„Денес е 1ви Ноември, 2024 година. Породилното отсуство само што ми започна. Последна дата за породување ми е 30ти, така да имам речиси цел месец да се едуцирам, читам, одморам и да се подготвам за доаѓањето на моето прво дете. Цела бременост ми течеше во најдобар ред и на моја среќа така беше и до самиот крај. Научив сè што сметав дека е потребно, купив сè што ме советуваа дека ќе ми треба и спокојно го дочекав раѓањето на мојот син.”
Така некако си ја замислував мојата приказна. Но судбината имаше друг план…
На 8ми Ноември по “грешка” завршив на Патолошко одделение. Опкружена со трудници со сериозни здравствени проблеми, желбата за учење ми се изгуби (тие што се биле таму, верувам дека ќе ме разберат).
Деновитe ми минуваа надевајќи се дека можеби денес ќе ме пуштат да си одам дома и да си се одморам како што треба, бидејќи реално ништо не ми беше. За жал не беше така.
Меѓу многуте работи за кои не се подготвив, доењето ми беше најголемото изненадување. Искрено, мислев дека тоа е најприродната работа на светот, дека телото само ќе знае. Но не знаеше, ниту моето, ниту телото на бебето. Почетокот беше болен, збунувачки. Многу пати се прашував дали да се откажам.
И токму тука влегува тој – мојот сопруг.
Тој не можеше да дои, но можеше да истражува, да чита, да прашува, да ме смирува, да верува кога јас веќе не можев. Тој не дозволи да се откажеме.
Помина денови и ноќи откривајќи сè што може да се знае за доење, техники, положби, болки, митови и малку познати факти.
8 месеци подоцна, од бебе кое врескаше штом ќе го приближам до градите, сега имаме бебе кое е заљубено во доењето и одлично напредува. 👩🍼
Овој текст што ќе го прочитате подолу не се мои зборови, туку негови. Тој е пример за вистински working dad – татко кој и покрај работата, беше тука, истражуваше, ме поддржуваше и помогна да не се откажеме.
Текстот е дел од документ што го подготвивме за наши пријатели кои допрва стануваат родители.
Одлучив да го споделам и тука, бидејќи верувам дека ќе им помогне на многу мајки и на многу татковци кои бараат начин како да бидат поддршка.
НАПОМЕНА: Оваа секција е наменета за тие на кои што им е од големо значење бебето да биде на мајчино млеко. Ви посакувам да бидете една од мајките кои ќе имаат доволно млеко од самото раѓање, па да не ви биде потребна ни една од овие информации.
Сите спомнати предлози се со цел да евентуално бебето биде на мајчино млеко и во случаи кога на почетокот не е.
Прво, не постои мајка која нема доволно млеко за да го нахрани своето бебе, освен ако во позадина постои некое хронично заболување или хормонско пореметување.
Но, има случаеви каде тоа доаѓа подоцна/побавно и затоа е многу важно да бидете подготвени и информирани за стадиумите низ кои поминува новороденчето и мајчиното тело – од моментот на раѓањето, па се до воспоставување на добра рутина за хранење.
Постојат многу информации околу тоа на интернет, ама сепак ви ја препорачувам Јасна Апостолски – Николов, како за почеток може да ја погледнете нејзината бесплатната онлајн обука организирана од DM, а најдобро да учествувате на една од нејзините обуки пред бебето да биде родено:
https://www.youtube.com/watch?v=lUrdTRhPfvo&ab_channel=dm-drogeriemarktMakedonija
https://www.youtube.com/watch?v=lsEayS-DlBE&ab_channel=LALactation%2CLLC
Во моментот кога бебето ќе се роди, контактот со мајката и ставањето на бебето на града е од голема важност и важи за еден од најбитните моменти кои ќе одлучат каква ќе биде вашата приказна околу доењето.
Доколку мајката нема доволно млеко за бебето да биде нахрането првите неколку денови додека е во болницата, пожелно е да се избегнува дохрана со шише за да не дојде до момент на nipple confusion и на бебето природна појава да му биде силиконот наместо допирот со мајката.
Доколку се најдете во таква ситуација, постои шанса да бидете изложени на предизвикот да работите на одвикнување на бебето од шише и да се врати пак на доење, кој и не е така едноставен заради комплексноста на комуникацијата помеѓу бебето и мајката на тема побарувачка – понуда, поготово во првите неколку недели, мајчиното тело произведува толку млеко колку што му е потребно на бебето.
Ако бебето од самиот почеток се оттргне од доење, се нарушува балансот помеѓу тоа колку на бебето му треба мајчино млеко и колку мајката произведува.
Тоа може да предизвика или недостаток на млеко или прекумерено производство на млеко (ако се почне со користење на електрична пумпа за да се одржува производството на млеко) кое исто така може да претставува проблем кој придонесува кон други компликации, како на пример голтање премногу воздух за време на доењето кое може да доведе до грчеви, рефлукс, итн.
Доаѓањето дома значи изложување на бебето на сосема нова средина и првите денови (особено ноќи) знаат да бидат тешки. Постојат новороденчиња кои веќе имаат воспоставено разредени подои, но исто така и такви што имаат и до 18 подои во еден ден до првиот скок во развој кој се случува после 7-10 дена од раѓањето.
Во тој случај, надежта дека уште првите вечери бебето ќе може да спие само во креветче треба да биде оставена на страна. Всушност, најверојатно бебето ќе спие со или до мајката.
Во најлошо сценарио, ќе се буди на секои 20–30 минути за јадење. Тоа не значи дека мајката нема доволно млеко да го нахрани бебето, туку дека желудникот на новороденчето во првата недела може да собере само од 2 до 8 милилитри.
Поради тоа, посегнувањето по адаптирано млеко мислејќи дека бебето е гладно, најчесто не го решава проблемот со плачењето или будењето. Прејадено бебе е исто толку вознемирено колку и гладно бебе.
Еден знак според кој може да се ориентирате е, доколку бебето се буди, плаче, го ставате на града и се смирува и заспива, големи се шансите дека нема потреба од дохрана.
Сето ова е на база на наше искуство, така што, доколку сепак имате двоумици дали бебето е нахрането или не, најдобро да се консултирате со вашиот педијатар за стручно мислење (иако педијатрите и не се баш нај упатени околу доење, ама можат да ви кажат дали бебето доволно напредува).
Покрај се, сега не е време за инает и воспоставување навики и едно е најбитно – always feed your baby.
(препорака од стручно лице)
Врзан јазик или врзани усни претставува нецелосно одделување на јазикот од долното непце, и истото може да предизвика потешкотии при движењето на јазикот кај бебето и да доведе до проблеми при цицањето.
Некои случаеви на врзан јазик се ептен очигледни а некои не, и истите тие не предизвикуваат огромни потешкотии, но сепак го отежнуваат доењето. Исто така голем број педијатри кај нас не обраќаат внимание на вакви детали, така да останува на ваша одговорност да проверите.
Доколку имате сомнеж дека постои проблем да побарате конкретна помош од вашиот педијатар или евентуално лактациски консултант. Имате многу информации/слики на интернет кои може да ве насочат како да пробате сами да го идентификувате овој проблем.
Бебињата со рефлукс немаат проблем со цицање, но имаат проблем со целосни подои поради тоа што после мала количина млеко им се појавувааат симптоми на рефлукс кој им прави дискофорт и овде престанува хранењето.
За ова не постои реално решение без медикаменти (кои ние сакавме да ги избегнеме по секоја цена) и треба да помине време за проблемот сам по себе да се реши.
Некои совети што може да помогнат е поисправено позиционирање на бебето при сите подои и без притисок на стомакот и држење на бебето исправено барем 15 минути после доење.
Доколку заради некоја од многуте причини бебето голта премногу воздух при доењето болките се појавуваат за време на доењето, и истите предизвикуваат бебето да го поврзува доењето со болка и да се пушта многу често.
За да го решите овој проблем, морате да го најдете позадинската причина, а ги има многу.
Најевтини пумпи за измолзување се рачните, но доколку треба рачно да го правите тоа на секој неуспешен подој, брзо ќе се откажете и најверојатно бебето ќе премине на адаптирано млеко. Затоа најдобро е да се инвестира во двојна електрична пумпа така што барем малку ќе си ја олесните работата.
Кога станува збор за тоа која пумпа е најдобра, од познатите брендови како Medela, Philips, Spectra сите се добри, но ниедна од пумпите за домашна употреба нема да биде на ниво на hospital grade pumps, кои што се скапи да се купат, но може да се изнајмат на одреден период, кај нас единствена таква за изнајмување е оваа:
https://bimek.com.mk/product/symphony-%d0%b1%d0%be%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%b4%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%83%d0%bc%d0%bf%d0%b0/
Избирањето на идеалното шише за вашето бебе е невозможна мисија, ама постојат неколку препораки кои може да се следат за да се избегнат проблеми со голтање премногу воздух, што може да предизвика доста проблеми.
https://www.youtube.com/shorts/Jbd8-7XgwwA
Една исто битна работа околу користење на шишиња кај доенчиња е да се користи slow flow nipple. Ние до 5 месеци користевме цуцла што се користи за хранење бебиња што се родени пред време. The bottle should be less rewarding than the breast!
Бидејќи ние не бевме доволно упатени за предностите околу шишињата користевме Philips Avent Natural Response 0+, кое ако би се навратиле назад најверојатно не би го избрале, и би пробале со Lansinoh.
Now that you’ve picked a bottle, многу е битно да знаете како треба да го нахраните бебето така што ќе биде што приближно до доење, а тоа е користејќи техника што се вика paced bottle feeding, за која што има многу примери, пример:
https://www.youtube.com/playlist?list=PLw1dv6JxaOZ5BRxHBotAC1TOQAnPK5aWE
Постои уште еден начин кој може да симулира доење, така што со тек на времето може да помогне да се воспостави доволно колични на млеко и да се продолжи само со доење.
Има измешани мислења за успешността на овој продукт и истиот не е тестиран од наша страна.
https://bimek.com.mk/product/%d1%81%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%88-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b5%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be/
Уште неколку корисни линкови за крај:
https://kellymom.com/
https://lalactation.com/
https://llli.org/breastfeeding-info/
Ко-автор: Зорица Галева
© 2023 Created with love