Working Mom На Неделата: Ана Гакидев

Кога за прв пат стануваш родител, сфаќаш дека организацијата на времето е најголем предизвик. Кога имаш 4 деца, менаџирањето веќе добива друга димензија и предизвикот добива стероиди. 

Ана Гакидев ни е феноменален пример за тоа дека децата не мора да значат кочница во кариерата, туку баш напротив, потврдува дека со секое дете се добива дополнителна сила, желба и мотивација за кариерен раст и развој. 🚀

ana-gakidev

Таа ни доловува што значи да се организираш за да бидеш посветена мајка на 4 деца од 8 месеци до 8 години, кога време секогаш фали, но и бидеш еден од најдобрите Project Manager – Scrum Master во земјава.

Во нашево општество, до скоро, мајндсетот беше – работи и докажи се додека немаш деца, после тоа ќе биде потешко. Ни велеа дека ќе немаме можност, време, фокус, флексибилност за поголеми кариерни достигнувања. За среќа, тој мајднсет се менува и ние поновите генерации можеме да го докажеме токму спротивното. Во мојот пример, со секое дете добивав дополнителна сила, желба и мотивација за раст и развој во кариерата. По природа сум многу амбициозна, преземам ризици и сакам да се пробам во сфери во кои не сум комплетно компетентна на почеток, меѓутоа со желба да научам и да се докажам. Кога би можела да дадам совет до сите идни и веќе реализирани мајки, тоа би било да го живеат својот кариерен сон и да бидат истрајни во реализирање на зацртаната цел. Децата не се пречка, туку мотивација и двигател на тоа што сакаме да бидеме, за самите себе и за нив. 

Ана вели дека доколку човек се научи на новото нормално со 4 деца покрај себе и доколку тоа го прифати, многу лесно може да се постигне баланс.

Да се биде мајка на 4 деца бара голема организираност, бидејќи време секогаш фали, па затоа, најважно е добро да се организира. Времето за себе е најтешко да се најде, особено кога децата се мали и во раст. Обично велат, ајде да поминат првите 2-3 години (како најтешки), па после е полесно. Во мојот случај, првите 2-3 години траат веќе 8 години. 😅 Во 90% од времето за себе, секогаш има барем едно од децата со мене. 

Мотото според кое Ана се води е: „За успех е потребен тим, како во рамки на работното место, така и дома”.

Кога тимот дома е среќен, организиран и здрав, тогаш, остатокот од енергијата и времето ми се посветени на кариерата. Кога во тимот постои поддршка, има и мотивација. А кога човек е мотивиран, тогаш е успешен во секое поле, дали е тоа дома или на работа.

Работењето од дома вели дека е најдоброто нешто што ѝ се случило, бидејќи времето наменето за да патува до работа и назад го посветила за себе и за унапредување на својата кариера. 🙌

Кога бев нова мајка, најголем стрес ми беше да најдам баланс помеѓу работата и мајчинството. Мислев дека никој не знае да се грижи за моето бебе како мене и дека освен јас, не постои друг што може да го прави тоа. Од друга страна, како професионалец со голема работна етика и одговорност кон моите клиенти, тешко ми беше да го најдам балансот. Честопати се наоѓав во ситуација да сум ни ваму ни таму, ни дома ни на работа. Remote work е најдоброто нешто што ми се случи во кариерата/животот, пред од прилика 3 години. Времето поминато во кола на пат до работа и назад, го заменив со време за себе и време за надградба на кариерата. Резултатите веднаш се забележаа и на приватно и на професионално поле. Можноста за remote work беше позитивната промена што ми требаше на мене и на семејството. Бенефитите и флексибилноста ги уживаме сите.

Како и секоја мајка, и Ана постојано е во трка со времето и со минутите за да стигне навреме да ги земе децата од градинка или да се врати дома. Со текот на времето таа научила одлично да ги делегира работите што не секогаш зависат од нејзе. 👀

Само со делегирање на обврските може да се ослободиме од обврски што не мора секогаш ние да ги завршиме, а како резултат на тоа да добиеме на време. Секогаш морам да имам време за децата, некогаш и на сметка на работата (со време се учи балансот). Со текот на годините, сум научила дека на работа човек е заменлив, ама не и во домот. Поготово како мајка, енергијата и присутноста на мајката во домот се незаменливи и се рефлектираат на сите. Бидејки децата ми се од најразлични возрасти од 8 години до 8 месеци, секое си бара посебно внимание, секое има различни потреби и интереси. Предизвик е да се организира една активност во која би се вклучиле сите и која на сите би им била интересна. Секогаш се договараме и правиме компромис и прилагодување за да може сите заедно да уживаме во слободното време. Честопати знаеме и да ги оставиме помалите деца кај бабите, за јас и сопругот да поминеме време со поголемите во некои активности што се прикладни за нивната возраст. Многу често патуваме и така креираме искуства и спомени на кои се навраќаме и нè исполнуваат со позитивна енергија, смеа и поттик да го планираме следното патување. 

Нејзината најголема поддршка е сопругот, бидејќи и двајцата имаат изградено доста успешни кариери и секојдневно се справуваат со слични предизвици и обврски околу семејството. ❤️

Како дел од работата, имам и доста патувања во странство, кога треба да бидам отсутна по една до две недели. Како мајка, со мислите секогаш сум дома и со децата и тешко ми е да се исклучам од улогата иако не сум дома. Најголем предизвик ми е ја да направам таа промена и да се фокусирам, меѓутоа, тоа ми трае само првите два дена. Потоа, кога ќе дојдам дома, ми е тешко да се вратам во форма со секојдневните обврски. Меѓутоа, човек се навикнува, а со време и децата се прилагодуваат, па се си фаќа нормален тек.

За 10 години од сега, Ана се гледа себеси како горда мајка на две тинејџерки и двајца помали брат и сестра (кои сè уште ќе сакаат да одат на одмор со нив 🤭), со импозантна кариера како Agile Coach и многу повеќе време за себе и за сопругот.

Токму ова е најдобриот совет што би го дала на сите идни мајки: ⬇️

ana-gakidev