Working Mom На Неделата: Драгица Стаменковиќ

Многу мајки не си даваат доволно приоритет на себе, заборавајќи дека тие се оние што го водат шоуто. Често фокусот го ставаат на своето дете, а потоа и на другите членови на семејството, а себе си се ставаат на самото дно на листата. 👀

Но, Драгица Стаменковиќ ни покажува дека грижата за себе и своите интереси, Ви овозможува да се ставите себеси во подобра позиција не само како мајка, туку и како професионалец. Само ако правилно се грижите за себе, ќе имате енергија да ги исполните Вашите мајчински должности, но и да блеснете во кариерните потфати.

„Се грижам за себе на многу начини. За мене, покрај физичкото, и менталното здравје е многу важно. Се трудам да се хранам здраво и вегетаријански, пијам доста вода и чаеви. Одам на масажи на тело, на звучни масажи и гонг купки. Читам, пишувам, се занимавам со различни арт активности. Повремено вежбам јога, вежбам и од дома, но сепак сметам дека треба да сум поактивна на тоа поле”.

На овој начин, таа собира доволно енергија и елан за да може свесно да им се посвети на своите најмили. 😊

„Со членовите од семејството скоро никогаш не зборувам за работата. По завршување на работно време, на повици поврзани со работата одговарам со порака, избегнувам разговори. Во ситуации кога имам некои случувања на работа што ми предизвикуваат стрес, веднаш по доаѓањето дома, го информирам семејството дека сум имала напорен ден и во тие ситуации си земам некое време за одмор во тишина. Меѓутоа, пешачењето кон работата и назад кон дома, за мене е време кога се преместувам од една во друга реалност”.

Нејзините најголеми предизвици со коишто се соочила како професионалец се одржувањето баланс помеѓу професијата и семејството, кратките рокови и динамиката меѓу професионалните и семејните обврски. 

Преоптовареност во еден од сегментите, автоматски води кон помала присутност во другиот сегмент, смета Драгица. А решението го гледа во скратено работно време за мајки и татковци на деца до 3 годишна возраст, и можност за работа од дома, посебно во денови кога децата имаат здравствени проблеми. 💡

„Компаниите треба да понудат разбирање и емпатија кон своите колеги родители. Да им овозможат флексибилно работно време што тие ќе го користат согласно потребите и обврските со децата”.

Друг предизвик што го искусила како Working Mom е следниот:

„Тоа беше периодот кога мојата помала ќерка одбиваше да оди во градинка, а во тоа време поминував низ развод и добив унапредување на работното место. Да се соочам со предизвиците на личен и професионален план и да ја организирам грижата околу неа, но и околу другата ќерка во смисла на справување со емоционалниот стрес низ кој што поминавме, за мене дефинитивно беше и повеќе од предизвик”.

За среќа, Драгица има силен систем на поддршка – нејзиното семејството, а особено мајка ѝ и сопругот. ❤️

Бидејќи работи 2 работи, како Менаџер и Психотерапевт, позиции што бараат 100% фокусираност, таа вели дека добрата организација и помош од најблиските се клучни.

„Кога имам грижа на совест што не сум можела да им се посветам на децата, се извинувам и јасно им кажувам дека ми недостасуваат. Со оглед на тоа дека работам две работи, ми треба добра организација и помош. Тие две нешта ми ја олеснуваат грижата на совест. Исто така, секој ден поминувам време со децата, заедно и поединечно, кога разговараме за денот и сè што се случувало, па макар и пред спиење. Денови кога нема да го имам тоа време со децата, тогаш грижата на совест е најголема”.

Визуелизацијата на приоритети и цели е алатката со која што Драгица успева да постигне сè во сите области што го бараат нејзиното внимание. 📅

„Користам планер во кој што си запишувам свои годишни и месечни цели. Во неделите или понеделникот наутро, креирам свој неделен план. Но, најголем дел од приоритетите ги менаџирам во својата глава. Визуелизирам што е најважно и најитно и си го замислувам како задача која веќе ја извршувам. Ако станува збор за домашна обврска, си замислувам слика како тоа го правам, кога и со кого. Накратко, си правам мали подвижни слики за приоритетните задачи. Сите тактики се базираат на добар план. Првенствено користам планер и дневен распоред, каде што задачите и обврските ми се евидентирани по време. За утрешниот ден се подготвувам од навечер, така што гледам од планерот кои обврски или таскови ги имам за утредента и додека ја извршувам својата вечерна рутина во главата си го визуелизирам денот, односно си замислувам како ќе се одвиваат активностите. Кога ќе дојдам на работното место, ги сработувам најважните и најитните обврски, потоа обврските кои ми одземаат повеќе време и за крај ги оставам најмалку обврските кои бараат помал напор”.

Ресурси што Драгица ги препорачува како корисни за родителите се следниве:

✅ Книгите од Најџел Лата, Изабел Фијиоза, Јаспер Јул

✅ Подкастите  „Moj prvi roditeljski podkast sa Sarom” и „Mamazjanija”

✅ Експертскиот центар за родителство и развој на родителски програми

„Working Mom платформата помага во сознанието дека не сме сами. Тоа сознание дека и другите родители имаат слични предизвици, имаат грижа на совест или менаџираат со своите приоритети е олеснително. Некако како да се намалува притисокот да бидеме совршени родители и професионалци”. 🦸‍♀️

Ако треба да даде еден совет до сите родители, еве што би им рекла: