Working Mom на Неделата: Фросина Божиноска

Вината е составен дел од мајчинството. Мораш да научиш да живееш со неа. Да ја прифатиш како чувство и да ја валидираш. Таа е доказ дека си добра мајка, а не обратно.💡

Фросина Божиноска нè потсетува и дека не треба да се плашиме да побараме помош кога навистина ни е потребна, да напуштиме работа што не ни одговара, да кажеме јасно и гласно што е прифатливо за нас, а што не е.

„Линијата на здравите граници помеѓу семејството и работата е многу тенка. Сум поминала низ многу тешки и напорни периоди кога сум се чувствувала како таа линија едноставно да не постои, или е многу избледена. На почетокот ми беа многу тешки службените патувања. Сè уште ми се. Кога треба да ги оставам децата на неколку дена вината ми е на најјако. Сега ми е за нијанса полесно, ама ова ми останува сè уште најголем предизвик. Мислам дека во еден таков момент се случи пресврт во мене. Самата со себе решив дека семејството ќе ми биде секогаш приоритет и секогаш на прво место, а ќе најдам начин работата да ја организирам околу тоа. И најдов. Кога ќе почнеш да поставуваш граници сфаќаш дека не толку страшно и дека луѓето околу тебе ќе најдат начин да се адаптираат”.

Товарот е многу поразличен кога си вработена мајка отколку вработен татко, вели таа. 👀

„Пред сè, не мислам дека мајките и татковците треба да се третираат исто. Многу поголем предизвик е да бидеш вработена мајка отколку вработен татко. Товарот и одговорноста што ја носи мајката секогаш ќе биде поголем и мислам дека тоа треба да се адресира. Еве еден прост пример: Ако детето се разболи, кој е тој што ќе остане дома да го чува? Во 90% од случаевите тоа ќе биде секогаш мајката, особено во првите неколку години од животот на детето. Клучно е компанијата да може да понуди флексибилност, како работа од дома, флексибилно работно време и слично. Но и едукацијата е екстремно многу битна. Мислам дека е време компаниите да почнат да размислуваат за тоа како да им помогнат на родителите да се справат со предизвиците. Од едукација за родителство, time management, па дури и психолошка поддршка”. 

Решението го гледа во воведување на флексибилно работно време.

„Ова е многу голема тема и има многу варијабли, ама она што мислам дека е најклучно е флексибилноста. Можноста да можеш да да работиш од дома, да не бидеш секогаш врзан со точно работно време. Ова секако бара и добра организација од страна на компанијата. Исто така се надевам дека наскоро ќе видам компании што имаат активна улога во поддршката при згрижување на децата додека родителот е на работа. Ова е еден голем предизвик моментално за сите родители со мали деца кај нас во Македонија”. 

Начинот на кој што таа успева да се организира е со роковник каде што ги запишува сите дневни обврски, важни настани, состаноци, цели, планови. 📝

„Како мајка на две деца и жена што работи full time, во главата имам постојано милион точки и планови што треба да се завршат. Ставање на сето тоа на хартија некако ми дава перспектива за што е тоа што сакам да го постигнам во следниот период, што е битно, а што не е. Во принцип поставувам цели и планови на годишно ниво, месечно и неделно. Не секогаш ми успева да постигнам сè, ниту мислам дека е тоа возможно, но секоја мала победа ми значи екстремно многу. И ме учи многу за себе. Се случува да постигнам некоја цел и да ја пречкртам буквално со црвено пенкало за да сфатам дека веќе не ми е битна или не ми е приоритет. Со бројот на активности што често ги имам, понекогаш е многу тешко да се фокусирам на едно нешто. Тогаш пуштам тајмер, музика или аудио книга, ги тргнувам сите дистракции на страна и почнувам. Морам да кажам дека како и секој друг нормален човек некогаш денот ми излегува од контрола. Ама утре е нов ден и почнуваме од ново”.

Нејзината најголема поддршка се жените со кои е опкружена. 💃

„Имам толку прекрасни силни жени околу мене, мајки што ми даваат безусловна подршка за сè и неверојатна сила да постигнам сè што сакам”. 

Кога Фросина станала мајка по втор пат, сфатила дека ако не се грижи за себе, нема да може да биде ниту мајката, ниту личноста каква што посакува да биде.

„Се трудам да си ги слушам моменталните потреби. Некогаш тоа е медитација, некогаш е вежбање. Се трудам да бидам конзистентна со овие две. 😅 Ама тоа што најмногу ми ги полни батериите се кафе со другарка или книга. Јас сум голем љубител на книги и подкасти. Меѓу омилените книги за родителство ми се The Whole Brain Child (Daniel J. J. Siegel and Tina Payne Bryson) и Hold on to Your Kids (Gabor Maté and Gordon Neufeld)”.

Ова е нешто што Фросина би ги советувала сите родители: ⬇️