колку предизвикувачки умее да биде тоа. Треба многу да се зборува на оваа тема, затоа оваа платформа е непроценлива и верувам дека ќе се развие на многу повисоко ниво. Секоја чест! Ја имате мојата поддршка во секој сегмент! 🙏
Најдобриот совет што би го дала на сите идни мајки е следниов: ⬇️
© 2023 Created with love