Верувам дека секоја од нас, барем еднаш, ќе го слушне она добронамерно: 👇
„Супер ти е тука, седи си… те знаат, си напредуваш, уживај си! Што ќе ти е сега сè од почеток? Не си баш во цвет на младоста! Ќе треба пак да се докажуваш, за сè да објаснуваш – боледувања, излегувања, ова-она… ваму си лабава, ќе си се одмараш на работа!“
Кога се роди Хана, се родив и новата ЈАС! Од една страна повеќе емотивна, полна со некои нови стравови (за кои претходно сум се чудела дека постојат), а од друга страна силна да понесам цела куќа на грб со 2 часа сон.
Верувам многу од мајките се соочуваат со новите ЈАС. Но, балансирајќи во секојдневието помеѓу мајчинските обврски, домашните обврски и сè она што е надвор од прагот, се согласуваме на она “доволното” кога станува збор за работа и кариера, со цел барем на тоа поле да сме си “сигурни во себе “ бидејќи сè друго се мeнува! 💯
ДА – се менува! Станува потешко, повозбудливо, ненаспано, но исполнето, ама едно е сигурно – ПОСРЕЌНО!
При самиот крај на моето породилно отсуство, добив понуда за ново работно место во нова компанија. Буквално сè ми беше ново, но беше баш она каде сум се замислувала дека ќе бидам кога се гледав себеси како мајка – ЕВН Македонија.
Ми понудија позиција како IT Controller – мојот dream job – микс од ИТ индустрија и финансии.
И одеднаш ладна пот, како баш сега?! Со 8 месечно бебе, со план за јасли и сите вируси што доаѓаат во пакет со тој план. На тоа додади микс од хормони и постпородилни “roller coasteri.”
Е тука доаѓа нешто многу важно што сакам да го истакнам: На секоја мајка и треба МАЈКА токму во овие ситуации!
За жал, не секои ја имаат, но мора некој да ја превземе таа улога на безрезервна поддршка, партнер, сестра/брат, комшика, било кој! Некој што на мајката што дала живот – ќе ѝ “врати” живот.
Возбудата и одлучноста на мојата мајка во тој момент беше поголема од мојата. Таа ја виде мојата желба и огромен страв кога не знаев ни да се израдувам човечки на оваа вест.
Па така, поддршката од мојот сопруг, родителите и семејството ме охрабрија – “НОРМАЛНО дека ќе прифатиш” и ќе се радуваш – ние сме тука ќе помагаме кој колку и кога може, а ти ќе одиш и ќе се враќаш среќна! Така и во суштина беше, Ханчи пречекува дома среќна мајка! 👩🍼
Процесот на транзиција беше преполн со предзвици, трема од секаков тип, страв од новите системи, платформи, интерни политики и правила, околина и сè она што е дел од работата. Но, на крајот од денот се враќате дома исполнети во својата сигурна зона каде ве чека вашето сè, а задоволството од работа е токму тоа што ви дава нова доза на гориво за преостанатиот дел во денот.
Огромна благодарност сакам да изразам кон Електродистрибуција и ЕВН Македонија за начинот на кој се однесуваат со нововработени, ОСОБЕНО со младите мајки.
Мајките доилки имаат време во денот кога тие ќе одлучат да појдат да го подојат бебето, флексибилното работно време и можноста да работиш од дома едноставно ти дава ширина во делот на времето кога сакаш да отпочнеш со работата и кога ќе ја завршиш – тоа е особено значајно при отпочнување на адаптација во градинка или примопредавање со баба.
ДА – ќе постојат секогаш стравови од прифаќање од средината, од презентации од она дали сте ги исполниле очекувањата и сите останати секојдневни предизвици кои ги носи секоја работа, но ЕЈ што е тоа што една мајка не може?! 😉
Затоа мајки, не се плашете! Раширете ги слободно рацете прегрнете ги силно сите нови предизвици кои најпрво ВАС ќе ве направат среќна.
На крајот, Вашата среќа значи среќа за вашите најмили дома! Силата на една мајка да донесе на овој свет нов живот е неопислива наспроти сите стравови кои доаѓаат во пресрет. А среќните очиња кои ве гледаат со љубов и сигурност пред спиење ќе бидат вашето гориво за секое ново утро!
Да, мајките навистина можат сè! 💪
Автор: Јасна Омерагиќ – Шкријељ
© 2023 Created with love