Working Mom на Неделата - Емилија Гроздановска

Во оваа брзо време на промени, совршениот баланс помеѓу работното место и домот е речиси недостижен. Она што можеме да го направиме е поставување реални очекувања и ефективно планирање. 👀

Токму во таа постојана борба со времето, Емилија Гроздановска нè потсетува колку често знаеме да заборавиме на себе и на своите лични потреби. Затоа, важно е да си ја одржуваме индивидуалноста, личните интереси и секако – да си дадеме време за одмор.

Емилија-Гроздановска

Планирање на неделно ниво, поставување на приоритетни работни задачи, правење на список со обврски се само дел од стратегиите што Емилија ги користи за да има максимален перформанс работејќи како Digital Marketing Manager & Offline Marketing Specialist. 

„Имам неколку “тајни” што ми помагаат за да поставам баланс меѓу кариерата и мајчинството. Но, можам да издвојам дека поставувањето на реални очекувања, како дома со децата, така и на работно место, е една од најголемите тајни за баланс. Како мајка којашто работи, сосема ми е јасно дека во оваа брзо време на промени, совршен баланс не постои. Па затоа, си поставувам реални очекувања што можам да ги исполнам за да имам време за своите деца”. 

Таа вели дека не би променила ништо во своето досегашно искуство како Working Mom. Сето тоа искуство ѝ покажало дека среќна и задоволна жена е и среќна мајка, а среќна мајка значи и здрави и среќни деца. 💡

„Во компанијата каде што работам, не се случува често да заглавам на работа. Се трудам да ги сведам на минимум деновите кога се заглавува. Сепак, доколку се случат, обавезно мама доаѓа дома со некоја друштвена игра и пробуваме низ игра да си посветиме време еден на друг. Викендите ми се максимално исполнети со квалитетно време за семејството, исклучување на мобилни телефони и секаква технологија”. 

Најголемата поддршка ја добива токму од својот партнер. ❤️

„Јас сум мајка којашто патува во друг град до своето работно место и клучниот елемент што ми помага е поддршката во мајчинството. Велат дека зад секоја успешна жена стои „баба којашто ѝ ги чува децата”, но јас морам да кажам дека кај мене, најголема помош е мојот сопруг, кој има големо разбирање за мојата кариера и желба за напредок. Така што, најбитните работи коишто можам да ги издвојам се комуникацијата со партнерот и поддршката од блиските”. 

Ресурси што ги препорачува како корисни за сите Working Moms се следниве:

✅ Подкастот на Emily Freeman “The Best One Yet” што се обидува да им помогне на жените да го постигнат балансот помеѓу семејството и кариерата.

✅ Профилот @themompsychologist на Instagram за психолошките совети за вработени мајки. 

✅ Платформата Working Mom – веб-сајт во кој јас лично секојдневно ја пронаоѓам „утехата“ и си ги олабавувам мислите. 

„Кога темите поврзани со мајчинството се активно обезбедени, работните услови можат да се подобрат. Додавањето на флексибилни опции и поддршка за мајките што работат, може да биде корисно како за  вработените, така и за компаниите”.

За 10 години од сега, таа се гледа себеси како успешен родител кој пред сè, успеал да постави добри основи за развој на тогаш 14 и 12 годишно дете. А потоа, и како успешна, реализирана жена на врвот на својата кариера. 🚀

А ова е совет што Емилија би го дала на сите идни мајки:

Емилија-Гроздановска