Во динамичниот свет на мајчинството, создавањето успешна приказна како мајка, но и лидер на тим, бара комбинација од стратешко планирање, посветеност на двете улоги и приспособливост на секоја ситуација.
Ема Ставриќ којашто работи како Content Manager е пример како со искористување на своите силни страни, со надминување на предизвиците и прифаќање на можностите што ги носи мајчинството, мајките можат да го отклучат својот целосен потенцијал како лидери на тим што помагаат при создавање на просперитетни компании. 🚀
Една од клучните работи за реализирање како успешна мајка, но и врвен професионалец се нејзините вештини за менаџирање со време и приоритети.
„Многу ми помага кога однапред ќе ја испланирам работната недела, па така постојано користам to-do листи со приоритети, и поставувам потсетници во календарот за да работам паметно, а не напорно. Кога работам, ги елиминирам дистракциите, a кога губам фокус излегувам да прошетам”.
За да го балансира мајчинството и кариерата, таа строго го разграничува времето помеѓу работата и квалитетно време поминато со ќерка ѝ. 👧
„Фокус и свесност во моментот на она што го правам. Кога работам-работам и се изолирам за да можам побрзо да завршам и поквалитетно да сработам, а кога сум со ќеркичката целосно ѝ се посветувам и се исклучувам од сите дистракции. На овој начин не чувствувам вина ниту грижа на совест. Дополнително, кога флексибилноста на работата ми дозволува, ги прилагодувам работните саати според нејзиниот ритам, па така користам да сум со неа кога е најактивна и будна. Исто, открив дека мултитаскингот веќе не ми годи како порано. Секако, има исклучоци”.
Ако треба да промени една работа во своето досегашно искуство како working mom, Ема посакува порано да се одлучела да тргне на оваа патување без да има страв дека нејзината кариера ќе страда.
„Најголемиот предизвик ми беше да го истренирам мозокот да не се преоптоварува со тоа “дали е сè во ред” со детето кога некој друг го чува а јас работам. На почетокот ми беше потсвесно во мислите и не можев целосно да се фокусирам и да бидам најпродуктивна, но постепено се опуштив”.
Нејзината најголема поддршка се сопругот и родителите. ❤️
„Среќна сум што од самиот почеток наидов на разбирање и поддршка од сопругот и добив огромна помош од родителите кои се постојано до мене и ми помагаат со обврските. Целосно стојам зад изреката – потребно е цело село за да се одгледа дете – и многу сум благодарна што е така”.
Ресурси што според Ема, би им биле од голема полза на сите родители се следниве:
✅ „Dr Spock Baby and Child Care” – нејзина книга водилка од почетокот на ова патување
✅ Книгата „Свесно мајчинство“ од Нада Бучевиќ
✅ Инстаграм профилот на Dr Siggie Cohen, полн со едукативен контент за свесно воспитување
✅ „Конференција за свесно родителство“ организирана од Катерина Љамова Богоевска
„За крај, сакам да се заблагодарам на Дани за оваа иницијатива да нè сплоти сите working moms and dads на едно место. Родителувањето е постојан процес на учење и себе-надградување, важно е да знаеме дека не сме сами. Се радувам што сум дел од оваа заедница. Со споделување на најразлични гледишта и искуства, платформата Working Mom може да прерасне во заедница, со поддршка и совети за сите, катче каде може да се разменуваат мислења и каде се разработуваат теми за коишто не се зборува јавно, особено за мајки коишто работат како фриленсери, па темите како платено породилно отсуство сè уште се табу тема”.
Најдобриот совет што би го дала на сите идни мајки гласи вака: ⬇️
© 2023 Created with love