Буба Атанасовска Велјаноски која што работи како Контент & Маркетинг Менаџер е доказ за тоа дека раѓањето дете нема да го запре твојот кариерен напредок, туку само ќе го забрза, бидејќи ќе ти даде сила да целиш кон подобро и ќе ти ги смени приоритетите засекогаш. 💪
Кога таа станала мајка, сфатила дека мора поуспешно да си го менаџира своето време и да остави некои работи за утре/задутре, со цел да се заштити себеси. Затоа креирала и свој „план на акција”.
„Откако ќе добиете дете, вашата меморија си заминува некаде на некој пуст остров и никогаш повторно нема да се видите. 😅 Затоа, најважно е да имате план. „План на акција” како што си го нарекувам јас. Во тој план си наведувам листа од активности според приоритетите. На почеток, наивно влегов во мајчинството поставувајќи си превисоки и невозможни цели. Мислев дека можам сè. Мислев дека сум истата девојка што бев пред да бидам мајка, да работам по 12 часа на ден, да шетам, да се дружам, да вежбам и да имам бебе. Не оди тоа така. Затоа секогаш имам листа од активности коишто треба да ги направам на дневно и месечно ниво, потсетници, аларми и слично”.
Мајчинството ѝ помогнало да ја пушти илузијата дека може сè и дека мора да биде успешна во сè. Сепак, тоа не ја спречило да преземе нови кариерни предизвици и да му овозможи на своето дете посветла иднина и подобри услови за живот.
„Балансот помеѓу мајчинството и кариерата е можеби најтешкиот дел од привилегијата да се биде жена. Јас сум личност на којашто кариерата ѝ е многу важна. Пред да станам мајка, сите ми велеа дека мајчинството ќе ме промени суштински, дека работата веќе нема да ми биде толку важна. Колку е погрешно да се слушаат непобарани совети. Не е точно дека работата веќе не ми е толку важна. Работата е извор на мојата креативна енергија, на мојата суштина како индивидуа, на мојот приход. Да не ја работев оваа работа, најверојатно немаше да бидам среќна личност, а ниедно дете не заслужува несреќна и незадоволна мајка. Сега, како мајка имам уште повеќе сила за преземање на нови кариерни предизвици и задачи. Прв пример за тоа е моментот кога се вратив од породилно отсуство и ја преземав улогата на контент и маркетинг менаџер. Пред тоа бев копирајтер. Сакав син ми да се гордее со мене. Да можам да му обезбедам посветла иднина и подобри услови од оние во кои јас растев. Да се биде успешна деловна жена и успешна и среќна мајка не се исклучуваат едни со други. Напротив, заемно се надополнуваат. Единствено мораме да ја пуштиме илузијата дека можеме сè и дека мораме да бидеме успешни во сè. Не е така. Малите чекори водат до вистинската тајна на успехот”. 👣
Ако би можела да промени нешто во своето досегашно искуство како working mom е да не се труди толку за да ги исполни општествените очекувања.
„Мајката знае што е најдобро за нејзиното дете и само ние жените знаеме со колку притисоци се носиме на секојдневно ниво. Милион обврски на работа, обврски околу домаќинството и домот, околу сопругот и детето. И со сето тоа се носиме со насмевка, со 2 часа сон, а некогаш ни толку”.
Чувствата на вина или грижа кога се заглавува на работа, се неизбежен дел од секоја менаџерска позиција.
„Морам да признаам дека сè уште се учам како да се справувам со оваа чувство. Мојата работа понекогаш подразбира состаноци доцна попладне бидејќи работиме со клиенти од различни временски зони. Но, се трудам да компензирам за тоа. По завршувањето на работните обврски, сето внимание му го посветувам на моето синче, се гушкаме, повеќе шетаме и играме за време на викендот”.
Од сите професионални и приватни обврски, минувањето на квалитетно време и градењето на позитивна врска со својот син се на врвот на нејзината листа на приоритети.
„Бидејќи работам како Контент и Маркетинг Менаџер, секогаш ги советувам моите клиенти дека врската што ја градат со нивните потенцијални клиенти/купувачи е најважна. Се трудам овој совет да го применам и во својот професионален и личен живот. Надвор од работни обврски, секој миг го поминувам со моето дете, трудејќи се притоа и да не се запоставам себеси и моите пријателки. Мајка сум, да, и тоа е мојата најважна и најтешка улога, ама исто така сум и сопруга, пријателка, сестра, ќерка, колешка и пред сè личност со интереси, желби и потреби за свое сопствено време. Затоа е од суштинска важност да се приоретизираат обврските, да се има добра поделба на истите со партнерот и да не се грижиме толку за некои неважни работи. Не мора да ни е секогаш чисто дома. Не мора секој ден да се готви дома. Вашето ментално здравје и среќа е најважна. А, знаете како велат, нели – среќна мајка = среќно дете”. 👶
Како што ти расте детето не станува полесно, туку ти стануваш посилна, особено кога детето ќе се разболи – вели Буба.
„Предизвиците во наоѓањето баланс како успешен менаџер и мајка растат со растењето на нашите деца и растењето на нашата работна позиција. Јас секогаш им го велам ова на мајките со помали деца кои ме прашуваат дали како што расте детето нештата стануваат полесни. Жалам што ќе ве разочарам: Не станува полесно, ТИ стануваш ПОСИЛНА! Се учиш да се носиш со сите одговорности и предизвици што ти ги носи мајчинството и работата. Се учиш да функционираш речиси и без сон. Се учиш да правиш 10 работи истовремено. Се учиш да ги игнорираш “добронамерните совети”. Еден од најголемите предизвици со коишто јас се имам соочено како прилично новопечена мајка е земањето многу отсуства од работа кога детето ќе се разболи. Сите мајки чии што деца одат во градинка знаат дека после 3 дена одење во градинка – детето е болно. А кога мало дете/бебе е болно е страшно. Цело време плаче и најлошо од сè – не може да ти каже што му е за да му помогнеш. Правиш сè што можеш – даваш сирупи, електролити, па не јаде, не сака ни вода да пие, ти доаѓа да си излезеш од кожа, а не можеш – бидејќи, нели, мајка си. И мораш да земеш боледување. По две недели истото. Мораш на педијатар. Има некој нов осип, некој нов вирус. Кој не ако мајка да лета од доктор – па во лабораторија – со 10 ранци на тебе, количка од 15 килограми и бебе што вриска на цел глас. И уште еднаш голташ кнедла и пак бараш слободни денови. Јас имам среќа да работам во компанија каде што наидувам на разбирање од директорите за земањето слободни денови, посети на педијатар и слично. Но, познавам многу жени коишто не наидуваат на поддршка од страна на компаниите кадешто работат и дури се принудени да си дадат отказ само за да можат да се грижат за своето дете”.
Најголема поддршка е нејзиниот сопруг. ❤️
„Имам среќа да имам партнер којшто ми е поддршка во сè, кој има разбирање за моите желби и потреби и секогаш е тука за да ми земе дел од ‘товарот.’ Бидејќи ме познава и ја знае мојата потреба секогаш да имам сè под контрола, знае кога треба да ме забави и да ми каже дека не морам се. Дека сè е океј”.
Буба им препорачува на сите идни мајки да го посетат Здраво Бебе – Центарот за мајки и деца, место каде што идните и новопечени мајки можат да добијат целосна поддршка и комплетна едукација.
„Совршена идеја и реализација на прекрасната Јасна Апостолски Николов – сертифициран лактациски консултант со којашто соработував во текот на целата моја доенечка приказна. Една силна жена, мајка, борец, којашто ги разбира новите мајки и несебично им пружа поддршка и едукација низ целиот процес на доење, грижа за новороденчето и за мајката. Во почетокот кога станав мајка и кога одев низ сите задолжителни прегледи за себе и за бебето, никогаш (на мое големо изненадување) никој не ме праша мене како сум. Сите прашуваа за Петар. Дали цица, дали спие, дали плаче. Јасна беше првата што ме праша. Други едукативни портали за родителство коишто ги следам се Деца.мк, но морам да признаам дека не сакам толку да се потпирам на стручна литература, туку се водам по инстинкт. Кога си мајка едноставно знаеш што му треба на твоето дете”. 💡
Живееме во општество во кое се става огромен притисок на мајката, бидејќи од првиот миг кога стануваме мајки, сме нападнати од сите страни со илјадници осудувачки коментари, објаснува Буба.
„Зошто не цица?”
„Зошто даваш формула?”
„Бебето не напредува доволно!”
„Дали зборува?”
„Зошто уште не е проодено, можеби треба да одиш на ортопед?!”
„Зошто не се средуваш?”
„Ако се средиш, не се посветуваш доволно на бебето, од каде ти време да се средиш?! Ако таткото го чува бебето, ти каква мајка си, зар татко да го чува?! Ако излезеш со другарки, кој ти го чува бебето? Ако имаш вишок килограми, си се ‘запустила’ и воопшто не водиш грижа за себе. Можам да продолжам до бесконечност. На вакви осудувачки коментари наидував и од тотални странци, но и од блиски луѓе и жалам што дозволував на почетокот толку да ми влијаат и да ми се разниша менталното здравје. Не, не е грев ако ти спиеш, а таткото стане да го успие бебето. И таткото му е родител. Не е грев ни ако го оставиш да поплаче бебето малце. Не си себична ако сакаш време за себе. Си требаш на себеси. Од празна чаша тоа бебе не може да пие. Мораш да си долеваш љубов, грижа и разбирање за себе секојдневно. Мораш да спиеш. Океј и да плачеш и да викаш и да посакуваш едноставно да го дадеш бебето некаде 3 дена за да одмориш. Тоа не значи дека си лоша мајка и дека не го сакаш. Значи дека си преморена и дека си живо битие со желби и потреби. Можам да продолжам да пишувам со денови и пак нема доволно да го доловам притисокот и осудите со коишто ние мајките мораме секојдневно да се носиме. Затоа бев пресреќна кога видов дека Данче дошлa до ваква генијална идеја да создаде едно ‘ќоше’ за нас мајките и жени на коишто воопшто не ни е лесно. Сега конечно имаме наше место каде што ќе можеме да зборуваме отворено за предизвиците коишто ги носат мајчинството и работата”.
За 10 години од сега, се гледа себеси како среќа и поодморена жена.😊
„На прашањето што сакаш да бидеш за Х години од сега, секогаш одговарам дека сакам да бидам среќна. Никогаш не правам долгорочни планови, бидејќи сметам дека сè што сакаме веќе го имаме и само прашање на време е кога ќе се ослободиме од енергетските блокади што си ги поставуваме, за желбите да ни се манифестираат во реалноста. Универзумот има совршен план за секој од нас и треба само да се опуштиме и да веруваме во тајмингот на нашиот живот”. 🚀
Најдобриот совет што би го дала на сите идни мајки е следниов:
© 2023 Created with love