Марина од Хесед: Нудиме безбедна, топла и стимулативна средина каде децата напредуваат, а родителите се чувствуваат сигурни и спокојни

Како личност со изострена перцепција и длабоко критичко размислување, уште од млади години развив љубов кон образованието. 

Кога се вратив од Соединетите Американски Држави и започнав да работам како одделенски наставник, веднаш ги воочив и предностите и слабостите на нашето образовно опкружување. 

Наместо да чекам „реформа одозгора“, решив да започнам од таму каде што можам – со секое дете, еден на еден.

Така настана Хесед – како место каде што образованието не е само учење, туку и длабока човечка врска, разбирање и љубов.

Создадовме повеќе услуги кои се достапни преку целата година во различен временски период.

✅ Дневен престој преку учебна година

✅ Летна Школа – Тропски Горештини за време на летен распуст

✅ Зимски распуст – Зимска Идила 

✅ Приватни часови преку учебна година

✅ Развој на емоционална интелигенција – преку учебна година

 

Секое дете е прифатено токму такво какво што е

Нашата суштина се вистинските човекови вредности: поддршка, разбирање, мирољубивост, сочувство, доверба, надеж – и над сè, љубов.

Во Хесед, секое дете е прифатено токму такво какво што е. Работиме со автентична синергија со секој ученик, градејќи индивидуален пристап и програма што ја создадовме самите – македонски производ од наши наставници и визионери. 

Ние не копираме туѓи модели – ги создаваме нашите. И токму затоа сме различни.

Хесед како поддршката што им е потребна на родителите

За нас, довербата започнува со длабока почит кон секој родител. Тие ни го доверуваат највредното што го имаат – нивното дете. 

Затоа, секој наставник во Хесед мора да поседува емпатија, мајчински инстинкти, стручност и љубов. Само така можеме да изградиме безбедна, топла и стимулативна средина каде децата напредуваат, а родителите се чувствуваат сигурни и спокојни.🤗

На родителите кои се во потрага по безбедно, поддржувачко и стимулирачко место за нивните деца после училиште би им препорачала:

Пробајте нè. Доаѓајте на разговор, видете како работиме. Можеби токму ние ќе бидеме она вистинското место што сте го барале.

 

🎒Програма за дневен престој создадена за зафатени родители

Нашата програма е создадена токму за зафатени родители – ние преземаме целосна грижа за вашето дете пред или по училиште.

Со програмата опфаќаме:

  • Пишување на домашни задачи.
  • Учење и повторување на сите лекции од училиште.
  • Подготовка за тестови.
  • Пополнување на празнини во знаењето.
  • Вежби по математика, јазик, прераскажување и др.
  • Развивање на самодоверба и работни навики како и процесот на стекнување вештини за самостојно учење во иднина.
  • Дополнително, обезбедуваме сигурен транспорт од и до училиште, оброк по желба, и најважно – место каде децата се чувствуваат прифатени, релаксирани и сакани.

 

Еден типичен ден во Хесед за дете на дневен престој

📌 Прва смена:

  • Топол прием со чај и колачиња
  • Разговор со наставник за адаптација
  • Завршување на домашни и подготовки
  • Време за одмор
  • Оброк (опционално)
  • Превоз до училиште

 

📌 Втора смена:

  • Преземање од училиште
  • Одмор и релаксација
  • Домашни задачи, учење лекции, вежби
  • Социјализација и оброк

Фокусот е на целосен развој како изградба на карактер и вредности, индивидуален пристап според талентите на секое дете, развивање на емоционална интелигенција преку глума и игри, редовни работни навики и љубов кон учењето.

Најсоодветни за оваа програма се децата од 1во до 7мо одделение кои се во класична смена, имаат потреба од дневен престој, училишна поддршка и структурирана рутина.

Приватни часови како поддршка за успех

Нудиме интензивни програми во мини-групи со максимум 4 ученици, хетероген состав од 1 до 5 одделение. 

Фокусот е на македонски јазик и математика, со два термина неделно по 90 минути. Резултатите се видливи веќе по 2 месеца.

Ги покриваме сите училишни предмети:

  • Македонски јазик
  • Математика
  • Природни науки
  • Историја и општество 
  • Англиски јазик за деца
  • Деловен англиски за возрасни

Нашиот тим се состои од стручни, селектирани наставници обучени според нашата методологија.

Ги мотивираме децата да го сакаат учењето, дури и кога имаат отпор со љубов, со поддршка, со трпение. 

Ние не ги тераме децата да учат – ги водиме да откријат колку можат кога некој верува во нив. Знаењето гради самодоверба, а самодовербата гради љубов кон учењето.

 

Нашиот тим и пристап

Хесед е визија на Марина Христова и Ненад Спасовски – двајца ентузијасти и практичари со повеќегодишно искуство во образованието и развој на деца. 

Тие лично го обучуваат тимот – наставници кои се избрани не само според стручност, туку и според карактер, посветеност и љубов кон децата.

Најважните квалитети што треба да го има еден едукатор денес се љубопитност, иновативност, емпатија и способност да ги разбере децата во свет каков што е денес. 

Потребно е знаење – и од книгите, и од животот. Но, над сè – љубов. Тоа е алфата и омегата во нашата работа.

Апел до родителите

Дојдете. Запознајте нè. Погледнете како изгледа едно попладне во Хесед. Верувајте во нови идеи и дозволете вашиот највреден ресурс – детето – да расте во средина што инспирира, негува и гради карактер.

Секој работен ден сме достапни за информации, разговор или закажување на пробен ден. Уписите се во тек – јавете се и резервирајте го вашето место на време.

 

Автор: Марина Христова

 

За да дознаеш повеќе:

Веб-сајт: https://hesed.edu.mk/

Инстаграм: @hesed_mk

Фејсбук: ХЕСЕД – Неформално образование за деца и млади

📞 070 881 192

📧 icyohesed@yahoo.com