Станувањето мајка не ме уназади – ме промени. Ми донесе нова перспектива и појасна слика за тоа што навистина ми значи.
Но, би била нереална ако кажам дека беше лесно. Имаше период кога направив пауза од работа. Тоа остава трага – особено кога работиш сам за себе и си навикнат секогаш да си „во тек“. 🤷♀️
Сепак, токму по тој прекин, се вратив со уште поголема мотивација и дисциплина.
Мајчинството ме научи да ја ценам секоја минута – да бидам поорганизирана, поефикасна и да завршам сè во работното време, за потоа да можам целосно да му се посветам на детето.
Така научив дека може да се гради бизнис и семејство паралелно – со многу љубов, трпение и реални очекувања.
Ќе бидам искрена – балансирањето меѓу бебе и сопствен бизнис не е лесно и нема совршена формула. Има денови кога сè оди по план, и денови кога ништо не оди како што си замислил/а. Но, со време научив дека не мора сè да биде совршено за да биде добро.
На почетокот сè беше предизвик – недостиг на сон, организација, грижа дали можам да постигнам сè. Но, постепено научив да поставам приоритети, да бидам пофлексибилна и да прифатам дека не секој ден е продуктивен, и тоа е во ред.
Имам среќа што имам поддршка од партнерот и семејството, што многу значи.
Денес, веќе со повеќе искуство, гледам дека мајчинството не ме оддалечи од работата – ме направи посилна, постојана и поорганизирана. Тоа чувство на баланс не доаѓа веднаш, туку се гради – со многу љубов и трпение.
Мајчинството ми донесе нова димензија на силата – не онаа гласната, туку тивката, упорната и постојаната. Одеднаш сè што правам доби поголема смисла, затоа што сега имам мал човек кој гледа и учи од мене. 👩🍼
Тоа ми стана најголемата мотивација – да бидам пример, да покажам дека може да се биде и мајка и жена со свој сон и визија.
Ме научи на трпение, на истрајност и на тоа дека и кога си уморен, можеш да најдеш сила ако тоа што го правиш те исполнува.
Мајчинството ми даде појасна цел, а Spectroom стана уште повеќе од работа – стана мој личен доказ дека љубовта, трудот и истрајноста секогаш носат резултат.
Идејата за Spectroom се роди природно – од љубовта кон уредување и создавање простори што носат чувство на дом. Со текот на времето сфатив дека сакам да имам нешто свое, место каде секој проект ќе биде личен и искрен.
Најубавиот дел од мојата работа е чувството кога создавам нешто што значи нов и убав почеток за некого — домот, канцеларијата, просторот каде ќе се раѓаат нови идеи. Сакам кога оставам свој белег, кога во секој проект се гледа дека е создаден со љубов и посветеност.
Среќна сум што имам професија што носи среќа и на другите.
Пресвртен момент беше сознанието дека совршен момент не постои – мораш сам да го создадеш. Па решив да ја следам интуицијата и да започнам.🚀
Преку Spectroom им помагам на луѓето да создадат простори што навистина им значат – домови и деловни простори во кои ќе се чувствуваат удобно, инспирирано и среќно.
Сакам секој проект да носи личен печат и да ја раскажува приказната на оние кои ќе живеат или работат во тој простор.
Spectroom нуди целосна изработка на проекти за ентериер, што значи дека клиентите добиваат прецизни насоки за секој детаљ – од мебел, преку распоред, до финалната естетика. Со тоа добиваат јасна визија, целосен концепт на просторот и заштеда на време и нерви.
Проектите се креирани така што максимално се искористува просторот, комбинирајќи практичност и убавина, и се доловуваат преку 3D фотореалистични рендери и 2D технички цртежи, па клиентот добива готов проект – доволно е само да започне со изведба и просторот ќе изгледа точно како нацртано.
Најубавото за мене е кога им помагам на луѓето да создадат свој нов почеток – простор што им го олеснува секојдневието и каде секој детал има значење.
Со Spectroom, не уредуваме само ентериери – создаваме простори со душа, практични, убави и инспиративни. 🛋️
Следниот чекор за мене и за Spectroom е да продолжиме да создававаме простори што носат радост и инспирација. Сакам да експериментирам со нови стилови и концепти, да воведам иновативни решенија за практичност и одржливост, и да им помогнам на повеќе луѓе да ги реализираат своите идеи за дом или деловен простор.
Исто така, личната визија ми е да ја споделувам мојата сторија и искуства со други мајки и претприемачки – како мајчинството и бизнисот можат да се балансираат, и како љубовта кон тоа што го правиш може да ги направи проектите посебни.
Сè што правам е со намера да донесе радост и исполнетост кај клиентите – тоа чувство кога започнуваш нешто ново, реновираш или создаваш простор како што отсекогаш си посакувал.
Кога го гледаш конечниот резултат, чувството е непроценливо. Таа среќа и задоволство остава траен белег – и кај луѓето, и во просторот што го создадам.
Кога ќе размислувате да разубавите свој дом или да направите промена од корен, јас сум тука да ве водам низ целиот процес со сигурност и внимание на секој детаљ.
Со мене ќе добиете не само убав и функционален простор, туку и целосен концепт што ќе ви заштеди време, нерви и непотребни грижи.
Работам така што секој проект е внимателно осмислен, од идеја до реализација, со практичност, естетика и чувство за вашата приказна.
Со мене, вашиот простор ќе биде не само уреден, туку инспиративен, удобен и целосно ваш – место што носи радост и задоволство секој ден. Ако сакате резултати што се видливи, јас сум тука за вас. 💪
Можете да ја следите мојата работа и моите проекти на социјалните мрежи: Instagram и Facebook како @SpectroomInteriorDesign, каде што редовно споделувам нови проекти, инспирации и моменти од процесот на создавање на простори со душа.
Исто така, сите новости и приказни може да ги најдете на мојот Linkedin профил Елена Здравков.
Со нетрпение чекам да ве инспирирам и да ве водам низ светот на уредување и дизајн!
Автор: Елена Здравков
© 2023 Created with love