Working Mom на Неделата: Анастасија Дојчиновска

Анастасија Дојчиновска не е традиционална мајка. Taa e личност што изобилува со страст и желба за живот и затоа со право е голема инспирација за своите деца, но за и целото свое опкружување. ✨

Таа за себе вели дека е чист пример дека бременоста и децата воопшто не мора да значат пречка во кариерата, туку дополнителен поттик за да го дадеш својот максимум на секое поле.

Анастасија-Дојчиновска

Како просперитетен Маркетинг Менаџер, таа вели дека за да останеш на врвот во својата индустрија, постојано треба да вложуваш во себе.

„Ретко сум добивала кариерни совети. Сама сум учела и најчесто јас сум ги давала советите. Најдобар кариерен совет што можам јас да го дадам е дека секогаш има можност за учење и напредок, особено во индустрија што се менува. За да сме најдобри во она што го работиме, треба секојдневно да вложуваме во едукација и да успееме да го согледаме проблемот објективно и од повеќе страни”.

Нејзиниот најголем адут да биде успешна на сите полиња што го бараат нејзиното внимание, како на работа, така и дома – е добрата организација на време со помош на традиционални и модерни алатки. 🎯

„Тајната е дефинитивно во организацијата на време. Ставање приоритет на обврските што морам да ги извршам јас и прифаќање на помош за тоа што може да го изврши некој друг. Со оглед на тоа дека работата ми вклучува компјутер, неколку алатки за организација на време и задачи што ги користам се Trello, Asana, Naratto, notes, reminders, post it. Морам да признаам дека сум ептен old-fashioned, па сакам да користам тефтери, планери и организери што не се електронски, туку баш да можам да напишам во нив нешто рачно со пенкало. Кога не работам, секој слободен момент го минувам со децата и сум максимално посветена на нив. Но, морам да признаам дека секогаш има жртва и некој аспект од животот знае да страда. Кај мене тоа е најчесто социјалниот живот, кој е во последен план бидејќи фамилијата и кариерата ми се во предност”. 

Таа вели дека недостигот на социјален живот поради работењето remote си го зема својот данок. 👀

„Би сакала да имам опција за работа од канцеларија со тим, барем 1 ден во неделата. Веќе 7 години работам remote и иако тоа ми дава многу голема слобода да работам од дома и да сум присутна за моите деца, сепак, некогаш ми фалат колеги кои ќе ги гледам во живо, а не на Google Meet”. 

Но, добрата страна на работењето од дома е можноста да поминуваш повеќе време со своите најмили. 🤸‍♀️

„Некогаш работата е приоритет, а некогаш децата. Гледам кога работам да биде фокусирано и да не губам време. Истото важи и за времето поминато со децата. Кога сум со децата, гледам активно да им се посветам, да бидам со нив, да играме игри, да учиме заедно, да се гушкаме, а не да гледаме телевизија. Заглавувам на работа само доколку е потребно и потоа не чувствувам вина или грижа на совест. Времето што сум го изгубила, го надополнувам квалитетно со моето семејство уште следниот ден”. 

Секој нејзин ден е предизвик сам по себе и трка со времето да ги заврши сите обврски што ги има како мајка, жена, сопруга и маркетинг менаџер. 

„Листата на работи што треба да се завршат во текот на денот некогаш е навистина огромна. Но, важно ми е секогаш да легнам да спијам со чиста душа дека сум поминала време со децата. Тоа значи дека домашните обврски најчесто ги одложувам за време на викенд”.

Нејзината најголема поддршка е нејзиниот сопруг. ❤️

„Сметам дека без неговата поддршка и совети не би била на толку високо ниво во мојата кариера како што сум денес. Секогаш бил тука за мене на секој начин. Јавно му се заблагодарувам за тоа”. 

Таа ги препорачува книгите на Габор Мате како одлични ресурси за секој родител.

„Лично доста ме интересира детска психологија, бидејќи сметам дека секој од нас треба да се едуцира за начините на коишто ги воспитуваме децата – тие се иднината и нешто што ќе остане. Затоа, ги препорачувам книгите на Габор Мате како начин на разбирање на себеси и минимизирање на негативните моменти што им ги пренесуваме на децата. Сметам и дека навистина фалат вакви едукативни содржини како платформата Working Mom што ќе ги охрабрат и ќе им помогнат на жените да работат и да бидат мајки истовремено. Го поддржувам твојот блог!”. 🫴 

А најдобриот совет што Анастасија би го дала на сите идни мајки е следниов: 

Анастасија-Дојчиновска