7 изговори што треба да престанеме да си ги кажуваме во 2024та за да бидеме својата најдобра Working Mom верзија

Изговор #1

Сега кога имам деца, навистина немам време да размислувам за моите кариерни амбиции. 😳

Решение: Помалку скролање на социјалните мрежи, повеќе време поминато во едукација, себе-рефлектирање и разговори со луѓе што те инспирираат.

 

Изговор #2

Имам грижа на совест дека не поминувам доволно време со децата бидејќи морам да работам.

Решение: Фокусирај се на квалитетот на времето што го поминуваш со твоите деца и елиминирај секакви дистракции кога си со нив.

 

Изговор #3

Откако имам деца, не чувствувам дека можам да напредувам во кариерата, ниту пак сум добила унапредување или покачување на плата.

Решение: Во погрешна компанија си! Ако компанијата во која што работиш чувствуваш дека те уназадува и дискриминира затоа што си родител, што правиш уште таму? 👀

 

Изговор #4

Кога ќе ги споделам моите кариерни амбиции, чувствувам осудување од околината, бидејќи од мене се очекува целото мое внимание и енергија да ми бидат насочени кон детето. 

Решение: Околината секогаш ќе те осудува, без разлика што и да правиш. Ти најдобро знаеш каква мајка/татко сакаш да бидеш, а со тоа и каков пример ќе му дадеш на своето дете.

 

Изговор #5

Не можам да постигнам баланс помеѓу работата и семејството.

Решение: Наместо слепо да се стремиш кон баланс, постави строги граници и приоритети – балансот ќе си дојде како резултат на тоа.

 

Изговор #6

Себично е да се грижам за себе кога сум родител, да одам на масажа, вежбање, медитација.

Решение: Не можеш да го дадеш тоа што го немаш! Само среќна мајка/татко растат среќни деца. 💡

 

Изговор #7

Јас морам буквално сè да направам дома, зашто никој друг нема да може да ги направи работите како мене. Тоа ме прави да се чувствувам прегорено и да немам енергија за ништо.

Решение: Делегирај, делегирај, делегирај. Ќе се изненадиш колку луѓето се спремни да ти помогнат и колку навистина сакаат да се чувствуваат корисно.